Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Од денеска ќе видиме како се размрдани дел екипи, иако турнирски почетоци не е некое посебно мерило ама нешто почетно ќе е.
 
Ајде да ја прогнозираме Супер Лигата, да видиме кој е најголем 'експерт'.

Ја сум неутрален фан на македонскиот ракомет, и пробав да бидам максимално објективен.

1.Вардар
2.Еурофарм Пелистер
3.Алкалоид
4.Охрид
5.Бутел
6.Струга
7.Еурофарм Пелистер 2
8.Тиквеш
9.Прилеп
10.Мулти Есенс
11.Младост Богданци
12.Куманово
(ова е мое мислење, се разбира можеби сум утнал скроз)

(кратко објаснување за некои од екипите)

1. Вардар има квалитетен состав и мислам дека ќе успееат да ја одбранат титулата

5. Бутел Скопје иако навистина битката за 5 и 6 место ќе биде пеколна и се е можно.

6. Струга според квалитетот на засилувањата дефинитивно на 6. Место, но сепак прашање е дали ќе се вклопат.

12. Куманово заедно со Мулти Есенс, и Младост Богданци ќе водат битка за опстанок.

Како и да биде сигурно не очекува најинтересната, најквалитетната сезона.

Ваше мислење?

Дајте вие ваша прогноза!
@Xsago ај ти дај една прогноза
 
Струга склопи доста солидна екипа и според мене дефинитивно ќе се вмеша во борба за плеј оф доколку се ок финансиски и нема проблеми со доцнење плати и повреди.
 
Гледам на една од арените најава за турнирот Крсте Андоновски од 18-22 август. Дали ова значи дека МРТ скроз отидоа капут на тема спорт и ќе глеаме на Арена суперлига? А и суперкупот и купот секако.
 
Гледам на една од арените најава за турнирот Крсте Андоновски од 18-22 август. Дали ова значи дека МРТ скроз отидоа капут на тема спорт и ќе глеаме на Арена суперлига? А и суперкупот и купот секако.

Во Министерството за спорт денеска беше презентиран новиот проект за промоција и популаризација на македонскиот спорт. Три национални спортски федерации – ракометната, кошаркарската и одбојкарската федерација на Македонија потпишаа договори за соработка со Македонската радио-телевизија (МРТ) со цел да се подигне квалитетот на македонските лиги во најмасовните спортови, но и генерално да се подигне нивото со поголема полуразирација на спортот.

Договорите на јавниот сервис со трите национални спортски федерации се однесува на проект кој ќе стартува од септември и треба да трае четири сезони.
Освен ако не го раскинале договорот, што нема и да е изненадување.
 
Вардар сигурно прв, Охрид сигурно втор, Пелистер и Алкалоид во битка за трето место на крај, мала предност давам на Пелистер ради искуство. По две последователни титули во Куп на ЕХФ, време е и за прво македонско финале таму, титулата нормално за Охрид. Идната година првите 2 екипи во ЛШ, трето и четвртопласираните ЛЕ. Другите се небитни.
 
Вардар сигурно прв, Охрид сигурно втор, Пелистер и Алкалоид во битка за трето место на крај, мала предност давам на Пелистер ради искуство. По две последователни титули во Куп на ЕХФ, време е и за прво македонско финале таму, титулата нормално за Охрид. Идната година првите 2 екипи во ЛШ, трето и четвртопласираните ЛЕ. Другите се небитни.
Alkaloid ke bide opasen nw go potcenuvaj. Mn neizvesno ke bide. Moe mislenje za vtoro Alkaloid I Ohrid, Pelister 4ti.
 
Шампионот ќе го решаваат голманите оваа година.
 
@Xsago ај ти дај една прогноза
Дојде време и за прогноза на сезоната :)

Мислам дека не очекува интересна сезона во суперлигата. Не сум сигурен дека лигата е појака од лани (мислам дека се кога ќе се стави на кантар тука е некаде на слично ниво), но има шанси да биде поинтересна.

Практично се издвојуваат 3 групи на екипи:

Големата 4ка во битка за титулата (Вардар, Пелистер, Охрид, Алкалоид). 6 екипи во битка за останатите 2 места во плејофот и можеби пласман во европски купови, последните сезони 5тиот добива вајлд карта за ЕХФ купот (Прилеп, Тиквеш, Бутел, Пелистер 2, Мулти Есенс и Струга), и 2 екипи кои ќе се борат да го избегнат "фенерот" кој гарантира испаѓање (Куманово и Младост Богданци).

Да одиме со ред:

Вардар - За разлика од лани, сега Вардар влегува со многу поголем притисок - брани титула и има тешки ЛШ натпревари (иако овој нов систем ќе биде полесен од тој аспект со оглед дека многу веројатно е Вардар по првата група да заврши во Европската Лига (ќе имаат веројатно само 6 ЛШ натпревари наспроти 14 како претходно). Од аспект на составот, мислам дека е покомплетен од лани со по најмалку 2 квалитетни играчи на секоја позиција, но не знам дали е појак севкупно. Хориха е заменет со Љевар, тоа мислам е големо уназадување без разлика што Љевар може да биде ок. Хориха едноставно заедно со Малус беа причината за титулата лани, незаменлив е од тој аспект. Идејата е тоа да биде надоместено со Абделхак кој ќе го менува Марчиниак на десен бек - ова е голем плус, Абеделхак мислам е прилично добар играч и личи дека супер ќе се вклопи во екипата. За Фадуил сум скептик дека ќе понуди значително повеќе од Боно/Кавада/Танкоски ама ајде да видиме. Имаат модерна игра со универзални бекови што ги прави веројатно фаворити во лигата, но маргините се многу тенки. Длабочина имаат, но во лига во која неколку натпревари одлучуваат длабочината некогаш не е пресудна (жив доказ е добрата сезона на Охрид лани иако практично имаа една постава). Малус - Жоао Педро - Абделхак + Лазаревски/Јанковски е клучот на сезоната. Мислам дека ќе функционираат добро, дали доволно добро за титула ќе видиме. Шанси за титула: 35%

Охрид - Слично како и Вардар, доста работеа летово на оформување на комплетна екипа. Сега дефинитивно имаат длабочина, имаат играчи на сите позиции (и Охрид како и Вардар беше доста лево доминантен, сега со Мате добија големо засилување на десен бек), но загубата на Јасухира и Реј можно е скапо да ги чини - сепак тие двајца беа клучот за титулата во ЕХФ купот и одличната пролетна сезона лани. Едниот во напад другиот во одбрана. Охрид е малку поинаку изграден од Вардар. Бек шутери на лев и десен бек кои играат во два правци и ниски брзи средни бекови кои треба да креираат. Клучот според мене е колку ќе изгради Ројевиќ компактна екипа во која сите го даваат максимумот. Лани беше лесно за Стрмљан, Иванковиќ и останатите да уживаат во играта која практично комплетно беше околу нив изградена. Сега има голем избор, но тоа значи и голема конкуренција и со самото тоа поголем притисок за евентуални грешки. Значајно е и Јошида како ќе се вклопи, не е Реј, но делува ветувачки засега, особено што има и други дефанзивци бекови на располагање Ројевиќ сега, не зависи се во одбрана од Реј-Иванковиќ како што беше лани. Охрид треба да се мониторираат и од аспект на зимскиот преоден рок. Ако имаат шанси, нема да ме изненади ако пак повлечат потег сличен на оној со Јасухира лани - зошто да не и самиот Јасухира по втор пат со оглед дека од идното лето секако доаѓа. Шанси за титула: 30%

Алкалоид - Според мене џокерот оваа сезона. Во Цехте и Борозан добија бек шутери кои играат во два правци - тоа што им недостигаше во дербијата кога играта ќе забавеше. Имаат шутери, имаат габарит за одбрана, имаат брзи плејмејкери, коректни крила, разработен систем на игра и хемија... Реално и поголема длабочина отколку што е потребна со оглед дека ЕХФ купот нема толку тешки натпревари - реално до четврфинале, малку е веројатно дека може да видат било каков отпор (истото важи и за Охрид). Доста ќе зависи од голманите - потенцијал тука недвојбено имаат, но дали имаат моментален квалитет и искуство за дерби мечеви ќе видиме. Клучот на сезоната за Алкалоид, па ќе се осмелам да кажам и за целата лига е во Марко Митев. Да не му ставам притисок, ама имаше време да се опорави од повредата минатата сезона и да врати форма. Постепено влегува во зрели играчки години. Време е да експлодира. А ако експлодира, мислам дека Алкалоид може до титула. Шанси за титула: 25%.

Пелистер - Веројатно најголема непознаница во големата 4ка сезонава. Несомнено се играчки ослабени во однос на минатата сезона (Хосни, Радивојевиќ, Тајник, Манасков...) - тоа беа клучни искусни играчи кои си заминаа. Заменети се со плејада на млади и/или недокажани играчи. Единствени кои имаат некакво искуство и перформанси зад себе се Серафимов и Колаковиќ - а и тие е прашање како ќе се вклопат во оваа средина (едниот цела кариера е во Автокоманда, другиот цела кариера во Франција). Згора на тоа тука е и Червар, огромно име, но реално непознаница што да очекуваме од него во 2026-2027ма. Очигледна е идејата да се состави тим од помлади играчи кои ќе гризат наспроти докажани ѕвезди. Червар обожава таква средина во која ќе биде потценет и ќе напаѓа од сенка. Но за да има резултати ќе мора некој од младите играчи да направи скок и да избие на површина. Не би типувал на Пелистер за титула оваа сезона (повеќе личи дека се во фаза на трансформација) но не би ги ни оптишал, сепак го имаат според мене најдобриот играч во лигата - Кузмановски, и тоа некогаш знае да е пресудно во клучни дерби дуели. Шанси за титула: 10%

Интересна ќе биде и битката за 5то место. Прилеп има интересна а и потеценета екипа, Струга неочекувано состави искусен состав, Бутел е секогаш тука некаде (иако мислам годинава се послаби од минатите сезони), Тиквеш исто очекувам да паднат до некаде, ама имаат костур од 3-4 играчи кои ги држат на солидно ниво. И тука се младите екипи на Пелистер и Алкалоид ("Двојката" и Мулти Есенс) кои исто имаат што да кажат одобено Пелистер 2, кој собра неколку млади, но за македонска лига релативно докажани играчи.

Храбра прогноза (макар што ништо не значи, мали се разликите во топ 4, многу ќе зависи од здравјето и среќата):
1. Алкалоид
2. Вардар
3. Охрид
4. Пелистер
--------------------------
5. Прилеп
6. Пелистер 2
7. Тиквеш
8. Бутел
9. Струга
10. Мулти Есенс
---------------------------
11. Куманово
12. Младост Богданци
 
Дефинитивно каде каде сме пред сите останати екипи од балканот

Пелистер го тепа Партизан 35-31 со само 9 играчи. Вардар сите редум ги реши, Тримо Требње и Нексе, го смачка Олимпијакос со 39-27 и рутински со Војводина / 36-30! А за Охрид да не збораме, 3тиот рангиран тим од Македонија му извади 30-30 на големиот Загреб и првак на Хрватска, ја демолираше Војводина со 10 разлика (29-19) и 26-21 со Дубочица

Кога нашиве клубови ги газат сите српски, хрватски, словенечки и грчки екипи, кажано е се. Уште Алкалоид на 26-ти да си ја заврши работата и дефинитивно да затвориме се. Реално, никој на Балканот не ни е ни до колена во ракомет, џабе толку скокат
 
Добар турнир во Прилеп, ќе биде интересно од 5 до 12 место. секој може секого да победи.
 
Многу се залета охриџаниве со победите над Вардар одма шампиони станаа:) почекајте малку другари долга е сезонава,може имате квалитетен тим на хартија ама и другите три екипи не се за потценување.
 
Се освен 5 - 6 место на Струга ќе бидам изненаден. Мартин Манасков нов играч.

Манасков, Танкоски, Јукиќ супер бековска линија.
 
Back
На врв Bottom