Каде е границата меѓу односот со родителите и сопствениот брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 април 2021
Мислења
5.900
Поени од реакции
17.776
Сакам да отворам тема за една поширока дискусија за динамиката во бракот, границите кон примарното семејство (родителите) и личната слобода на партнерите.

Поводот е муабетот на @wot од пред некој ден и една конкретна ситуација од мојата околина: брачен пар прво си оди заедно на одмор, но подоцна мажот заминува сам со мајка му на неколкудневен викенд, додека жената останува дома. Тие што ми се во најблиско опкружување си развија 300 теории. Она класичното македонско. И мене ова ме замисли за тоа колку различни размислувања постојат околу ваквите односи.

Иако овој пример е специфичен, би сакала во оваа тема да збориме и општо за сите слични ситуации и дилеми што се појавуваат во бракот и врските. Иако мислам дека првично акцентот треба да биде на бракот, отколку на врската.

Каде и кога завршува должноста како ќерка/син кон родителот, и кога започнува приоритетот кон брачниот другар? Дали е обврска на децата да го придружуваат едниот родител на патување доколку е сам?

Дали е нормално партнерите да одат на одмор одделно, и колку одделниот простор е здрав за една врска?

Што правиме кога едниот партнер има потреба да поминува повеќе време со своето семејство, а другиот се чувствува запоставено или изоставено?

Како функционираат современите бракови кога е во прашање балансот меѓу сопственото семејство и родителите?

Ваши искуства?

Ќе пишам покасно свое мислење на темава…
 
Два парови познавам во мој не така тесен круг што се разведија заради ова.
Првите поради тоа што синот не можеше да се оддели од неговите, и има некои чудни семејни односи, откако се разведија ќерката помалата кажа дека заедно спиеле на спална, значи малечката таткото и бабата, Боже ме сачувај.

Кога одлучија да се одделат од нив, оваа со плачење го преубеди синот, после некое време се оженија и другите синови и немаше веќе место се тргнаа конечно, после почнаа уште поголеми проблеми, овој беше фокусиран повеќе на неговите и браќата отколку да изгради фамилија со жената и децата.

Јас сметам дека треба да се има едно почитување спрема родители оти тој што не ја почитува сопствената мајка нема ни сопругата, љубов нормално, ама да се знаат границите кои се, на прво место треба да се жената и децата па после се останато.

И обратно важи од страната на жената исто да си знаат кои му се улогите, оти ги познавам и такви, се мажи ќерката и овие секој ден по цел ден кај неа дома, цела черга, сестра, мајка, татко, или оваа не знае да функционира без нив или тие не можат да се помират дека ќерката има свој дом сега.

Живеење во заедница ни во лудило, ако сака и палатата од Виндзор нека му ја направат никако заедница !

За одење на одмор сами би одела со другарки на викенд, ако имам буџет нормално, сум одела, одел и тој, зошто да не, сега откако имам дете не би, можеби кога ќе порасни ама не размислувам на тоа, се во свое време.
 
Ова го гледам во 2 насоки, мамина маза кој не може да излезе од под сукњата на мајка му или премногу преданост на, во таа ситуција, на првичното семејство. Во секој случај е лошо, првото е јасно, а второто е зезнато затоа што ако и останатите членови се исти, може да биде и топ, ама ако рецимо има брат и/или сестра кои се манипулатори само ќе го јаде психички и финансиски и ќе му трпи бракот. Ова од перспектива на и за маж во еден брак.
 
Епа тоа и ми беше поентата. Кај нас одма се бара некаква драма или криза дури и кога станува збор за меѓусебно добро разбирање меѓу партнерите, па дури и добра организација.

Кога ќе стапиш во брак, партнерот е на прво место и сите главни одлуки и планови се прават дома. Но, тоа не значи дека родителите треба да се заборават.
Ако родителот е сам или повозрасен, сосема е нормално и човечки да сакаш да му посветиш време, па дури и да отидеш на кратко патување со него. Тоа не е бегање од партнерот туку основна грижа и емпатија. Исто така, не гледам ништо страшно во тоа партнерите понекогаш да одат некаде одделно. Малку личен простор, било да е за викенд со друштво, хоби или родител, не е тоа знак за некаква криза.

Проблем мислам дека настанува само ако родителот постојано се става пред партнерот, ако едниот во врската се чувствува занемарено, или ако одделувањето станува начин да се побегне од домашните проблеми. Ако меѓу партнерите има отворена комуникација и поддршка, чаршиските теории и муабети се сосема неважни.
 
Би додал само, има ли чаршиски муабети да влијаат, отиде раатот и нормалната врска. Се друго се согласувам, за нормални односи збориш.
 
Живеење во заедница ни во лудило, ако сака и палатата од Виндзор нека му ја направат никако заедница !
Се тоа зависи од просторот и луѓето, незнам зошто по дифолт заедница сметате за нешто негативно.
 
Во Охрид на времето коа одев од бабите немав раат, и тоа сум платил, мислиш ли дека кај некој дома да живееш нема со време да стане неподносливо? Ете кај истите тие баби?
 
Не живееш кај некој дома, живееш во твој дом, тоа е и твој дом, не си гостин.
 
Ја си го кажав мислењето, кај моите не живеам затоа што веќе нема смисла, нејќам некој да брои колку пати стенкала девојка ми, кога сум се прибрал, што и колку сум јадел, зашто сум купил кеса (чудо едно е колку овој муабет се вртеше поише пари изгубив во времето што објаснував наспроти што ќе заштедев ако не купував кеси) и ред други работи кои постарите си ги ставиле во крпче. Сега станот им е сауна, ама не, климата била штетна. Па штетно и и тоа топло за срцето, ама на кого ќе објасниш? Тоа си знаат, тоа си баат. Е сега, со мојата самокритичност, јас не сакам да живеам со моите други ли да живее. Прочитај го постот на Генерал во Демографија темата, супер си објаснува човекот. Чест на исклучоци, ама според мене питање на време е кога односите ќе се влошат.
 
Па обично тоа е домот на мажот, во 99% од случаите. Таму пораснал, не му е ништо поразлично. Жената е буквално ко гостин. Не може да ме убедиш дека ќе и биди пријатно да се оптегни на троседот, додека свекорот си седи на фотељата и си гледа фудбал. Или па да си излезе од под туш со бањарка. Ќе треба у вецето да се облекува. Idk, чудно.
 
Не живееш кај некој дома, живееш во твој дом, тоа е и твој дом, не си гостин.
Не си ти гостин ама жената е практично гостинка.
Тебе не ти смета живеењето со нив оти си живеел од само раѓање таму, не ти се менува воопшто животот, родотели ти се, жената е таа која мора да менува покрив и да се прилагодува на нова средина и нови карактери.

Па доаѓаат деца на свет, па се менува одма цела таа хармонија.

Еве денес не сакам гости да ми идат, како да и речам на золва ми да не доаѓа со децата во време кога син ми има дремка, идат деца како деца не знаат врискаат и го будат, после јас си ги ебавам греојте два часа да го презаспијам со тантруми на спална оти слуша гласови во другата соба и сака таму да оди, значи јас, не сопругот, не бабата туку јас.

Милион вакви примери ќе ти набројам.
 
Ја си го кажав мислењето, кај моите не живеам затоа што веќе нема смисла, нејќам некој да брои колку пати стенкала девојка ми, кога сум се прибрал, што и колку сум јадел, зашто сум купил кеса (чудо едно е колку овој муабет се вртеше поише пари изгубив во времето што објаснував наспроти што ќе заштедев ако не купував кеси) и ред други работи кои постарите си ги ставиле во крпче. Сега станот им е сауна, ама не, климата била штетна. Па штетно и и тоа топло за срцето, ама на кого ќе објасниш? Тоа си знаат, тоа си баат. Е сега, со мојата самокритичност, јас не сакам да живеам со моите други ли да живее. Прочитај го постот на Генерал во Демографија темата, супер си објаснува човекот. Чест на исклучоци, ама според мене питање на време е кога односите ќе се влошат.
Види, реков погоре големината на просторот е многу битна, реално во стан или едноспратна куќа заедница тешко може да функциионира, нема простор, па неможеш и на раат кецање да реализираш. Се друго зависи од луѓето. Еве јас живеам во заедница со старците, куќата е голема, па иди пробај убеди ја жена ми да се тргнеме од таму, нема шанси да ја натераш. Првично, кога бевме у врска и кога влегувавме у брак, нејзина желба беше да живееме сами, за што реално има услови повеќе од што треба, може да бираш во која куќа или стан сакаш да живееш, дал господ.... Помина свадба, па набргу потоа дојде прво дете..... велам ајде полека да спремаме некаде да се селиме, сами... Јок! Нема шанси! Шо мислиш зошто? Па затоа што е итра, затоа што виде дека животот е многу прозаичен а не фејзбук фотка... и затоа што е лисица и практична со умот, си минува лесно низ животот. Зошто би се одделила кога никогаш во животот не била во ситуација да нема на кого да остави деца, да неможе некаде да отиде, било патување, било свадба, било обично кафе.... зошто би се одделила кога некој наутро ти распалил парното, ти спремил појадок, ти очистил снегот од колата, ти испратил деца на школо, направил ручек, разнел деца по балети, одбојки, јазици, родендени, имендени, ти спремил вечера, ти исперил, средил, научил и напишал домашно...... виде како е и на одмор сами со мало дете, па сега неможеш да ја убедиш да мрдне на одмор ако не иде и свекрвата или мајка и. Е сега измери го сето претходно па спореди го со твојата жртвата да мора да слушаш за купување кеси или да лепиш муцки и да ословуваш со мамо и тате, па реши си.
Автоматски споено мислење:

Не си ти гостин ама жената е практично гостинка.
Тебе не ти смета живеењето со нив оти си живеел од само раѓање таму, не ти се менува воопшто животот, родотели ти се, жената е таа која мора да менува покрив и да се прилагодува на нова средина и нови карактери.

Па доаѓаат деца на свет, па се менува одма цела таа хармонија.

Еве денес не сакам гости да ми идат, како да и речам на золва ми да не доаѓа со децата во време кога син ми има дремка, идат деца како деца не знаат врискаат и го будат, после јас си ги ебавам греојте два часа да го презаспијам со тантруми на спална оти слуша гласови во другата соба и сака таму да оди, значи јас, не сопругот, не бабата туку јас.

Милион вакви примери ќе ти набројам.
Реков, за заедница треба простор, неможе тоа у две соби.
 
Епа тоа и ми беше поентата. Кај нас одма се бара некаква драма или криза дури и кога станува збор за меѓусебно добро разбирање меѓу партнерите, па дури и добра организација.

Кога ќе стапиш во брак, партнерот е на прво место и сите главни одлуки и планови се прават дома. Но, тоа не значи дека родителите треба да се заборават.
Ако родителот е сам или повозрасен, сосема е нормално и човечки да сакаш да му посветиш време, па дури и да отидеш на кратко патување со него. Тоа не е бегање од партнерот туку основна грижа и емпатија. Исто така, не гледам ништо страшно во тоа партнерите понекогаш да одат некаде одделно. Малку личен простор, било да е за викенд со друштво, хоби или родител, не е тоа знак за некаква криза.

Проблем мислам дека настанува само ако родителот постојано се става пред партнерот, ако едниот во врската се чувствува занемарено, или ако одделувањето станува начин да се побегне од домашните проблеми. Ако меѓу партнерите има отворена комуникација и поддршка, чаршиските теории и муабети се сосема неважни.
Има многу „мамини мажи“, како што е примерот погоре, и тоа никако не го оправдувам. За мене тоа е дефиниција за емоционално незрел човек што не може да донесе одлука без мама. Ама од друга страна гледам и многу жени кои исто така не можат да функционираат без своето семејство. Mислам дека вакви „нераскинати папочни врвци“ има колку сакаш, без разлика дали се работи за мажи или за жени. Границата е таму каде што ќе ја поставиш. Во моментот кога ќе формираш свое семејство, тоа треба да ти стане приоритет. Родителите секогаш ќе останат родители, ама не можат тие да го живеат твојот брак и искрено мислам дека токму ова е една од причините што денес има се повеќе стари моми и ергени. Не затоа што нема добри партнери, туку затоа што многумина никогаш не успеваат да ги остават мама и тато зад себе.
Види, реков погоре големината на просторот е многу битна, реално во стан или едноспратна куќа заедница тешко може да функциионира, нема простор, па неможеш и на раат кецање да реализираш. Се друго зависи од луѓето. Еве јас живеам во заедница со старците, куќата е голема, па иди пробај убеди ја жена ми да се тргнеме од таму, нема шанси да ја натераш. Првично, кога бевме у врска и кога влегувавме у брак, нејзина желба беше да живееме сами, за што реално има услови повеќе од што треба, може да бираш во која куќа или стан сакаш да живееш, дал господ.... Помина свадба, па набргу потоа дојде прво дете..... велам ајде полека да спремаме некаде да се селиме, сами... Јок! Нема шанси! Шо мислиш зошто? Па затоа што е итра, затоа што виде дека животот е многу прозаичен а не фејзбук фотка... и затоа што е лисица и практична со умот, си минува лесно низ животот. Зошто би се одделила кога никогаш во животот не била во ситуација да нема на кого да остави деца, да неможе некаде да отиде, било патување, било свадба, било обично кафе.... зошто би се одделила кога некој наутро ти распалил парното, ти спремил појадок, ти очистил снегот од колата, ти испратил деца на школо, направил ручек, разнел деца по балети, одбојки, јазици, родендени, имендени, ти спремил вечера, ти исперил, средил, научил и напишал домашно...... виде како е и на одмор сами со мало дете, па сега неможеш да ја убедиш да мрдне на одмор ако не иде и свекрвата или мајка и. Е сега измери го сето претходно па спореди го со твојата жртвата да мора да слушаш за купување кеси или да лепиш муцки и да ословуваш со мамо и тате, па реши си.
Автоматски споено мислење:

Реков, за заедница треба простор, неможе тоа у две соби.
Со оваа целосно се согласувам. Ако има простор, јасно поставени граници и луѓето се нормални, заедницата може да функционира одлично. Особено кога ќе дојдат деца, помошта од баба и дедо е нешто што тешко може да се плати со пари. Оваа за да се разбере треба да да си човек со деца и да сакаш да излезеш со сопругата на едно чаршиско кафе со пријатели, а да нема на кој да оставиш децата.

Проблемот не е дали живееш со родителите, туку дали родителите живеат твојот живот наместо тебе. Ако тие помагаат, а не се мешаат во секоја одлука, тоа е огромна предност. Ако, пак, одлучуваат што ќе правите, кога ќе одите, како ќе ги воспитувате децата или постојано создаваат тензии, тогаш и најголемата куќа станува тесна. На крајот, не постои универзално правило. Некому заедницата му е благослов, некому кошмар. Се зависи од луѓето и од тоа дали знаат да си ги почитуваат границите.
 
Види, реков погоре големината на просторот е многу битна, реално во стан или едноспратна куќа заедница тешко може да функциионира, нема простор, па неможеш и на раат кецање да реализираш. Се друго зависи од луѓето. Еве јас живеам во заедница со старците, куќата е голема, па иди пробај убеди ја жена ми да се тргнеме од таму, нема шанси да ја натераш. Првично, кога бевме у врска и кога влегувавме у брак, нејзина желба беше да живееме сами, за што реално има услови повеќе од што треба, може да бираш во која куќа или стан сакаш да живееш, дал господ.... Помина свадба, па набргу потоа дојде прво дете..... велам ајде полека да спремаме некаде да се селиме, сами... Јок! Нема шанси! Шо мислиш зошто? Па затоа што е итра, затоа што виде дека животот е многу прозаичен а не фејзбук фотка... и затоа што е лисица и практична со умот, си минува лесно низ животот. Зошто би се одделила кога никогаш во животот не била во ситуација да нема на кого да остави деца, да неможе некаде да отиде, било патување, било свадба, било обично кафе.... зошто би се одделила кога некој наутро ти распалил парното, ти спремил појадок, ти очистил снегот од колата, ти испратил деца на школо, направил ручек, разнел деца по балети, одбојки, јазици, родендени, имендени, ти спремил вечера, ти исперил, средил, научил и напишал домашно...... виде како е и на одмор сами со мало дете, па сега неможеш да ја убедиш да мрдне на одмор ако не иде и свекрвата или мајка и. Е сега измери го сето претходно па спореди го со твојата жртвата да мора да слушаш за купување кеси или да лепиш муцки и да ословуваш со мамо и тате, па реши си.
Автоматски споено мислење:

Реков, за заедница треба простор, неможе тоа у две соби.
Ако е кај тебе вака, благословен си. Но веруј си исклучок според тоа што сум зборел со луѓе.
 
Ти лајкнав оти делумно се слагам со тоа што го напиша, ама кај вас не само што е просторот битен туку најверојатно и карактерите на твоите шо е исклучок денешно време.
Јас не би живеела ни под тие околности, од секогаш сум замислувала да живеам сама со сопругот и децата, да градиме нешто свое, да функционираме како единка, не сакам никој да ми се меша околу детето освен тој.
Не ми е мачно ич, јас во овие години се изнашетав, толку коса немам на глава, од кафани и неприбирање дома, од одмори од се преку глава ми дојде и едноставно овој е животот кој ме исполнува сега, дете, домашни обавези и се тоа.

Нормално сакам некој да го причува да излезам рајат ама ако ова е цената која треба да ја платам за рајат тогаш не би менувала за ништо.

И настрана да живееш можи да дојди да ти го причува детето некој, не мора во заедница.

Работата е шо животот и улогите кои треба да ги имаат родителите сега им ги препуштаат на старите за тие да продолжат да си живеат во комфорт зоната.
Јас немаше ни да се мажам ни да родам ако беше така.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Back
На врв Bottom