- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 5.899
- Поени од реакции
- 17.774
Сакам да отворам тема за една поширока дискусија за динамиката во бракот, границите кон примарното семејство (родителите) и личната слобода на партнерите.
Поводот е муабетот на @wot од пред некој ден и една конкретна ситуација од мојата околина: брачен пар прво си оди заедно на одмор, но подоцна мажот заминува сам со мајка му на неколкудневен викенд, додека жената останува дома. Тие што ми се во најблиско опкружување си развија 300 теории. Она класичното македонско. И мене ова ме замисли за тоа колку различни размислувања постојат околу ваквите односи.
Иако овој пример е специфичен, би сакала во оваа тема да збориме и општо за сите слични ситуации и дилеми што се појавуваат во бракот и врските. Иако мислам дека првично акцентот треба да биде на бракот, отколку на врската.
Каде и кога завршува должноста како ќерка/син кон родителот, и кога започнува приоритетот кон брачниот другар? Дали е обврска на децата да го придружуваат едниот родител на патување доколку е сам?
Дали е нормално партнерите да одат на одмор одделно, и колку одделниот простор е здрав за една врска?
Што правиме кога едниот партнер има потреба да поминува повеќе време со своето семејство, а другиот се чувствува запоставено или изоставено?
Како функционираат современите бракови кога е во прашање балансот меѓу сопственото семејство и родителите?
Ваши искуства?
Ќе пишам покасно свое мислење на темава…