1975, иако имавме долго време за да гледаме, само 5 логирани филма (не сметајќи ги првите 2 од @***king*** кои очигледно беше дека не ги гледал сега). Средна оценка 6,40, пак не знам колку е реална зашто @***king*** за Jaws немаше ставено оценка, а во тој случај филмоивте ги логирам со просечна 5,00. Јас не успеав да отпатувам во 1975, зашто бев на некои други патувања, вклучувајќи едно од пред 4000 години. Се надевам на новото патување ќе бидам поредовен, а 1975 кога тогаш ќе ја поминам, секако.
Одиме понатаму!
Патување 57: 1958 - 26.07-08.08.2026
Годината кога е основана НАСА. Подоцна НАСА го испраќа во вселената првиот американски вештачки сателит. Светкиот саем во Брисел е одржан каде е претставена статуата со структурата на атомот како еден од симболите на пост-воената надеж. Политичката криза во Франција значи крај за четвртата република и привремено го враќа на власт Шарл де Гол. На Светското првенство во фудбал кое се одржува во Шведска, Бразил ја прославува својата прва титула, со неверојатниот деби перформанс на Пеле. Tennis for Two, креирана од Вилијам Нигинботам е една од првите воопшто видео-игри.
Во светот на филмот, Le Beau Serge се смета за првиот филм на Новиот бран (Nouvelle Vague). Подоцна, во истата година излегува уште еден филм во истиот жанр, кој често е цитиран и за еден од најдобрите на жанрот: Ascenseur pour l'échafaud, познат по импровизираниот саундтрак на Мајлс Дејвис. Во САД излегуваат хит мјузклите South Pacific и Gigi , вториот освојувајќи и Оскар за најдобар филм и најдобра режија.
Во 1958 се родени: Ејми Мортон, Елен Деџенерис, Гери Олдман, Алек Болдвин, Мишел Фајфер, Анет Бенинг, Принц, Анџела Басет, Мадона, режисерот Дејвид О. Расел, режисерот Тим Бартон, Мајкл Џексон, Виго Мортенсен и др.
Починале многу ѕвезди на црно-белиот филм, меѓу кои нема некое звучно име.
На филм дебитирале: Клаудија Кардинале, Џек Николсон, Кристофер Пламер, Ванеса Редгрејв, Емануел Рива, Џина Роландс и други.
Госпоѓа министерка ....комедија ... ЈУ филм од 1958 г. според дело на Бранислав Нушиќ
Филм за една покондурена сељанка што кога мажот и станува министер почнува да се занесува но среќата не и трае долго, мажот и прави скандал и мора да поднесе оставка.... таа останува без титула и мора да се врати на стариот живот.
Филм на тема малограѓанштина
Уште еден класик со кој не си кликнав. Ми се допадна последната нумера, отстапуваше од целокупниот филм. Шоуто мора да продолжи, шоуто е неограничено, безвременско, а поединецот смртен. Не сум фан на мјузиклите, на координативното танцување, на белатанството (мажите ми се многу педерастични). Психологијата и глумата беа одлични, меѓутоа филмот го гледав на многу цепкања, не можев да издржам повеќе од 20 мин на едно седнување. Го тегнев со денови.
Cry baby 2,5/5
Видов дека некој претходно го гледал, кога оваа година била на дневен ред, па му дадов шанса. Ништо посебно, младиот проблематичен реднек, Џони Деп, сака да се приграби до добрата градска девојка. Квази мјузикл, премногу нагласена шминка. Немаше сегменти кои ми се допаднаа.
The hunt for Red October 3/5
Сите имаат руски нагласок, само Шон Конери си цепа по свое. Интересна воена драма, со мотиви од студената војна, за подморницата која треба да им даде воена предност на советскиот сојуз. Незабележлива, може нечујно да се движи меѓу воените редови, да дојде до самото американско тло. Има игра, има приказна, посебно драмата дали подморницата ќе го помине своето најдолго патување, со вкртен оган и од своите трупи и од американската авијација и морнарица.
1. Attack of the 50 foot woman (1958)
Мора да признаам дека ужасно влегов во оваа година, иако станува збор за филм кој трае час и некоја минута. Да речеме научна фантастика. Да речеме. Повеќе беше драма со лоши специјални ефекти. Диспропорционална рака, позадински длабок глас и последната Кинг-Конг сцена беа единственото нешто каде си поинграле со ефекти, или специјални ефекти. Тука беше и човекот-џин, налик дух, блед. Севкупно не ми се допадна, а гледам лошо поминал и кај оние форумџии кои му дале шанса. Само 2/5, и тоа се мислев меѓу 1 и 2.
2. Dracula (1958)
Или Horror of Dracula е една од клучните улоги на Кристофер Ли. Се сеќавам кога почина, па дел од тој in memoriam клип беше и оваа негова улога. И дефинитивно една од посолидните екранизации на оваа книга од Стокер, меѓутоа лежерноста на Лугоши ќе ми остане како ненадминлива глума за овој фиктивен карактер. Ли му дава енергија, агресивност и заводнички шарм. Ми се допадна куќата, остава впечаток дека е вложено многу во овој филм, иако сценариото, горе-доле, им е сервирано од страна на Стокер. На пример, самата куќа зрачеше од луксуз, немаше готска патина, имаше стил, уметност и лежерност. Немаше пајажини, сенки и катакомби, и да, приказната не се тегнеше цел час, започна брзо, одма. Немаше мистерија кој и што е Дракула, кочијаш, богат гостопримлив гроф. Не. Уште од самиот старт ги покажа своите бои, кочијата тргна, приказната почна да се одмотува. 3/5
3. The Fly (1958)
Го имам гледано римејкот на Кроненберг, но овој повеќе ми се допадна. 4/5 без никакво двоумење. Класична научно-фантастична приказна, да имаше многу научно-фантастични елементи, од машините за дематеријализација, па од самата маска на Мувата. Филмот започнува како мистерија, сопругата го признава убиството на својот сопруг, меѓутоа го крие мотивот на убиството.
Ми се допадна и психологијата, глумата, говорот на телото, посебно нивната комуникација. Има одредена изопаченост, игра со моралот, но приказната е лесна, го изгледав без прекини, на едно седнување. Крајот е јасен од самиот старт, трагаме по мотивот...и по мувата со бела глава.
4. Bell, book and candle (1958)
Филм кој ми ја донесе зимската атмосфера во залезот на летото. Уште една романтична улога на Џејмс Струарт каде игра трапав, заљубен и несигурен карактер, кој налетува на добрата вештерка. Не би го дефинирал како натприроден хорор, туку како класична романса. Немаше натприродни елементи, сем можеби една сцена каде имаше жив оган, и толку. Другото беше чиста психологија, речитал на магични зборови и последователно ги гледавме резултатите од таа магија. Ким Новак била убавица, навистина многу многу убава жена. Лежерно романтично филмче за опуштање, кое нема позадински поради и испреплетена приказна. 3/5
5. Touch of Evil (1958)
Не знам како овој филм се смета за класик, мене не ми беше ништо посебно, 3/5, и тоа форсирано, поради крајот. Гледам дека одлично поминал кај форумџиите, можеби е и до мене, не си кликнавме.
Ќе почнам од тоа што не ми се допадна, покрај Рудолф Хес веѓите, имаше многу глупи реплики. Поминува покрај нив кола и има позадинска епслозија, оваа го прашува “што се случи?“, а овој и одговара “колата која помина покрај нас експлодираше“. Да, не се слушна, а веројатно и виде експлозијата. Ама добро. И самата приказна ми беше досадна, трчање од едно место на друго, ловот за вистината и правдата, каде доаѓаме до гнилежот на градот- корумпираниот џандар кој ги решава своите предмети такашто подметнува докази и клучни факти ги крие од одбраната, која останува со врзани раце и притисната во ќош.
Ми се допаднаа немите сцени. Пример, од една страна ја гледаме и слушаме сцената во просторијата, а од друга страна ги гледаме гестикулациите од друга сцена преку прозорот и се префрламе на таа сцена и на тој разговор. Ова ми е фантастично, сврзување на приказната. Ми се допадна глумата и психологијата. Посебно крајот на филмот каде веќе се има доказ дека системот е злоупотребен од еден авторитет, кој се претставува како редот и мирот и се поставува над законот. Треба да се излезе од поставената стапица и да се исплива на површина, нешто што се постигна благодарение на добриот џандар и на упорноста на Мендез. 3/5
Имам уште неколку филмови кои треба да ги догледам од 1979 и 1975, ќе гледам во скоро време да ги догледам и да напишам збор-два. Потоа ќе одам, хронолошки по предизвикот, на наредната година.
Мексикански полицаец го прекинува медениот месец на границата со САД, кога американски бизнесмен е убиен со бомба во автомобилот. Тој се вмешува во истрагата и открива дека корумпиран американски полициски началник мести докази за да обвини невин Мексиканец.
Филмов малку беќе како СкубиДу. Сите трчаат во еден правец, после обратно, па се откриваат кој е што е. Досаден филм, со лоша камера и доста клишеа.
Извинете за уште едно одолговлекување, бев многу болен периодов, не можев да сменам нова дестинација. А кога веќе повеќе од пола недела помина, реков - поарно нека дојде недела, па ќе смениме. За жал, и 3 недели мене не ми помогнаа да изгледам филм. Ќе надоместам понатаму, верувам. Одиме во ново доба...
Патување 58: 1992 - 17.08-30.08.2026
Во 1992 серија немири во Лос Анџелес заради пресудата за Родни Кинг стотици апсења и 63 мртви. Ураганот Ендрју ја пустоши Флорида и Бахамите. Летните олимписки игри се одржани во Барселона. Во Југославија започнува брато-убиствената војна во Босна и Херцеговина. Во САД по претседателските избори, во Белата куќа се вселува Бил Клинтон. По колапсот на Советскиот Сојуз, започнува цивилна војна во Таџикистан, и првата Нагорно-Карабах војна...
На бокс офисот, со заработка од над пола милијарда долари завршува анимиран филм - Aladdin.
Во 1991 светлото на денот го здогледале: Фреди Хајмор, Џон Бојега, Џо Кири, Ана Саваи, Селена Гомез, Деми Ловато, Езра Милер, Карди Би, Џош Хачерсон, Бари Киоган, Мајли Сајрус и други.
А за последен пат го виделе: Џорџ Марфи, Марлен Дитрих, Џон Лунд, Ентони Перкинс (Норман Бејтс) и многу други.
Светот, пак, за прв пат на филм ги виде: Џилиан Андерсон, факинг Џек Блек, Тони Колет, Даниел Крег, Пенелопи Круз, Алан Каминг, Ралф Фајнс, Џејми Фокс, Валтон Гогинс, Џозеф Гордон-Луит, Меги Гиленхал, Лена Хеди, Ешли Џад, режисерот Анг Ли, Луси Лиу, режисерот Баз Лурман, Тим Блејк Нелсон, режисерот Роберт Родригез, режисерот М. Најт Шјамалан, Вил Смит, Хилари Свонк, режисерот Квентин Тарантино, Карл Урбан и многу, многу други.
„Глувци и луѓе“ од Стајнбек ми е еден од најомилените романи во животот. Тоа е едно малечко парче книжевност кое покажува дека и малите нешта може да зрачат со големи емоции, затоа, за оние кои не го прочитале - само помалце од 100 странички е, тоа е „Зоки Поки“ меѓу класиците и е a must! Филмов не знам зошто одложував да го гледам. Веројатно зашто не сакав да ја доживеам таа болка по втор пат. Но еве, се пружи прилика, и уживав во секоја секунда. Прво - максимално изненаден како е буквално пренесен романот на платно! Значи до ситница, баш онака како што замислував се. Претпоставувам дека е можно и дијалозите да се идентични. Прејако! Второ - Џон Малкович и Гери Синис одлични во улогите! И тие баш онакви какви што ги замислував. И целата сценографија, костимографија, буквално се е онака како што замислував. Многу, многу, многу ми се допадна и филмот. Совршена екранизација. Голема, јака 9/10 од мене.
Тивка, медитативна и елегична семејна period драма од мајстор за вакви филмови - Роберт Редфорд. Со Бред Пит и Крег Шефер во главните улоги, ја раскажува животната приказна на двајца браќа од Монтана, кои растат во патријахално семејство со татко презвитеријански свештеник. Ова не е филм со многу случувања во него, ги следи животите на двајцата браќа од најраното детство па се до речиси крајот на животот на постариот брат чии сеќавања за времето поминато во Монтана, за ловењето риби, за дружбите, девојките... се всушност тоа кое го прави филмот. Мене многу ми се допадна, ужживав во секоја секунда од него!
Средношколец, квотербек е трансфериран од локално средно училиште, во поголемо, реномирано средно училиште од каде со својата игра многу полесно ќе дојде до упис на посакуваниот Харвард. Брзо е прифатен од соучениците бидејќи е кул, брзо е засакан од заедницата бидејќи им ги носи долгоочекуваните победи... Но се се руши како кула од карти кога еден од нив дознава дека дечкото (Брендан Фрејзер) е Евреин, а Евреите сите ги мразат... Покрај Брендан Фрејзер глумат и тогаш младите Мет Дејмон, Крис О'Донел, Ендрју Лоуери, Кол Хаусер, Бен Афлек, Ентони Рап...
Сакам вакви coming of age филмови со училишта, ученици, интернати... Тој Dead Poets Society дух ми е некаде на врвот меѓу посакуваните теми во филмовите. Така и тука, го изгледав без трепнување. Но филмов страда од немање поента, некако млако финишираше, немаше расплет или барем немаше таков расплет каков што посакував... Инаку, сосема ОК филмче. 7/10
Комедија од времето кога комедиите ги правеа смешни, духовити и паметни. Денес комедиите се колку да се рече комедии. Јес да и ова ко многуте други е полно со plot holes, ама кому му е гајле, кога е тука да ти пружи неверојатна забава.
Двајца шутраци крадат (несакајќи) конзерва со туна од една продавница. Веднаш по нив во истата продавница доаѓаат други двајца и го убиваат продавачот. Е, арно ама, полицијата ги приведува првите двајца кои признаваат дека направиле криминал (украле туна, која не ја спомнуваат), а обвинителството ги обвинува за убиство и соучество во убиство за кое, велат - сами признаа. На помош доаѓа да ги спаси трет шутрак - братучедот Вини што едвај положил правосуден (од шести пат) и што не знае основни работи за однесување во суд и на кој ова му е прв случај. И погодете притоа каква калакурница настанува...
Инаку, многу се смеев на сцената кога Вини доаѓа прв пат во ќелијата кај што се затворени двајцава. Братучед му спие, а овој другиов си мисли дека дошол друг затвореник за да има геј секс со него зашто братучед му на Вини му ја наполни така главата. Вини вика: I came to help you, а овој - I would rather shot myself. Вини вика: I don't care, your ass will burn... Овој си мисли дека ќе му го тури од позади. Јако напишана сцена и пресмешна.
Рок-ѕвездата Џони Боз е брутално убиен за време на секс, а случајот го презема детективот Ник Куран. Истрагата го носи до Кетрин Трамел, мистериозна и манипулативна писателка која била негова девојка. Ник е убеден дека таа стои зад убиството, но нема докази. Кога следуваат нови убиства, тој се впушта во опасна игра со Кетрин, додека се повеќе почнува да се сомнева дали неговите претпоставки се навистина точни.
Леле какво лудило од филм. Пред да го пуштам всушност не знаев дека ова е филмот во кој Шерон Стоун си ја покажува минџата. Самиот филм почнува многу јако и мистериозно, чувство кое останува до самиот крај. Со појавата на Стоун во филмот, ми падна вилицата. Каква жена, каква грациозност.. Сите сцени со неа беа појаки од порно. Женствена и сексипилна, со поглед и два три потега те омаѓосува. Признавам дека на сцената со Даглас и Стоун, свршивме сите тројца.
И настрана сите овие секс сцени, сценариото на филмот успева да те фрли од едниот во другиот крај на скалата за сомневање, па така до самиот крај не знаеш кој е кој и што е што.
Прејак филм!
Двајца пријатели од Њујорк патуваат низ Алабама, каде што ненадејно се уапсени и обвинети за грабеж и убиство што не го извршиле. Бидејќи немаат пари за адвокат, едниот го повикува својот братучед Вини, неискусен адвокат кој никогаш немал судење. Вини мора да се соочи со строг судија, локалните жители и сопственото неискуство за да ја докаже нивната невиност.
Океј филмче за тепање време, нема што да се бараат логичности и некое перфектно сценарио. Забавен беше на моменти.
Филмот е предисторија на серијата „Twin Peaks“. На почетокот, агентот на ФБИ Дезмонд го истражува убиството на Тереза Бенкс во малото гратче Дир Медоу, но мистериозно исчезнува. Една година подоцна, приказната се префрла во Твин Пикс и ги следи последните седум дена од животот на Лора Палмер — проблематична тинејџерка со двајца љубовници, зависност од дрога и комплициран однос со нејзиниот татко Лиланд.
Ја сакам многу таа атмосфера на Twin Peaks и филмов ме врати во периодот кога ја гледав серијата. За разлика од неа, филмов е доста по мрачен и тежок за гледање. Застапени се псајходелик сцените, нормални за Линч, па така на моменти чувствував некој внатрешен немир. Океј беше филмот, покажа доста работи што ги нема во серијата.
„Последниот Мохиканец“ е историски авантуристички воен филм од 1992 година, режиран од Мајкл Ман и напишан од него.
Главните улоги ги играат: Даниел Деј-Луис, Колм Мини, Мадлен Стоу, Вес Студи и Џоди Меј
Филмот се одвива во 1757 година, на врвот на Француско-индиската војна, која кулминираше со Седумгодишната војна за американските колонии
Филмот има одлична музичка подлога.
Култниот филм со Витни Хјустон и Кевин Костнер каде таа глуми актерка/пејачка, а тој нејзин телохранител спремен да го даде својот живот за неа. Многу глупав филм полн со клишеа. Впрочем, целиот филм е едно големо клише. Ама го содржи целиот магнум опус на Витни Хјустон и поставен токму на тие места каде има ефект во филмот, што сепак го прави гледлив и прави да можеш да му се восхитуваш, барем за нешто. Култната I Will Always Love You на Доли Партон која е најпозната како песна на Витни - е совршена во филмов. Ама, по мое мислење - можеше да биде многу поефектен. Вака е пандан на рандом срцепарателен романса-роман налик на тие на Спарс. Само 6/10 од мене.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.