Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Овој Армер има добар потенцијал. Како го ископаа во академијата секоја чест. Многу ме изненади денес. Јоро и Хевн доста стабилни. Амас беше коректен ама по негова страна дуваше промаја неколку пати каде Лидс направи сериозни шанси.

Тајлер Флечер доста лош, а и неговиот брат Џек во второ не беше нешто посебно. Пишав претходно дека далеку се од прв тим. Позајмица во Чемпионшип па ќе видиме потака. Колиер е каде каде пред нив на пример.

Тилеманс е страшен играч. Се радувам на неговиов трансфер и конекцијата што ќе ја имаат со Бруно. И Зиркзе изигра посебно добар меч. Мбеумо и Амад исто така на високо ниво. Мбеумо како шпиц од меч во меч делува подобар и експлозивноста што ја сакав од него ја гледам на минативе натпревари.

Куња се гледа дека му фалат минути, ама ако игра на 9ка ќе има најголем бенефит од Тилеманс и Бруно. Мада и лево може истиот бенефит да го има.

Томпсон детето е далеку од прв тим...Има во него фудбал и простор за напредок но му требаат минути во резервите или позајмица.
 
Со оглед дека периодов има затишје за Вортон и нема некој особен интерес би бил да се проба до која сума можеме да го доведеме. Сигурно нема да биде некоја висока сума. Двојка од Сантос/Вортон-Коби/Тилеманс ќе има безброј комбинации. Дури и Бруно ќе може да одмори во некоај форма на 4-3-3 без класична 10-ка а со избалансирана средина.
Да ама мислам не сакаат да го продадат така апла. Мене после Бруно ми е најдобар за гледање, ама не е он замена за Каземиро. Кога би имало простор, со две раце потпишувам.
Автоматски споено мислење:

Овој Армер има добар потенцијал. Како го ископаа во академијата секоја чест. Многу ме изненади денес. Јоро и Хевн доста стабилни. Амас беше коректен ама по негова страна дуваше промаја неколку пати каде Лидс направи сериозни шанси.

Тајлер Флечер доста лош, а и неговиот брат Џек во второ не беше нешто посебно. Пишав претходно дека далеку се од прв тим. Позајмица во Чемпионшип па ќе видиме потака. Колиер е каде каде пред нив на пример.

Тилеманс е страшен играч. Се радувам на неговиов трансфер и конекцијата што ќе ја имаат со Бруно. И Зиркзе изигра посебно добар меч. Мбеумо и Амад исто така на високо ниво. Мбеумо како шпиц од меч во меч делува подобар и експлозивноста што ја сакав од него ја гледам на минативе натпревари.

Куња се гледа дека му фалат минути, ама ако игра на 9ка ќе има најголем бенефит од Тилеманс и Бруно. Мада и лево може истиот бенефит да го има.

Томпсон детето е далеку од прв тим...Има во него фудбал и простор за напредок но му требаат минути во резервите или позајмица.
Да Армер многу стабилно изгледаше. Испадна од позиција 1-2 пати, ама постабилно од Јоро ми изгледаше.
Зиркзе, бати играчот, има фудбал во него, ама не е за ПЛ, многу е нежен и спор за оваа лига. Инаку знае ќејфови да направи, ама само на пријателски :D
Генерално пријателскиве излегоа добри, макар што ништо не мора да значи. Ќе ни фалат неколку поискусни играчи во ростерот.
Флечеровци, па и татко и не беше некоја машина, ама се пробутка скоро цела кариера во Јунајтед. Нека ги праќаат на позајмица, вака нема напредок со по неколку минути на терен.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom