CN – Народна Република Кина

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Грешна ти е табелава. БМВ во Кина е 15% пефтино од Америка, за некои модели и 30% како Серија 3. Тоа е ради игрите на кинезите со цените кои им ги праат. А Америка плаќа премиум цена. Можда помалце коли таму продаваат но имаат поголем профит.

Иначе за да им удоволат на тие кинези европјаниве дизајнираат некои мики маус модели што се ултра грди. Затоа да имаш работа со кинези е и клетва, не ги сакаат истите работи кои ние ги сакаме.

Пример новото Х5

blobid0.jpg
Еј ама овие муабетиве грешна ти е табелата на некој трет. Ова беше чисто од Чет Џпт.

Ама пошто се инаетиш еве ти официјални цени од БМВ во Кина.

Само за пример Х3ката базичен модел е 318.000 јуани, фуллот е над 400.000 , колку што е наведено во табелава.



Дури и да биде 15% поефтино.Тоа не е енормна разлика во цените капиши? Или ќе продолжиш со релативизација?


Дали биле грди или не тоа нема да дебатирам. Таа релативизација не ми е потребна.
Погрешно е само тврдењето дека енормни се цените за возилата и демек во Кина за кикиртики ќе земеш БМВ Х5ка а во САД ќе те кошта тоа 200.000 долари.
 
Ронче, ВМВ и да е 200 000$ во САД, не значи дека џерманците ги земаат тие пари. БМВ мање више исто заработува од колата. Разликите во цени се ради царини, посебни давачки, данок на луксуз и сето тоа оди во државна каса, не во џеб на БМВ.
Посебно на големите пазари производителите даваат поголеми маржи.
 
И откако Кинезите почнаа да јадат змии и гуштери станаа малкуцка попаметни, барем така се чини,


Ронче има и за тебе еден дел со модлеи на автомобили, секако футуристички дизајн и уште ..., кој ли ги купува?

не сум знаел имало некаква си робо-ехпо 2026 ..., зошто овде па најголем број експонати робо-ВИ се од Кина,


е сеа жалам ама заради големината видеово ќе мора да го гледате во апликацијата :)
Се прашувам како ли Кинезите че го решат прашањето со пензии за 10-20-30 години, има ли некој да знае ;)
 
1784325718899.png
Извозот на патнички автомобили од Кина го надминува вкупниот извоз на Германија и Јапонија - пред 10 години, тој беше 15 пати помал.
До средината на 2026 година, годишниот извоз на патнички автомобили од Кина на глобалниот пазар надмина 8,3 милиони единици.
Во меѓувреме, извозот на Германија е само 3 милиони, а на Јапонија е околу 5,2 милиони.
За прв пат во историјата, кинескиот извоз го надмина комбинираниот извоз на Јапонија и Германија.
Но, ова не беше секогаш случај: пред 10 години, Кина извезуваше само 600.000 патнички автомобили годишно. Извозот на Јапонија во тоа време беше 5 милиони, додека на Германија беше 4,3 милиони. Оваа разлика беше 15 пати поголема, но беше целосно затворена за само една деценија.
Стагнирањето на индустријата во Јапонија и кризата во германската автомобилска индустрија се исто така значајни.
По пандемиската криза од 2020-2022 година, Јапонија успеа да се врати на нивоата од 2010-тите - приближно 5 милиони извоз на патнички автомобили годишно.
Сепак, Германија не успеа да се опорави: моментално извезува 25–28% помалку автомобили отколку пред 10 години - 3,1 милиони наспроти 4,3 милиони.
 
Back
На врв Bottom