Добро е шо играме 1 коло одма дома со Ла Риоха, можи и директниот конкурент за тоа второ место и пролаз понатаму, се е можно во прво коло, недоволни припреми, потценет противник, се бива, тука реално имаме шанси за победа во Битола, ако влезат лабаво гостите како други пред тоа шо биле, можи да го кркаат, ама за се тука зависи и нашиот дел како Лино до тогаш ќе си скоцка и среди неговите пулени

На меч со малку голови мислам ги добиваме, шпанците се научени на run & gun ракомет и меч со над 60 гола, ако ги затвориме и ги натераме на грешки наши се, инаку се работи за доста сериозна екипа, лани завршија втори веднаш зад Барселона.
Вибжеже Гдањск, му го видов составот, претежно млада екипа, освен киклопите двајца во одбрана, кои заедно имаат 73 години (Перет и Змавц) од попознатите играчи тука му е левото крило Чаплински и репрезентативец на Полска, не треба потценвање и нив ама имаме реални шанси тука за победа, иако идат од четвртиот шешир, сепак се Полска екипа и ракометот таму е понапред од нашиот....
За со Гумемрзбах не трошам зборој, дефинитивно многу посилен противник од Пелистер.