WilliamTell
Before Zee Germans get here...
![]()
14-та Седница на Совет на Општина Битола (07.07.2026)
14-та Седница на Совет на Општина Битола (07.07.2026)www.youtube.com
Ова е пример кој го води градот и кој е опозиција... Едните излегват со напишани раскази да кажат дека Пелистер бил повеќе од клуб, другите излегват да прашат оти со Мане поќе бодој него со претходниот тренер сме освоиле и за то требало одговорност. И зошто упорно зборат дека клубот не заслужил да испадни од лигата? Бил некој на утакмица? Гледал некој на шо личи екипата цела сезона? Административно да не испаднавме па сега друг ни е крив? Се бафтат сите со глупи изјави традиција, великан, идентитет бил Пелистер не знам шо бил друго, свесни сте дека последните 30+ години повеќе на циркуз личи ова него на професионален клуб?
Пелистер повеќе од клуб можи да е само перална на пари, 60 и кусуро вработени на платен список, фантомски спонзори кои се срамат да се рекламираат, ставки во буџетот под разно кои никој не ги објаснува. Не можи да не е политички поени дискусијата кога партија го држи клубот, партија седнува луѓе таму на некои измислени функции, партија обезбедува пари од буџет, партија одлучва кој ќе биди тренер, кој ќе биди играч, кој ќе ја коси тревата... Ко ќе биди клубот комплетно приватен (никогаш), тогаш единствено секој шо можи е да оди и да си купи карта и да не се замара од каде и како пари се трошат.
Не треба тука опозицијата да поставува прашања, треба да излези УЈП, финансиска полиција, обвинителство да прочешлаат како работи клубот. Ама и едните и другите навечер во партија седат и се договараат шо и како така да не оди баш едни исти да се напаѓаат сами со себе. Сигурно сега се кројат планој не 1 туку 2 милиони евра да се спичкат оваа сезона, посекако никој не им можи ништо...






