Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Аман шеф, што стори 30000 денари? Секој ден бифтеци да не јадите? Колку луѓе живеете во една куќа? Малце претеризам е ова искрено, незнам, образложи како трошиш 30000 денари месечноо за храна, освеј ако секој втор дена порачуваш храна/јадиш надвор? Одам пазарам еднаш месечно за 6000-8000 денари, ја преполнувам количката од се и сешто, си одам дома растоварам, во текот на месецо уште 3000-5000 денари трошиме за јадење.

Сепак, да не си PeppaPig случајно па да јадиш како за 3-ца? Тогаш разбирам.

Приказни за мали деца, еднаш месечно купувал за 6-8000 денари и после трошел уште 3-5000 денари до крај на месецот :pos:

Ти си феномен ако те дознаат власиве ќе те прогласат за национален херој и биста има да ти направат, еден просечен ручек да направиш испод 250-300 денари не си (x3 на ден) додај на ова уште стотка две пијалок или нешто стрвост и отиде 1000 денари на ден. Уште па пишал домати дека купувал по 30-40 денари, ова може ако го збираш ѓубрето на крај на пазарен ден да не го фрлаат пазарџиите

Како сакате вртете ја работата испод 400-500 евра не се поминува за храна, толку е и во потрошувачката кошница 26к за 3ца мислам
 
Последно уредено:
Уф... Па ти во Немачка си била и сеа сакаш да се тешиш дека тука е полошо...
Да ти кажам искрено не е... Сеуште многу подобра, поздрава и поефтина храна ќе се најде тука од таа во Немачка... А Немачка во блиска иднина навистина ќе биде Немачка..
За поефтина ќе почекаш, во темата Македонци во Германија ти споделив цени со кај нас. Можи порано можевме да се пофалиме со поздрава храна ама сега курац, доматите шо ги јадеме преку цела година кај нас се чиста пластика, јаболката прскани по 16 пати можи се поздрави
Живеев долго време де таму де тука и во тек бев цело време со цените, така да тој филм на друг да му го кажваш
 
Приказни за мали деца, еднаш месечно купувал за 6-8000 денари и после трошел уште 3-5000 денари до крај на месецот :pos:

Ти си феномен ако те дознаат власиве ќе те прогласат за национален херој и биста има да ти направат, еден просечен ручек да направиш испод 250-300 денари не си (x3 на ден) додај на ова уште стотка две пијалок или нешто стрвост и отиде 1000 денари на ден. Уште па пишал домати дека купувал по 30-40 денари, ова може ако го збираш ѓубрето на крај на пазарен ден да не го фрлаат пазарџиите

Како сакате вртете ја работата испод 400-500 евра не се поминува за храна, толку е и во потрошувачката кошница 26к за 3ца мислам

Не планирам да те убедувам искрено. Сакам да напоменам, дека јајцата, млекото, сирењето, изварката, свинското месо ми се прилично од домашно производство (не лично, пријатели/роднини). Ако не си запознаен, на Пелагонискиот простор доста се сади зеленчук и овошје, буквално на улица да излезиш во сабота еден тон луѓе продаваат, на пазар исто, доста намалени цени оти има сега во изобилство, бујрум во кој сакаш град од Пелагонија, види сам, не планирам да те убедувам, и не е ѓубре, домашно производство е, премногу го има периодов, и се продава евтино оти многу луѓе продаваат, обично пензионери да направат некој денар настрана.

Ти оди во 7-мица/Baking Bread и ужувај во свински коски/мадлаци/нозе/коњско месо мешано со пилешко и нека ти продаваат фора дека е 100% телешко иако макс 15-20%.

200-230 евра макс трошиме за 3-члено семејство за купечка храна, со обзир тоа погоре што ти пишав дека ми е од ЛОКАЛНИ ЛУЃЕ, незнам како да ти објаснам, не се ни стегам кога пазарам купувам тоа што ми треба, не ми е убаво да зборувам за пари но во ситуацијава ќе ти кажам дека дома двајца работиме за странски клиенти со ЕУ плати и стварно не се стегаме кога ќе излезиме да купиме нешто во обзир дека МКД стандард на цени има (блиску до европски за некој работи се ама ај).

Вие од Скопје ако ви наплаќаат багатела цена, плаќајте, тоа е, немате ни избор толку и разбирливо е да ви е поскапо малце.
 
Последно уредено:
Не планирам да те убедувам искрено. Сакам да напоменам, дека јајцата, млекото, сирењето, изварката, свинското месо ми се прилично од домашно производство (не лично, пријатели/роднини). Ако не си запознаен, на Пелагонискиот простор доста се сади зеленчук и овошје, буквално на улица да излезиш во сабота еден тон луѓе продаваат, на пазар исто, доста намалени цени оти има сега во изобилство, бујрум во кој сакаш град од Пелагонија, види сам, не планирам да те убедувам, и не е ѓубре, домашно производство е, премногу го има периодов, и се продава евтино оти многу луѓе продаваат, обично пензионери да направат некој денар настрана.

Ти оди во 7-мица/Baking Bread и ужувај во свински коски/мадлаци/нозе/коњско месо мешано со пилешко и нека ти продаваат фора дека е 100% телешко иако макс 15-20%.

200-230 евра макс трошиме за 3-члено семејство за купечка храна, со обзир тоа погоре што ти пишав дека ми е од ЛОКАЛНИ ЛУЃЕ, незнам како да ти објаснам, не се ни стегам кога пазарам купувам тоа што ми треба, не ми е убаво да зборувам за пари но во ситуацијава ќе ти кажам дека дома двајца работиме за странски клиенти со ЕУ плати и стварно не се стегаме кога ќе излезиме да купиме нешто во обзир дека МКД стандард на цени има (блиску до европски се ама ај).

Вие од Скопје ако ви наплаќаат багатела цена, плаќајте, тоа е, немате ни избор толку и разбирливо е да ви е поскапо малце.
Во 200 евра ставаш и месото и сирењето што купуваш локално ?
Ами намирници од типот на масло, брашно, сол, зачини кај се.
Океј еве и да купуваш локално, три пати денот јадете и ќе ме убедиш дека со 300 денари денот го врвите тројца во семејството што во просек доаѓа по 100-ка на човек, не дупиш ти нас нешто или :)
 
Доста евтино ми идат јајцата, млекото, сирењето, изварката, свинското месо.

Не те дупам, ја дупам девојката и другарка и.

Како што пишав, од мои луѓе ги земам и евтино доста плаќам. Те молам кркај си авокадо и пршута и не ми реплицирај повеќе, да сте здрави живи и ти и беблако.
 
:love:Доста евтино ми идат јајцата, млекото, сирењето, изварката, свинското месо.

Не те дупам, ја дупам девојката и другарка и.

Како што пишав, од мои луѓе ги земам и евтино доста плаќам. Те молам кркај си авокадо и пршута и не ми реплицирај повеќе, да сте здрави живи и ти и беблако.
Абе речи си муфте ми даваат не се срами :)
Збораме за колку примања се потребни за нормален живот на едно семејство, вие измешавте и баби жаби и авокада и маслинки и швалерки и све.
За некој нормално е да јаде авокада и да пие цеден сок од калинки секое утро, за некој е нормално и пиво со ручекот да пие, ама севкупно гледано за нормална исхрана се сложуваме сите дека 30.000 плус минус бегаат за исхрана, нормално ако немаат пријатели од на село секој месец јајца и месо да му носат :)
 
@cholismo ne jadi makaroni i spageti ne deka i e ispod casti tuku najverojatno ne ni znaj da gi zgotvi :toe:
Автоматски споено мислење:

А бе не ти пасува битолскиот ич, како од скраја да си паднат. :D

Владимир чита и се нервира.
Jas ako se nervirav za vakvi raboti kaj ke mi bese krajot tuka so tolkava koncentracija na drasnati :D
 
@cholismo ne jadi makaroni i spageti ne deka i e ispod casti tuku najverojatno ne ni znaj da gi zgotvi :toe:
Знајш каква карбонара правам ? Ми идеше бакшиш да си оставам откако ја изедов :LOL:
За традиционални наши манџи не ме бивало од секогаш, иако се трудам, ама за медитеранска кујна можам да се пофалам :P
 
Umre gjupkata so te falese ?
Автоматски споено мислење:

Јас и ти у некој живот сме биле како тие двајцата старци на бсконот од Мапет шоу :)
Oti be, so ni fali ?
 
Знајш каква карбонара правам ? Ми идеше бакшиш да си оставам откако ја изедов :LOL:
За традиционални наши манџи не ме бивало од секогаш, иако се трудам, ама за медитеранска кујна можам да се пофалам :P
Медитеранската кујна ич не се разликува од Битолската или Македонската.
Тоа дека макарони и шпагети со сосови се медитеранска кујна, те излажал некој.
 
Медитеранската кујна ич не се рсзликува од Битолската или Македонската.
Тоа дека макарони и шпагети со сосови се медитеранска кујна, те излажал некој.
Poke mislese na oktopodi, lignji takvi raboti.
I polneti maslinki ;)
 
Umre gjupkata so te falese ?
Автоматски споено мислење:

Oti be, so ni fali ?
Какво фалење, напротив, јас како комплимент си го есапам.
Умни, проникливи, зајадливи...., на секој муабет имаат капаче :)
Автоматски споено мислење:

Poke mislese na oktopodi, lignji takvi raboti.
I polneti maslinki ;)
Тоа е јадење за туристи и за на телевизија.
Инаку медитеранците си цепаат свинско, леб, грав, леќа, сарми....
 
Медитеранската кујна ич не се рсзликува од Битолската или Македонската.
Тоа дека макарони и шпагети со сосови се медитеранска кујна, те излажал некој.
Кај имаме ние морски плодови во кујната ? Од билки и зачини само црвена и црна пипер се користи кај нас.
Свежи зеленчуци поретко јадеме, ги превриваме кога готвиме зеленчук, зборам за традиционална кујна
 
Прочитај го постот погоре.
Тоа е форсирана медитеранска кујна, во пракса е сосема друго.
На Крит, сум живеел знам што зборам, октопод купуваат само ресторани, 90% од луѓето риба јадат еднаш или двапати во годината. Октопод некој ни за цел живот не пробува.
Затоа свинско, овчо, зајачко и јарешко на секое ќоше.
И они ги превриваат, хортараки на пример е варена трева со сол, оцет и зејтин. Варена, варена, та преварена.
Тоа што сега во Европа се пропагира како медитеранска кујна е мода. Обичните медитеранци појма немаат за тоа.
 
Back
На врв Bottom