Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

А што е тоа шекулација?
ПР бува?
Или басна за фановите на клубов кои веруваат во дедо мраз?
 
Кој е овој бе?
Го има гледано некој? Се појавил на терен некогаш? Јас Челзи не ги гледам нешто, а и што да гледам, мизерија поголема од Јунајтед.
 
Далеку од лош трансфер е Сантос, само проблемот е што повеќе профил како Коби отколку класична 6ка.

Уште минатата година пишуваше дека го следиме и очекував периодов после сите разврски да не поврзат со него и ете се случи.
 
Добро ае Сантос ќе го земеме јејче, супер зделка, дајте и 60милиони, леле кловнови се надевам дека ова е заебанција оти го одбравме бостанот со просеци и подпросеци
 
Мислам дека има изјавено и Едерсон дека е скоро завршен трансферот, само се чека да му завршат репрезентативните обврски.
 
А во Реал треба да бројат еци пеци пец. Оти шарена е работата на трансфери од Тотенхем накај нив. Со Лука се офајдија дебело, ама Бејл дебело им го спопика.

Не би кажал дека Бејл беше фејл за нив, во неколку финалиња од ЛШ даде голови, но ни приближно погодок како Модриќ. Последните година две веќе беше ладење тестиси.
 
Класично фијаско е трансфер периодов. Ме интересира Керик како ја замислува средината. Се надевам дека е поприземен од Оле и не е под емоции па да трае додека трае, туку баш има план и спремен е да се раскурца ако не е по негово.
 
Back
На врв Bottom