Имаш право, искрено мене никогаш не ми имал поента тој ривалитет внатре во Скопје меѓу Македонците, никогаш не ми било битно во смисла на ривалитет кој е од Аеродром а кој е од Центар/Карпош 1 но ете сепак постои некој таков ривалитет меѓу нив до душа повеќе оставен од постарите генерации па сега дечурланата од тие населби се ложи на тоа. Најубаво е мислам да си се одвиваат работите онака природно, нека навиваат и луѓе за МЗТ и Работнички кои што сепак имаат некаков успех и нивното навивање има сепак некаква поента, нека навиваат и Пирати Автокоманда и Лавови Ѓорче за клубови кои ги нема ниту на мапа ако сакаат, и онака сите они во Комити би биле онака класична подгрупа бидејќи толку им е бројноста буквално само Комити Ченто и Комити Драчево кои важат за најбројни навивачки подгрупи на Комити имаат повеќе бројност од цели нивни нг. До душа гледам и од тие места кои традиционално важат за навивачки упоришта на cpb,fa, лавови и пирати има многу млади кои сакаат да одат на трибина со Комити и да го бодрат Вардар отколку да се замараат со без врска локал патриотизам внатре во Скопје и тоа е најважно. Знам на пример многу млади има од Аеродром кои сакаат да навиваат за Вардар и одат на трибини со Комити иако таму има FA графити во најголем број или пак знам дека има и од cpb некои што за фудбал и ракомет одат за Вардар да навиваат барем од кога Работнички последниве години се фокусира исклучиво на кошарката. Така што не ги гледам другите Македонски нг од Скопје како огромна закана за Вардар или Комити и онака подгрупи од различни места во Скопје секогаш се формирале на Комити бидејќи Вардар не е било кој клуб тој е најуспешниот клуб во Македонија со најмногу титули и е гордоста на Скопје и Македонија а Комити се најбројна Македонска навивачка група така што тоа сепак има некаква тежина не може секакви нг кои се двајца без тројца да претставуваат реална закана за Комити или Вардар.