Работа како диспечер во камионџискиот бизнис

  • Креатор на темата Креатор на темата Turrican
  • Време на започнување Време на започнување
Да се надоврзам: регрутерката или што и да беше жената, неколку пати напомена дека работата била многу стресна и не била за секој, се работи само втора смена и на секој празник за на крај да каже сето то за 28 плата. Можда не е до жената, до газдите ќе да е како и кажале така...
 
Стресот во работата најмногу ќе зависи од ефективната комуникација со брокери и возачи. И тоа експоненцијално. Мнозинството возачи сами си ја трасираат рутата за дестинација.
 
Какво мислење имате за Driver Recruitment? Преку близок пријател ми нудат вакво нешто, немам до сега искуство со trucking, сум сакал од порано но ете не се погодило ситуација, немам проблем со комуникација со луѓе имам работено b2b sales cold calling, јас сакав повеќе dispatch да се пробам, али моментално имаат тука само отворено позиција/тренинг, е сеа платата е стандард мислам ми спомнаа околу 500 долари, на минималец пријавен, другото бонусите се пуштале по Wise/Payoneer и стандард тоа дека се зголемувала платата по неколку месеци, па ме интересираше како што се бонусите отприлика, дали искрено вреди да се работи 10 саата за ова, и што би се случило ако месецов не донесеш ниеден шофер, ваљда само на минималецот ќе бидеш така?
Тоа што си пријавен на минималец ми кажува дека се фирма со газди кој своите вработени ги третираат како да им се робови, не сакаат да плаќаат данок на државата и на некој начин ова е понижувачки за вработениот, истово важи и за платата од 500 долари, тоа во денари ќе му дојде 26.000 ден. :)
А пази, за да добиваш ваква мизерна плата треба да знаеш англиски, да си вешт со компјутери, да им го вртиш милионскиот бизнис на овие хоштаплери камионџии и тие да се возат во скапи џипови а ти како модерен роб ќе им седиш пред компјутер пола ден и ќе се чудиш како дома да си ги платиш сметките....
Тоа со бонусите е како да ти даваат пари у плико како што им плаќаат сега на нивните шофери а пријавени се исто на минималец, едноставно државата знае за овие дубари ама сите мижат....Па мајка му стара у КАМ вработените со средно од кои некои немаат појма од основни работи од општа култура земаат почетна нето-плата од 33.500 денари плус минат стаж, бонуси и К-15 (13-та плата) како цела плата и така просечна нето-месечна плата ќе им дојде некаде близу 40 иљади ден.
Мој совет ти е ако веќе влегуваш во таква фирма поседи си таму додека да го научиш занаетот и после здружи се со некои свои колеги и сами отворете си диспечерска фирма, тоа веќе почна да се случува, знам лични примери
 
Не е точно дека платата ти е 26.000, на толку си пријавен , остатокот од платата го добиваш на WISE или Payoner што имаат огромни провизии да ги извадиш и си купуваш се со таа картичка . Бидејќи исплаќаат и плати од 200-300 илјади денари и не сакаат да плаќаат .
 
Тепаат кој нејќе за 33.500 ден. Едвај 26500 е почетна плата у КАМ у логистичкиот центар и +варијабилен бонус.

Не е точно дека платата ти е 26.000, на толку си пријавен , остатокот од платата го добиваш на WISE или Payoner што имаат огромни провизии да ги извадиш и си купуваш се со таа картичка . Бидејќи исплаќаат и плати од 200-300 илјади денари и не сакаат да плаќаат .
И Payoneer и Wise може да ги споиш со твоја девизна сметка и од твоја девизна да си префрлиш на трансакциска (тековна) сметка, ама пак си има провизии за префрлање од една странска на наша сметка. И кај нас од банка од девизна ако вадиш има мин провизија.
 
Поздрав друштво,

Направив пребарување во темава и забележав дека не сте ги спомнале Superior, диспечерска компанија од Штип, па ме интересира дали некој од вас има лично или искуство на пријател, роднина... со нив?

Накратко, имам 18 години супер го разбирам англискиот, одлично се снаоѓам во IT светот и сакам да заработам нешто на страна за факултет, излегувања...

Поради тоа што факултет најверојатно нема да продолжувам во Штип, горе-долу ми остануваат 3 месеци време, па ме интересира колку воопшто ова е добра/ реална опција за мене? Гледам нудат и платена обука, ако имате информации колку трае обуката и отприлика колку би бил платен за тој период?

Моментално како што видов на веб-страната за почетници опциите се овие: Data Entry Specialist и Track & Trace Agent (After-hours).
 
Back
На врв Bottom