Најверојатно авторот на темата се прашува дали конечно или било кога плаќа преголема цена (во било кој вид, а тоа е најповеќе и најважно потрошеното време, а тек потоа нерви) на работата од која егзистира, можеби ја сака, но потајно посакува и да ја смени.
Како човек кој променил неколку работи што коренито помеѓу себе никаква допирна точка немаат и како некој кој се гледал себе си успешен во секоја една од нив (за што има и емпириски докази) би го кажал следното:
- На работата гледам како на „нужно зло“, од една страна треба да платиш сметки, да изградиш стабилни основи за себе и семејството и да инвестираш во себе и во иднината на твоите околу тебе.
- Но од друга страна, дали ја сакаш или ти е измачување, најверојатно зависи од секој човек посебно и особено од тоа како реагираш кога истата ќе ти премине во „здодевна“ рутина.
Дали тоа „зло“ те опушта или ти ствара нелагодност затоа што веќе доволно добро ја совлада што достигнатото ниво кое го имаш не ти носи следен предизвик.
Следствено, или поврзано со тоа, е колку си индивидуален или тимски играч па ти се допаднала / поклопила организационата култура во фирмата каде работиш (или каде си газда) - што следствено пак на долг рок и секојдневно или ќе ти прави терет или ќе ти носи раат.
Заради никакви колеги или пак лошо раководство, можат нозете ите како да ти се враќаат додека си тргнал наутро на работа. Така да, тоа е огромен фактор кој игра улога, тесно поврзан со табиетот на еден човек подобро да функционира сам или во тим и уште потесно со тоа дали таа единка знае да прави компромиси.
Никогаш не сум имал семеен бизнис да наследам, напротив сум бил тој што во семејството менувал повеќе работи (мали или поголеми сеедно) за да испроба што може да направи со себе и слободното време. Секогаш ми било предизвик да изучам нешто ново, а во принцип сметам дека тоа е клучот на „градењето кариера“, односно заглавувањето на едно место премногу долго.
Никогаш не сум се гледал како лик кој ќе работи во една фирма 40 години до пензија (макар и своја фирма да е, со толку многу стаж во неа).
Склоноста кон промени, сметам дека најповеќе помага да не гледаме на нештото како нешто што „мора да го работиме“ туку на нешто што сами сме го избрале и сакаме да го работиме во тој момент. Тоа можеби е единствениот правиле начин бидејќи апсолутно ништо „не мораме“ во животот - мораме само еден ден да умриме, а во меѓувреме сè е прашање на избор.
Моментот кога доаѓа да „мора“, а сум имал и такви моменти, е момент кога треба да се смени работното место во една фирма, можеби самата фирма и крај краева и професијата. Некогаш оди тоа побрзо, некогаш поспоро но факт е дека секоја промена позитивно влијае (барем според мое искуство).
За одредени работи ме дефинирале и бидејќи сум го сакал тоа, ми било задоволство да го работам едноставно ми било мило кога во туѓите очи сум бил перцепиран како „механичарот“, „докторот“, „апотекарот“ - небитно, карикирам. Но, од друга страна, колку год тоа да постанало дел од мојот идентитет и колку год да ми пријало никогаш не сум дошол во ситуација да си кажам па што ако утре јас ова не го работам? Зарем ќе е крај на светот? Не. Секогаш промената била добредојдена.
Како би изгледала работата од соништата?
Најверојатно како и ултимативната цел на секој од нас - без разлика во што некој е добар или ужива да го прави / работи, работата од соништата би била онаа која нема да ве врзи со рокови, ќе ви даде целосна слобода не само за патување и слични срања кога замислуваме такви бајковити сценарија туку најповеќе целосна слобода во смисла да си го вратите слободното време во мерка и количина која сами ја посакувате во било кој момент.
Денес работам 2 саати, утре ниту еден, по два дена работам 15 саати, после тоа ме нема 2 месеци и никому ништо - приходите се исти, напредува фирмата, јас сум релаксиран бидејќи времето го „трошам“ на себе и на тие околу себе, а работата е задоволство кое го правам затоа што сум хедонист и затоа што уживам во неа (па не ја земам здраво за готово) - работам кога сакам со полна пареа пошто тоа ме исполнува, а „одмарам“ колку год долго што сакам затоа што можам да си го дозволам истото.
Се' уште не сум достигнал до ниво мојата работа да помогне на поголем број на луѓе и со тоа да им го олесни животот (кога зборувам на повеќе мислам на илјадници, не само на десетици) и можеби тоа е ултимативната цел - барем лична во однос на работа, а од др страна се' уште сум човекот кој сака да менува и во новото кое го открива и го учи се обидува да биди најдобра верзија од себе, а со тоа и подобра од „конкуренцијата“ на пазарот.
Многупати и често тоа скапо е платено затоа што често кога се бориме со колегата на работа за подобрата позиција во фирма или со некоја конкурентска понуда која сакаме да ја топираме и да сме во подобра позиција на пазарот заборавме всушност дека таа трка е измама, всушност недоволно сме се тркале со самите себе и не сме се подобриле самите себе, не сме инвестирале во личен раст и развој, во доволна комуникација и мрежа со останатите за ултимативно со своето поголемо вреднување и со асетите кое ќе ги стекниме да бидиме препознати како доверливи до таа мера што нема да биди прашањето дали и колку подобро ќе ја добијат од нас услугата отколку од нашата конкуренција - туку прашањето ќе биди дали воопшто сме слободни за тие да се наш клиент или вајс верса.
Тоа школо обично во животот најповеќе ме коштало на професионален план, понекогаш сум бркал ветерници наместо да се посветам на себе.
Дали ја носиме работата дома? Па, зависно што работиш и на кое ниво, обично да - но не мора ултимативно да значи како физичка или ментална работа на било што (проект или нешто треба да сработиш надвор од работно време за да тоа утре функционира), најповеќе тука е онај аспект дали можеш да го исклучиш мозокот во битни моменти или во позадина секогаш ќе ти врти некоја нова идеја поврзана со твоето работно место или бизнис.
За на крај да дојдиме до тоа дали и колку/што би жртвувале за да се преквалификуваме. Тука секогаш најголема жртва кај мене била слободното време т.е. воопшто времето кое ми треба да научам нешто ново.
Ова секако зависи и од карактер до карактер, пошто како што реков на почеток човек сум кој сака промени и предизвици (колку год мали или големи и да биле), а од др страна има луѓе (а и сам сум имал моменти) кога не ми се менува нештото макар и крај на свет да е (обично тоа била или многу лагодна работа или многу профитабилна во моментот).
Интересна тема, пошто животот поминат само колку да ти е полн стомакот и да ги платиш сметките на 1-ви е ваљда повеќе контрапродуктивно за сопственото јас отколку да се биде искрен со сам себе и да се носат храбри и често болни одлуки.

Како вие гледате на вашата работа?
Дали си ја сакате и зошто?
Дали имате работа од соништата и ако не, како би изгледала таа?
Дали работата ве дефинира и е нешто по кое ве препознаваат, наоѓате ли идентитет во тоа?
Гледате ли на тоа како кариера или станало кариера бидејќи сте заглавиле во нешто кое морало да го работите?
Сте морале ли да продолжите семеен бизнис и како го прифативтте тој предодреден живот?
Што би компромизирале ако треба да се прекфалификувате?
Само издушете се на темава ако сакате и тоа ви помага да утре станете повторно и го повторите истото и истото и истото.
Ја носите ли работата дома?

, маж, дете, пријатели, роџаци све е тоа у ретровизор. Ок твојата струка е специфична као спашавање животи барем теоретски, но тие златни 18-30 никогаш нема да ги имаш повторно.