Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Ако остане Ензо мислам дека ќе бидеме многу добри сезонава.

Очигледно е дека и он и Кукуреља се амбициозни и мислам да игравме во ЛШ најверојатно ќе останеа.

Особено лошо ако отиде во Сити од сите екипи...

До душа, мислам дека ќе оди во Сити и 90% очекувам да играме без него, ама ќе биде како уште едно засилување да сме донеле ако случајно остане.
Дури ќе се осмелам да кажам и ако не излезе денеска инфо дека пак до крај на трансфер роков ќе има драми...
 
Тешка преврталка па што и правеше на Бенфика за да исфорсира трснсфер кај нас, пс сеа пр-ов го штити (пред нејкој ден пуштија инфо демек проблемите доаѓале од Пасторе агентот а не од него) ќе видеме што ќе пуштат кога ќе го продадат clmerlo јавува демек Сити понудил 120м па ќе видеме.
Jас како го имам проценето е дека братот е победник и не му се чека 3 години да игра ЛШ.

2 години по ред имаме 4 преодни рокови каде што имаме 1 погоден и 15 промашени трансфери. И кај мене на работа вака да ми прават ќе си барам чаре. Плус на тоа преговараат 1 година за нов договор и никако да се погодат (мислам дека не бара нешто неочекувано во денешниот пазар).

120м фунти барале челзи до денес до 4. Сити пратиле 120 ама евра, заебанти.

Јас да сум сега за сите ќе е 120м фунти, за Сити ќе е 150м фунти, па пак нека се заебаваат.

Роден победник е братот, се надевам дека ќе остане и се слагам дека ќе изгледа како ново засилување, исто како и Палмер, изгледа дека ќе вријат со Роџерс оваа година.
 
Многу борбен играч, ама нема ни грам мозок. Со жолт влегува во клинч, да се тепа, да се расправа ко тетка на цветен пазар. Мареска ја загуби средината, прво Силва, а сега и Родри. Не е ист профил на играч ко Родри, но дефинитивно ќе им даде квалитет. Плус Челси може ќе профитира од овој трансфер.

Куку требаше да биде продаден после светското, можеа да земат 5-10 мил плус за него. Хато досега не импресионирање со играта, ќе видиме како ќе се снајдат новите бекови.

Има и други интересни играчи, за замена на Енцо, на пазарот, како Морган Гибс Вајт, од Форест, лани даде 15 гола. Скот им е прв избор, Вортон резервен. Ниту еден од овие нема да биде под 70 милиони, мислам дека оставаат простор за голман откако ќе расчистат со Енцо и со уште неколкумина играчи кои се на висока плата и на излезна врата.

Се поврзуваат и со Зубименди, што е подобар избор од Скот.
 
Челзи сезонава со Алонзо гради поинаков прокет, никогаш ништо не се знае во фудбалот но за разлика од претходно како работеа порано ова е далеку подобар проект.


Енцо во кризата со Росениор беше од играчите што поднаа во форма, намерно или не ама како лидер во екипата требаше да истапи.
Да не збориме дека јавно се понуди на шпанските екипи.
Третманот од клубот и цената што ја бараат е тотално фер, не ни треба нов случај како што имавме со Куртоа за да на крај ние да преплатиме некој.

Вака ако навистина го сака Сити ќе плати, кога можеа за Андрсон да кешираат можат и за него.


Дека е добар играч е, тука нема сомнеж, ама на моменти знае и те како да изгуби контрола што тимот го чини после резултат.
Нов договор сега за сега не заслужи, поготово не од како ги подгреја шпекулациите и она поздравување на крајот на сезона со фановите, кое повеќе личеше на поздравување, збогување од што на извинување за катастрофалната сезона.

Секако ако остане наредната сезона сигурен сум дека он ќе биде првиот што ќе добие побогат договор, ама нека прво треба да го заслужи.

Инаку замени Фабиан Руиз, Зубименди, па што и не Џака.
Искрено некако Скот и Вортон ги гледам со резерва, пре би го земал Џака па тек наредна сезона доколку овие продолжат со добри партии би преговарал и така и така сезонава доколку го продадеме Ензо овие испод 80 мил нема да ги продадат ни едниот ни другиот а доколку пак изиграат уште една добра сезона догодина 100.
 
Добар играч е Енцо, но не е незаменлив. Ми се свиѓа што управата им даде рок на сити, ако планирате да го купите Енцо рокот е до денеска 18:00, цената е 120м фунти. После тоа не преговараме, Енцо останува во клубот.
 
Добар играч е Енцо, но не е незаменлив. Ми се свиѓа што управата им даде рок на сити, ако планирате да го купите Енцо рокот е до денеска 18:00, цената е 120м фунти. После тоа не преговараме, Енцо останува во клубот.

Договорено е да се прифати 120м фунти до петок 18:00, после тоа не важи и Челзи ќе одлучат дали друга понуда е прифатлива.

Може утре Сити да понудат 130 и Челзи да прифати, не е дека е затворен маркетот.

Се повеќе статии има дека Делап, Џексон и Нето си одат.

Вака изгледа: Нето во Ал Хилал, Џексон во Атлетико Мадрид и Делап во Евертон/Форест.

120-150м фунти да соберат од овие ќе биде одлично.

Цифрите што ги пишуваат се Нето-70+Џексон-60+Делап-50м фунти.
180м ако соберат од овие ќе е кражба на веков.

Конечно почнуваат да работат како што треба Американциве.
Автоматски споено мислење:

Just in од Ben Jacobs: Chelsea value Neto 'at £100m'

Идемо:
Со среќа нека ти е господине Педро
 
Последно уредено:
Ова ако го истуркаат ондак добро ќе се извадат од гомната напикани сами. Џексон и Делап незнам кој цреп ги донесе. Слично како Стерлинг кога го пазарија.
 
Лоши вести:

 
Гледам денес видео од Азар, става капуљача, пробува во фан шопот на СБ дали некој ќе го препознае...солзи сами капат прости ми што си отиде, не знам дали нешто зборел некад за таа одлука, ама мислам дека и он се кае. Што е тука е...

Делап 12ка, Жоао Педро 9ка, тоа значи скоро сигурно дека Делап ќе го увалат негде. Ќе видиме и со Џексон што ќе биде, а Нето по се' изгледа ќе оди во Саудиска.
 
Chelsea shirt number #9’s since 2000 :

• Liam Delap
• Romelu Lukaku
• Tammy Abraham
• Gonzalo Higuain
• Alvaro Morata
• Radamel Falcao
• Fernando Torres
• Franco Di Santo
• Steve Sidwell
• Khalid Boulahrouz
• Hernan Crespo
• Mateja Kezman
• Jimmy Floyd Hasselbaink

Up next, Joao Pedro...
 
Уф, ме мрзеше да пишувам на долго, а и ми беше страв ако пишам дека од Донев ќе добијам "kako ne...", "nema veze..." или "kako ne, nema veze..." :D

Ќе пробам на кратко, ама не знам колку ќе ми успее па во спојлер ќе го ставам

Кога дојдоа Американциве на власт, имаше луѓе со теории на заговор дека ќе пробаат целосно да го контолираат клубот и да си (го) направат свој.

Нормално, повеќето ова го отфрлија како глупава теорија и не се замараа многу со истово.

Почна Америве со ептен ствари што и сам ги знаеш, ама освен тие конкретни работи што им се опис на работно место, почнаа и со форсирање на музики, форсирање на некои американизми на самите натпревари, тук и таму одбивност према веќе постоечки традиции на фановите и работи што генерално овие теоретичариве на заговори ги сметаа како "Eve, vi rekovme..."

Нормално, нормалните луѓе сметаа дека ова е глупаво, не се сложуваа со овие од погоре и покрај тоа што не ја земаа страната на Клирклејк/БлуКо

Потоа, се повеќе почна да се форсира фразата CFCLDN на маички, маркетинг кампањи и генерален merch.

За референца - Chelsea Football Club и Stamford Bridge се во сопственост на Chelsea Pitch Owners.

Форсирањето на CFCLDN наспроти Chelsea Football Club како бренд, овие теоретичариве на заговор го сметаа како "eve be...vi rekovme..."

Повторно, нормалните луѓе не ја земаа страната на оваа група на луѓе и сметаа дека преувеличуваат (но сепак, се на нивна страна дека е глупо ова што го праат 'мериве)

Веднаш по тоа, почна нова теорија на заговор од овие луѓе кои приметија дека се повеќе на дресовите на Челзи го снемува логото на кое што пишува "Chelsea" - лани третиот дрес беше ретро со CFC логото, годинава е само Лавчето...
Нормално, нормалните луѓе сметаа дека ова е преувеличување и е малце ретардирано.

Веднаш после ова - излезе оваа вест.

За нас од земјава, не е ништо ново промена на име, ама тука веќе јас и останатите фанови на Челзи приметуваат дека нешто не е во ред.

Па така, од Chelsea u18/Chelsea u21/Chelsea Academy...одеднаш го снемува зборчето Челзи - кое што моменталните сопственици НЕ го имаат во своја контрола и форсираат фраза со коja што тие може да прават што сакаат.

Сега за сега... ќе видиме.

Морам само да потенцирам дека јас сум на страната на нормалните и до сега ми беше надреално дека нешто вакво би се случило... Ќе видиме како ќе оди натаму.
Ако овие што веруваат во заговори се во право тогаш може да се очекува нешто вакво:

По младите - името да се смени и на дамите. Па така ќе има некоја "WE ARE OWN OUR (WO)MEN - INTRODUCING THE NEW IDENTITY! THEY ARE NOT YOUR USUAL CHELSEA.... THEY ARE BETTER....." маркетинг кампања каде што Chelsea Women ќе стане CFCW или нешто слично... Што пак, ќе биде дочекано со 'Добро, жени се, гајле ми е, шо има везе, различни се, добро е да има свој идентитет..."

Па таму негде 2030 за 125 годишнината од постоењето на тимот да се смени логото во Пензионерот сам или некој микс од Пензионерот и Лавчето... Па после тоа полека и смена на логото "Микс од модерното, традицијата и футуризмот! ИНТРОДЈУСИНГ CFCLDN2K35 MERCH ЗАЕДНО СО ЏЕЈ ЗИ И ДИЏЕЈ КАЛИД!!! #GodDid"

И нели тука ќе биде "Е ако де, сто пати сме мењале лого, шо има везе..."

Па после тоа ќе се смени легалното име на Челзи во "CFCLDN LTD 2k30" или нешто слично, каде што муабетот ќе биде "Е ако де, ова е само името на фирмата, екипата си е иста.... Ете официјалното име на Вардар е ФК Вардар АД, па никој не вика "Ќе идам да ги гледам АД" сите си викаат Варадр..."

Па после тоа сопствениците на CFCLDN ќе направат нов стадион кои може да го прават без да ги прашаат Chelsea Pitch Owners бидејќи "А бе не е ова за Chelsea Football Club, немате легално право да се буните, ова е за CFCLDN, еве, видете ги документите, легано не можете ништо" - што е наоѓање дупка во закон, што е нешто што овие сопственици го прават секој ебан ден.

И после тоа...ќе видиме.

Пак да напоменам - ова е farfetched за мене, не велам дека ќе се случи или дека нема да се случи, светот се менува од ден за ден, воопшто да се прават предвидувања за во иднина е глупаво, ама некој до пред 2 години да ми кажеше дека Chelsea u21 ќе стане Cobham Next Gen ќе го нареков идиот што мисли дека вистинскиот свет работи како ПЕС, па ете ако немаш лиценца за Chelsea само ќе го смениш името малце и логото... Ама...
Автоматски споено мислење:

Chelsea shirt number #9’s since 2000 :

• Liam Delap
• Romelu Lukaku
• Tammy Abraham
• Gonzalo Higuain
• Alvaro Morata
• Radamel Falcao
• Fernando Torres
• Franco Di Santo
• Steve Sidwell
• Khalid Boulahrouz
• Hernan Crespo
• Mateja Kezman
• Jimmy Floyd Hasselbaink

Up next, Joao Pedro...
А баш имаше аура 20ката.... Криво ми е малце што го смени, ептен добро му стоеше....

Ако и Педро има лоша кариера со оваа бројка мислам фер е да го банираме бројов засекогаш
 
Последно уредено:
Почнува ПЛ денеска, па мислам фер е стандардно да се пишат очекувања.

Помалце натпреварувања годинава па така....

Би било добро да се освои некој куп. Секоја година го кажувам ова, ама ете бе, немаме Европа, имаме долга клупа... Нема зошто да не се проба ова...

Сакам да кажам дека можеби може да се бориме за титула или топ2 финиш во ПЛ, ама реално пола од тимов е под ниво, па најфер би било топ4 пласман. Ако завршиме топ3 за мене тоа е ептен успешна сезона на Чаби.

Многу е битно да видиме како ќе се развива Естевао и како ќе менаџира ротации Алонсо, а исто ќе видиме и дали Ензо ќе остане. Ако остане, не смее ни под разно да се мисли за 5-6 место пласман, со ваков тим императив е сигурица топ4, без разлика на многуте фалинки.

Се надевам Палмер ќе има јака сезона, лани падна, мора да се врати на добрите статистики годинава.
Дали Палмер се зезна со бројов или не ќе видиме, ама негде горе доле близу 20 гола би била реална бројка што ја очекувам од него. Не знам зошто, ама од Роџерс не барам конкретни бројки, мислам добро е тој само целосно да внесе некакво флоу и енергија во екипава како Палмер на почеток, па со самата енергија да дозволи повеќе простор за Палмер и обратно.

Ќе видиме Италијанецов и Шпанецов колку ќе играат годинава во прв тим, а исто ќе видиме и Џејмс колку е здрав и прав за играње.

Не знам, хајпнат сум за сезонава, мислам дека и ова значи повеќе ќе го пцујам Чаби ако почне да влага во перформанси што ги добивавме во ерата на БлуКо...

Конкуренцијата е зезната како и секогаш, ама можеби Сити ќе паднат годинава? Јунајтед ќе играат и ЛШ што ваљда ќе им е минус.... Па така да, нема простор за математики, мислам мора топ4 да се фати и менталитетот на екипава да се врати каде што беше.

Почнува ерата на Чаби. Почува патот кон тројка.

П.С. Многу ми се допадна ова за никнејм :pos:

1787299975944.png
 
0 официјални натпревари.

Веќе ја врати Лигата на Шампионите на Стемфорд

Маестро Чаби Алонсо :cuc: :cuc: :cuc:

 
Back
На врв Bottom