ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
IMG_20260706_222239.jpg

...германски тенсер Александер Зверев 29 годишен, висок 198см, роден во Хамбург од родители екс руски тенисери по потекло од СССР кои имале уште еден син Миша, исто тенисер кој го вежбал таткото, а мајката како тренер го вежбала Саша т.е.Александар.

images (27).jpegimages (31).jpeg

...имал ќерка со првата жена, па се развел и сега бил со германска глумица 7 год постара од него, инаку Зверев со дијабет тип1за време на натпревар на Опен Франција сакал да аплицира инсулин и не му дозволиле, па имало незгодни ситуации тениската федерација, да на крај му било дозволено.

IMG_20260706_224926.jpg

...па сега како го гледам све мислам дека ќе му се слоши со ваква форца на играње, можеби негова висина му дава предност на терен за силни сервиси и удари, ама како пие вода од шише толку многу, не знам, може има мака!
 
Прегледај го приврзокот 481856

...германски тенсер Александер Зверев 29 годишен, висок 198см, роден во Хамбург од родители екс руски тенисери по потекло од СССР кои имале уште еден син Миша, исто тенисер кој го вежбал таткото, а мајката како тренер го вежбала Саша т.е.Александар.

Прегледај го приврзокот 481857Прегледај го приврзокот 481858

...имал ќерка со првата жена, па се развел и сега бил со германска глумица 7 год постара од него, инаку Зверев со дијабет тип1за време на натпревар на Опен Франција сакал да аплицира инсулин и не му дозволиле, па имало незгодни ситуации тениската федерација, да на крај му било дозволено.

Прегледај го приврзокот 481859

...па сега како го гледам све мислам дека ќе му се слоши со ваква форца на играње, можеби негова висина му дава предност на терен за силни сервиси и удари, ама како пие вода од шише толку многу, не знам, може има мака!
Бјонси, не му се секирај на Зверев, 10 години е вака, си тера он.
 
Grisho po ne znam koj pat u kariera ne potsekja zaso nikad ne stana golem igrac, ili barem nekoj sto seriozno moze da se stavi u muabetot za slem shampion
 
Каква надреална атлета е ова, на 39 години, најдолгиот меч во историјата на четврт финалињата на вимблдон, и пак Новак успева да добие тенисер кој е скоро 15 години помлад од него, и моментално 4ти на АТП листата. АО финале, тука полуфинале, надфакингреално.
Не смееше Новак да дозволи ова да оди во 5ти сет, крај на трети, и почеток на четврти тотална доминација имаше на терен како во неговите прајм денови, 2-0 во 4ти и сервираше каде не зема ниту еден поен, од осмех на фаца после пар пацерски грешки до 5ти сет и одење на многу тенок мраз ама тоа е.

Двајца победници има денес, он и Синер, да беше ова 2019 после ваква победа тоа ќе беше тоа, после вакви мечеви прајм Новак освајаше слемови како стока, сега ваквите мечеви оставаат белег кај него и освен некој брејнфарт кај Синер налик на РГ, не гледам како другачие би можел Новак таму да парира.

Али сеедно, најискрено, на 39 години без разлика дали ќе освои или не слем, пак ни ги дава најдобрите мечеви во една сезона, овој, полуфиналето со Синер на АО, финалето со Карлос, па и со Фонсека исто изигра добар меч, уште ни го доставува најквалитетното што овој спорт го нуди.

Не знам што друго да додадам, тотален спортски goat.
 
unc-still-got-it.gif
 
Фери, каква тениска приказна, од вајлд карта до полуфинале со Саша, надреално, на турнир кој е оддалечен 15 минути од неговото место на живеење.

Ѕверев после РГ се знаеше дека ќе игра со 1 тон самодоверба, доволно е да се спомне дека до сега во кариерата најдобар резултат тука на Саша беше 4та рунда, сега игра полуфинале и е огромен фаворит за финале против Фери. Фриц денес за жал си го сјеба коленото во прв сет и толку беше од него, истера до крај ама имаше проблеми со движењето, исто и Коболи нешто сјеба ама тоа не успеав да видам, знам плачеше во еден дел од вториот сет ако не се лажам.

Има шанса за бек ту бек слемови Саша ако продолжи со истото темпо, Синер има проблеми со рамото од тоа што можам да видам и од тоа што се пишува моментално, Новак веќе изигра еден маратонски меч, не знам колку се сјеба во прв сет ваљда не е сериозно тоа со левата нога и зглобот кога зема мто на 4-3 за него у прв сет, ама секако и да стигне до евентуално финале, ќе дојде многу поизморен од Саша.

Така да има шанси дефинитивно германецот нарочито што конечно ја сруши таа ментална блокада која и те како му беше товар низ кариерата и поради која сите превреме го отпишуваа, сега све му делува полесно и ете го, сезонава го има најдобриот резултат во неговата кариера тука што не е никаква случајност што истово се дешава баш откако освои конечно слем титула.
 
Back
На врв Bottom