- Член од
- 2 април 2025
- Мислења
- 434
- Поени од реакции
- 2.146
Да, ептен е лесно. Особено за празници немаш време ни до тоалет да отидеш. Уште не е отворен маркетот, а редот веќе чека пред врата.
На каса редот стигнал до месара. Еден бара штеки цигари, друг се кара зошто една цена стои на рафт, а друга излегла на каса, иако некој друг не ја сменил. Ама ти си крив, нормално.
Па има и такви муштерии што ќе ти ги бројат парите по една монета пред тебе, ќе ја читаат сметката ставка по ставка, а редот зад нив нервозно чека.
Во меѓувреме мислиш да не снема фискална ролна, слипови за картички, цигари, ќеси...
Има и такви што очекуваат се да им спакуваш, па и во количка да им наредиш, додека тие стојат и гледаат.
Гратис собираш корпи и колички од паркинг, го чистиш паркингот, магацинот, целиот маркет, канцеларијата, кујната, тоалетите... Пауза за кафе? Тоа само на слика.
Јас сама на прва каса имам направено речиси 600.000 промет за Нова година. За еден човек не е малку, особено кога во исто време треба да работиш на каса, а другите редат роба. И сето тоа без ниеден денар мањак.
Ама да... многу е лесно. Толку лета времето што од нервоза само гледаш во саат и чекаш конечно да киднеш дома.