Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сакаш...
Перењето на мозок уште ви е активно, уште закачувате слики од Тито и не живеете во реалноста, туку сè споредувате со држава мртва 35 години.
Се смеете на патриотите шо тетовираат знамиња и крстеви, ама вашите заклетва од детски пионерски денови еве до ден денес не е избришана, така што е невозможно да се посветите и да сакате нешто друго, поразлично.
Индоктринација не е заебанција, затоа веќе не ти занемарувам веќе што се инатиш и си против секоја добра работа што се прави, дали е сејф сити, дали е забрана за пушење, дали е селење на казина, итн.
Нормално, сега оти велам дека тие работи се добри, и оти случајно се донесени од ДПМНЕ, за тебе и таквите како тебе сум партија, итн, нема врска, ти реков, не ти занемарувам за тоа, исто ко со баба ми да праам муабет, да сте живи и здрави. :kafence:
слики на Тито, заклетви:pos:. Стварно живеете во некој паралелен универзум. Ако, слушај си ти баба ти и продолжете си со теориите за некојаси уоша Југославија и Голема Врховистичка Македонија.

Инаку врска немаш против што сум. Пушење, сејф и селење казина најмалку. Ама тоа е, така умот ти ги восприема сите муабети на и вон форум, искривена реалност со запушен филтер.
 
слики на Тито, заклетви:pos:. Стварно живеете во некој паралелен универзум. Ако, слушај си ти баба ти и продолжете си со теориите за некојаси уоша Југославија и Голема Врховистичка Македонија.

Инаку врска немаш против што сум. Пушење, сејф и селење казина најмалку. Ама тоа е, така умот ти ги восприема сите муабети на и вон форум, искривена реалност со запушен филтер.
Да да, сите слики шо ги гледаме по албумите се уствари во нашите глави.
Уживај чичо :sleep:
 
Не знам од што веќе, од документарци не чини, од подкасти не чини, професори не чинат, приказни од луѓе што живееле и слики не чинат. :coffee:
 
слики на Тито, заклетви:pos:. Стварно живеете во некој паралелен универзум. Ако, слушај си ти баба ти и продолжете си со теориите за некојаси уоша Југославија и Голема Врховистичка Македонија.

Инаку врска немаш против што сум. Пушење, сејф и селење казина најмалку. Ама тоа е, така умот ти ги восприема сите муабети на и вон форум, искривена реалност со запушен филтер.
Така така, покажувај си го лицето.
 
Така така, покажувај си го лицето.
ти сокриј се, срамота е да збориш за македонска историја а да го обвинуваш Димитров и да поддржуваш македонците да се изјаснуваат бугари. Шшшш.
Не знам од што веќе, од документарци не чини, од подкасти не чини, професори не чинат, приказни од луѓе што живееле и слики не чинат. :coffee:
Дарлин, за твоа среќа веројатно ќе ти реплицирам последен пат за оваа тема за да не ти досаѓам веќе.
Не реков документарци не чинат, не реков слики не чинат. Но какви слики и документарци, од кого и со која намера, тоа е за дискусија. Ви подадов линкови од ЦИА, од сослушување на членови на акциони комитети-администратори, а подоцна контрачети.
Тезите дека секој морал да има црвена книшка ти се погрешни или од погрешни извори. Ниеден од моите прародители немал ни црвена, ни подоцна во РМ плава или зелена. Сите од фамилија биле за оваа Македонија. Но, не по цена на врховистичите влијанија за обединување (а потем најверојатно анектирање кон Бугарија и топење на македонскиот народ).

Ако некој го мрази тој период 45-55, тоа сум јас, озна подоцна удба заради малтретирање и одземање на имот на моите прародители од кои едниот завршил во затвор. Без активност во тие контрачети, приклонување кон ссср или врховистички идеи.
Но, ете, се помирив со судбината дека како и многу други, покрај сувото ќе гори и суровото.

Но, да се збори што би било кога би било напамет (идеите за голема реална Македонија) е нонсенс, веќе кажав зошто и пуштив линкови од тогашни документи. Професорката само сонува и подбуцнува (од познати причини), иако знае дека не е во право.
Тие што земале книшки (а не биле претходно скоевци или партизани), земале више ради финансиски и садистички побуди.
Така да, имотите кои ги имале моите прародители се отидени кај голтари кои влегле у озна или биле лојални шпиони на новата власт. И не ми е жал.
И петпати реков, моите родители биле на фини места у здравство, ги менувале местата според плата и услови, а членови на единствената партија никогаш не биле. Запрашај се сега колку е тоа можно.
Некои луѓе не сакаат да припаѓаат на ниедна глутница.

Затоа и јас отпрвин, по распадот, бев симпатизер на партии (не член) како МААК, ДПМНЕ, НПМ, но кога видов каде оди работата, сакале на Солун, те ќе сечеле нокти на орлите (безвезни флоскули) што се праат и тие и тие со транзицијата и кражбата на народното богатство, посебно кога се купуваа пратеници со вмро-вмро и сличните, Змејко и БС и нивните грабежи со Бранко на капиталот, дигнав раце од било каква наклоност кон некоја партија.
Ете тоа е и минатото и сегашноста.
И ја сум работел преку задруги и не се срамам што физички сум работел. Сум ја селел по самосталноста Скопјанка, сум санирал кровови на школи (Орце, една од нив), сум работел по фабрики и стоваришта, за ситна компензација.

За работните акции веќе постирав (Маршаловиот план и кусурот од помошта за ЈУгославија) така да е веќе без везе, а сигурен сум и зза тебе е напразно ист муабет вртење.

Меѓутоа 100% блатење на еден период на сметка на ќутење за овој, не е во ред.

Толку од мене до тебе за овие настани околу СРМ и РМ, не би да ти досаќам и да се вртиме у круг. Секј си има свое мислење за тој период и за овој, зависно колку и што осетил, добил, изгубил или од кажување на одредени личности за тогаш и сега.

Само едно и ти и другите запрашајте се. Како од ознаши и удбаши и нивни активни агенти и шпиуни, се прешалтаа еден куп луѓе на високи позиции у денешните македонски партии или држат високи институционални позиции.
Ради блискоста и контактите во 90тите со еден сега бивш активист и функционер на дпмне, пензионер, знам многу работи околу грабежот, партиската "лојалност" и т.н. идеологија и на големи и мали партии.
Енде

П.С. знам дека сега некои неповикани ќе јадат брбушки и ќе наоѓаат грешки и смешки оти писанието е поголемо (се такмичам со една форумџика у број на зборови), ама нека. Такво им е огледалото и воспитувањето.

П.С. на квадрат. Зашто сеуште удбаши и терористи стојат на власт во највлијателни институции, зашто сеште улици во Штип и Струмица носат име на еден од најголемите крвници на студентите (Мара Минанова).
 
Последно уредено:
 
Кисела Вода смрди корне на запалено, има некој претстава што се дешава?
 
Кисела Вода смрди корне на запалено, има некој претстава што се дешава?
Автоматски споено мислење:

Еве....сега знаеме „кој не е наш„...
 
Кисела Вода смрди корне на запалено, има некој претстава што се дешава?

33 km2 изгореле на Китка, али денеска ветерот го бутка димот накај Скопје, вчера дувало накај велес и заради тоа цело Скопје и во чад.
 
Еве....сега знаеме „кој не е наш„...
Драги Ѓорѓиев само ги повторува бугарските тези, во 21 век ќе кажува за соочување со историјата, демек нашиот народ не е писмен, не читал, само Драги читал, туку народот и неговите колеги историчари се со други заклучоци од него, и никој не бара гаранции за својот идентитет ни од брисел а најмалку од белград, бараме исти услови за членство, и Гоце Делчев не е само национален херој туку и народен херој, го славиме затоа што бил Македонец.
Сдс ќе продолжи да губи поради такви како Драги.
 
Ти веруваш дека Димитров навистина мислел да ја присоедини Пиринска Македонија со Македонија? Јас мислам дека само глупи македонски комуњари верувале во балканска федерација со бугарија, затоа сме и денес тука, од такви недоквачени.
Што е важно што верувам јас?
Важно е дека има ФАКТИ дека се водени разговори за присоединување особено интензивирани во време носење 'Бледски Договори' ако имаш против аргументи повели а верувал не верувал оди во црква па таму расправај се.

Како излезе на крајот работата ти само ви Тутабалгарски пасош веруваш :pos:
Автоматски споено мислење:



Автоматски споено мислење:




остај овие наводно родољубиви пропагандни пораки и глупирања. Се виде твоето.
Не го храни тролот, молам!
 
Back
На врв Bottom