Така така, покажувај си го лицето.
ти сокриј се, срамота е да збориш за македонска историја а да го обвинуваш Димитров и да поддржуваш македонците да се изјаснуваат бугари. Шшшш.
Не знам од што веќе, од документарци не чини, од подкасти не чини, професори не чинат, приказни од луѓе што живееле и слики не чинат.
Дарлин, за твоа среќа веројатно ќе ти реплицирам последен пат за оваа тема за да не ти досаѓам веќе.
Не реков документарци не чинат, не реков слики не чинат. Но какви слики и документарци, од кого и со која намера, тоа е за дискусија. Ви подадов линкови од ЦИА, од сослушување на членови на акциони комитети-администратори, а подоцна контрачети.
Тезите дека секој морал да има црвена книшка ти се погрешни или од погрешни извори. Ниеден од моите прародители немал ни црвена, ни подоцна во РМ плава или зелена. Сите од фамилија биле за оваа Македонија. Но, не по цена на врховистичите влијанија за обединување (а потем најверојатно анектирање кон Бугарија и топење на македонскиот народ).
Ако некој го мрази тој период 45-55, тоа сум јас, озна подоцна удба заради малтретирање и одземање на имот на моите прародители од кои едниот завршил во затвор. Без активност во тие контрачети, приклонување кон ссср или врховистички идеи.
Но, ете, се помирив со судбината дека како и многу други, покрај сувото ќе гори и суровото.
Но, да се збори што би било кога би било напамет (идеите за голема реална Македонија) е нонсенс, веќе кажав зошто и пуштив линкови од тогашни документи. Професорката само сонува и подбуцнува (од познати причини), иако знае дека не е во право.
Тие што земале книшки (а не биле претходно скоевци или партизани), земале више ради финансиски и садистички побуди.
Така да, имотите кои ги имале моите прародители се отидени кај голтари кои влегле у озна или биле лојални шпиони на новата власт. И не ми е жал.
И петпати реков, моите родители биле на фини места у здравство, ги менувале местата според плата и услови, а членови на единствената партија никогаш не биле. Запрашај се сега колку е тоа можно.
Некои луѓе не сакаат да припаѓаат на ниедна глутница.
Затоа и јас отпрвин, по распадот, бев симпатизер на партии (не член) како МААК, ДПМНЕ, НПМ, но кога видов каде оди работата, сакале на Солун, те ќе сечеле нокти на орлите (безвезни флоскули) што се праат и тие и тие со транзицијата и кражбата на народното богатство, посебно кога се купуваа пратеници со вмро-вмро и сличните, Змејко и БС и нивните грабежи со Бранко на капиталот, дигнав раце од било каква наклоност кон некоја партија.
Ете тоа е и минатото и сегашноста.
И ја сум работел преку задруги и не се срамам што физички сум работел. Сум ја селел по самосталноста Скопјанка, сум санирал кровови на школи (Орце, една од нив), сум работел по фабрики и стоваришта, за ситна компензација.
За работните акции веќе постирав (Маршаловиот план и кусурот од помошта за ЈУгославија) така да е веќе без везе, а сигурен сум и зза тебе е напразно ист муабет вртење.
Меѓутоа 100% блатење на еден период на сметка на ќутење за овој, не е во ред.
Толку од мене до тебе за овие настани околу СРМ и РМ, не би да ти досаќам и да се вртиме у круг. Секј си има свое мислење за тој период и за овој, зависно колку и што осетил, добил, изгубил или од кажување на одредени личности за тогаш и сега.
Само едно и ти и другите запрашајте се. Како од ознаши и удбаши и нивни активни агенти и шпиуни, се прешалтаа еден куп луѓе на високи позиции у денешните македонски партии или држат високи институционални позиции.
Ради блискоста и контактите во 90тите со еден сега бивш активист и функционер на дпмне, пензионер, знам многу работи околу грабежот, партиската "лојалност" и т.н. идеологија и на големи и мали партии.
Енде
П.С. знам дека сега некои неповикани ќе јадат брбушки и ќе наоѓаат грешки и смешки оти писанието е поголемо (се такмичам со една форумџика у број на зборови), ама нека. Такво им е огледалото и воспитувањето.
П.С. на квадрат. Зашто сеуште удбаши и терористи стојат на власт во највлијателни институции, зашто сеште улици во Штип и Струмица носат име на еден од најголемите крвници на студентите (Мара Минанова).