Ако на таа пара размислуваш како да избегнеш данок, не се чуди после како размислува службеник кој зима 35к и му се нуди мито.
Треба да се има разбирање за овој став, затоа што овие од УЈП ме имаат дупено со 300 глупости низ годиниве. Годинава 2 пати ме контактираа дека не сум платил данок за лани, прво за 12 месеци, после за 3. Со опомени, со закани (ќе ми наплатат присилно) итн., а јас уствари се си имам редовно пријавено и платено. На крајот се напнаа и за сумата што јас сум ја платил (не одговараше со таа што ја имаа тие пишано) за после тоа да испадне дека уствари тие користеле погрешен курс (наместо од денот на исплати, си ставија денешен курс).
На крај, јак програмер за 1 година може да плати персоналец колку што просечен Македонец ќе плати за 10-15 години.
Чисто за пример. На нето плата од 42К денари, данок на личен доход е 3452 денари. Годишно тоа е околу 670 евра. Јак програмер плаќа толку од една плата што ја добива. Да не збориме за некој што вади над 6 цифри.
На крајот, за парите што ги плаќаш не добиваш ништо повеќе од било кој човек во државава, дури и најчесто добиваш помалце, бидејќи ги немаш врските во институциите што ги има рандом државен службеник.
Како и да е, во многу други држави во околинава вакво нешто како нашето со 10% данок не постои. Те присилуваат да имаш фирма, па гледаат со колку фирми соработуваш, ако видат дека соработуваш со една фирма можат да те присилат да се осигураш на целиот износ што го земаш итн...
И кај нас ќе се сменат овие работи за некоја година, очекувам дека нема да можеме уште долго да тераме со само 10%.
Така да јебига, сите сме фрустрирани од време на време и ни иде да баталиме било какво плаќање и да тераме на црно. Само што тоа си носи други проблеми.