Мора да кажам дека иако цел живот ја поддржувам Англија на големите натпреварувања, многу ми е ќејф за Меси и Аргентина.
Цело првенство се плаче за смешни ситуации против Аргентина, а повеќето ги има на рандом натпревари. Ама тоа што ме фасцинира е што сите до еден играат со муда, даваат 110% од себе и се борат до сам крај за победа. Така се игра кога го носиш дресот на нацијата, само заради борбеноста и страста што ја покажуваат заслужија финале.
Денеска сосема заслужена победа. Тухел си даде автогол што толку рано се повлече и пушти 5 стопери во игра. Не заслужи Англија пролаз по 90 минути никако, а поразот им дојде како казна за тактичките глупости на менаџерот.
И секако, Меси е апсолутен бог на фудбалот. Кој не мисли така, слободно нека и се придружи на бијонс во запознавање на тенисот како спорт.