Преводот е точен, ама не е Путин Ванѓа. Буцка, инаку сите граници се поместени на запад на рачун на Германија која е губитник на војната. Не само Украина, Белорусија има гоолем залак земано, а Литванија пак. Ако почне така треба да се иде бар 2000 години назад.
Благодарам!
Неспорно дека имало, има и ќе има територијални прекројувања.
Проблемот е во тоа дека РФ започна СВО за да спречи влез на ОТАН во Украина, а сега им нуди на овие ЧЛЕНКИ на НАТО да приграбат делови од Украина, овде луд јебе збуњеног.
Оправдувањето дека се работи за маневар со кој ќе се предизвика можен судир во НАТО со ваков чекор е несериозен/детинест.
До ваков развој сигурно нема да дојде, по излетите на Калигула со Венецуела, Куба, Гренланд, Канада и ... се создава хаос во односите и се креира позиција за нови и нови воени судири...
Како и да е со ваквиот став на Путин најмногу губи Русија, сега можеби не се гледа ама наскоро ќе стане видливо.
Се добива впечаток дека ваков развој е веројатно договорен во Енкориџ, Путин седнал со Трамп и по умот на Трамп тргнал е па нема далеку да стигне, ќе му се врати како бумеранг, ако е Трамп луд погрешно е да се прави било каков договор со таков лик (некои сметаат дека овој е геније) но времето ќе покаже дали ваквиот чекор е погрешен (според мене неспорно).
Како РФ ја зајакнува својата позиција ако на овие 3 држави им нуди територија од Украина, веројатно само тој знае.
Ако целта е да се избегне поголема ескалација/WW3 повторно е погрешнo затоа што на неправда не може да се гради ништо.
Овој настап на Путин претставува вистинска-коренита промена на политиката која ја води РФ и ќе доведе до целосен колапс на сите иницијативи кои до сега ги градеше а требаше да изродат еден нов поправеден свет...