Фан клуб: Калин Ивановски

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во четвртфиналето на Macedonian Open откако во мечот во второто коло го победи Лиам Деликата од Малта со 2-0 во сетови (64 63) за 108 минути игра. Поради дождот вчера и должината на мечевите Ивановски на терен се појави доцна попладне и буквално пред стемнување го заврши мечот.

Во четвртфиналето противник на Ивановски ќе му биде Александер Вајс од Италија (носител број 6), кој вчера имаше два меча, прво го совлада Амар Хусеиновиќ (Македонија) со 2-0 во сетови, а потоа беше поуспешен од Каспер Симковјак (Полска) со 2-0 во сетови.

https://www.mtftennis.mk/blog/MACED...,-mechot-na-Markovski-prekinat-poradi-temnica
 
Back
На врв Bottom