Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    637
@Lurtz ако го имаш освен видеото прочитано и текстот (а претпоставувам си прочитал) ќе ја знаеше точната причина,
а и јас ја пишав погоре ова прегазенава џукела иако имала сопственик и се наоѓа на улица претходно го усмртило нивното милениче, па женава решила да му пресуди на свиреп начин бидејќи поинаку не можела да се одмазди.
 
И што, се враќаме на крвна одмазда ко у најзатуцани планински села у муслимански држави? Јас не сум газда на куче но љубител на животни сум, не можам да си замислам така да дејствувам. Разочарувачки е дека се оправдува тоа.
 
што е повреден животот на џукелава од животот на миленичето на жената, одговори ми како љубител на животни не како сопственик?
 
Ако еднаш нападнало и задавило куче, сигурно не му било прво а ако останело живо немало да му биде ни последно ... така да женава добро постапила при елиминирање на целта. Ова е очигледно чувано и пуштено да се шлае, така да штета што и неговиот сопственикот не заврши под тркало.
И доста ја обвинувате жената, гледајте си ги работите во ваш двор, она има да се докажува на суд поради која причина постапила така.
 
Ако еднаш нападнало и задавило куче, сигурно не му било прво а ако останело живо немало да му биде ни последно ... така да женава добро постапила при елиминирање на целта. Ова е очигледно чувано и пуштено да се шлае, така да штета и сопственикот негов што не завршил под тркало.
конечно здраворазумно размислување, истото е и со оние од сликата погоре прашање е колку пати каснале човек досега а и уште колку пати ќе го направат истото
 
Кога некој е подготвен толку ладнокрвно и без око да му трепне да прегази животно само затоа што му пречело, тоа покажува комплетно отсуство на емпатија и човечност. Ако вака лесно и безизразно се посегнува по живот за ситна фрустрација, што останува утре за човек ако ја вознемири?
 
А зошто сопственикот на изгазеното куче, покажал комплетно отсуство на човечност и емпатија кога неговиот ѕвер пуштен на слобода го удавил нивното куче и ги нападнал и газдите?
 
Па не викам дека и тој сопственик не треба да сноси одговорност. Неодговорно сопствеништво и пуштање опасни кучиња без надзор е исто така кривично дело и загрозување на животи.

Значи за тоа се повикува служба и полиција, а не се зема правдата во свои раце со прегазување.
 
Сите сме адвокати зад тастатура, ама ти како доктор треба да знаеш за афект и дека во 5 секунди може да се донесат секакви одлуки. И секој може да доживее афект не мора да значи дека е психопат или има психички пореметувања.
 
доста често возам точак рано наутро некогаш и пред 5 во лето како спорт за кондиција и здравје,
просто не можам да ти објаснам колку пати сум морал да престанам со возење и да се симнам за да не бидам кутнат од џукеливе а со ништо не сум ги предизвикал за напад,
а сум видел и дека напаѓаат луѓе од чиста мира без да бидат провоцирани воопшто т.с луѓево само се движеле во "нивната зона" т.с на јавна површина
Пред недела дена "спасив" ако може така да се каже, жена, точно пред манастир!
Со мотор бев, огромна црна џукела сред улица.. намалив..
Кога овоа тргна накај една жена да ја лае, и се пушти!
Му го пресеков патот, revv-bomb... избега!
А сигурно е на некој од тоа куќите тука кај димко митрев..
Автоматски споено мислење:

Значи за тоа се повикува служба и полиција, а не се зема правдата во свои раце со прегазување.
Недај Боже моето да било, ќе ме читаш у црна хроника!
Ама и газдата ќе си добие "белези" :cautious:
 
Сите сме адвокати зад тастатура, ама ти како доктор треба да знаеш за афект и дека во 5 секунди може да се донесат секакви одлуки. И секој може да доживее афект не мора да значи дека е психопат или има психички пореметувања.
Јас како човек, а и ти исто како човек треба да знаеш дека без разлика колку и да е афектна ситуацијата, и колку и да си исфрустриран и нервозен, не треба да седниш зад волан и да згазиш живо суштество.

Немам никаква емпатија ниту разбирање за таков лик. Не си човек за мене.

И не можам да гледам видеа кај што малтретираат идиотите животни, ги тепаат и се изживуваат зад нив. Не.
 
И не можам да гледам видеа кај што малтретираат идиотите животни, ги тепаат и се изживуваат зад нив. Не. дај боже да осетиш да ти нападне онаков ѕвер член на најтесно семејство никогаш и никогаш да не бидеш во ситуација да се мислиш дали да реагираш онака.

Дај боже никогаш да не бидеш во нејзина ситуација и онаков ѕвер да ти нападне најтесен член на семејство/дете па да треба да се мислиш дали да решаваш така или да чекаш полиција/записник етсера..

п.с Не мислам на нивното куче, и ги нападнало и двете деца и едвај спасиле на жива глава.
 
Јас како човек, а и ти исто како човек треба да знаеш дека без разлика колку и да е афектна ситуацијата, и колку и да си исфрустриран и нервозен, не треба да седниш зад волан и да згазиш живо суштество.

Немам никаква емпатија ниту разбирање за таков лик. Не си човек за мене.

И не можам да гледам видеа кај што малтретираат идиотите животни, ги тепаат и се изживуваат зад нив. Не.
Прееска додека се враќаав со кола, чекав на црвено да се запали зелено за да продолжам (Веро 2). Една жена без емпатија си ја искења џукелата (бел бишон) пред самиот пешачки и продолжи како ништо да не се случило. Едностано немам емпатија према луѓе кои се без емпатија према сите останати во општеството. Прашањето е кој е тука поголема џукела, сопственикот или кучето кое се искења пред самиот пешачки.
Да, почитувам кучиња кои не се закана во општеството, но ова домашниве чувани кучиња со нивните сопственици се најголеми џукели некогаш родени во Македонија.
 
Последно уредено:
што е повреден животот на џукелава од животот на миленичето на жената, одговори ми како љубител на животни не како сопственик?
Никој не рече дека е повредно, туку дека ти како човек имаш резон, а тоа е животно и се води по инстинкт. Тоа дека тоа куче и сопственикот треба да сносат последици е така и тоа го назначив, дека од нефункционалноста и од главата си патиме, не сум го оспорил. У таков дополнителен случај ако иде ловџија на лов убие рециме мало на мечка, тогаш мечката треба непречено да може да го суреди ловецот и да не го сметаме за трагедија, да го има онака, ко фуснота у новини? Исто еве, некој ако убие од скитнициве непровоцирано, автоматски им се дава правото на чопор кучиња да го раскинат жив ко правда? Или ако комшо ти го отруе кучето, отрујо го комшо, око за око, заб за заб.
 
Прееска додека се враќаав со кола, чекав на црвено да се запали зелено за да продолжам (Веро 2). Една жена без емпатија си ја искења џукелата (бел бишон) пред самиот пешачки и продолжи како ништо да не се случило. Едностано немам емпатија према луѓе кои се без емпатија према сите останати во општеството. Прашањето е кој е тука поголема џукела, сопственикот или кучето кое се искења пред самиот пешачки.
Да, почитувам кучиња кои не се закана во општеството, но ова домашниве чувани кучиња со нивните сопственици се најголеми џукели некогаш родени во Македонија.
Ама тоа е до сопственикот, и самиот кажа.
 
Back
На врв Bottom