Нов булевар во Тетово ул. Борис Кидрич

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
17.823
Поени од реакции
9.603
Возраст
35
Темата за Тетово е замрена и нема посетеност па ќе пишам тука. Конкретно ќе пишам за реновирањето на булеварот Борис Кидрич кај што се повеќето кафиќи и ресторани во Тетово. Ме интересира мислења и од луѓе кој живеат во други градови. Дали ова е одлична замисла?
1782857781601.jpeg
Планот првичен беше во средина да има пешачка зона и плус дел за велосипеди а од страните да езеленило веројатно со дрвја. Е сега мене ми се допаѓа ова до некаде ама за жал многу малку зеленило.

10056.jpg

Месецов што измина во средина делот кој е наменет за шеталиште се ставаат плочки. Мене ми се допаѓа ова до некаде ама за жал многу малку зеленило има, само еден мал дел е каде ќе се дрвја некој и малку тревичка.

10057.jpg
10058.jpg
10059.jpg

Помеѓу улицата Борис Кидрич и Благоја Тоска се направи и кружен тек
1782859249717.jpeg
Кога ќе најдам или фотографирам од таму ќе ви ставам уште слики.
 
Последно уредено:
Плоч(к)иве ми се премногу т‘нки. Ќе папсаат за кратко време, ама не е битно...општината ќе напрај нова „јавна набавка„ со нови пари „за тате и за бате„.

Што се однесува до самиот булевар, немам претстава како би излгедал како целина, во поширок контекст од неговата околина.

Појас за шеталиште меѓу две сообраќајни површини е малоумно решение...
 
Плоч(к)иве ми се премногу т‘нки. Ќе папсаат за кратко време, ама не е битно...општината ќе напрај нова „јавна набавка„ со нови пари „за тате и за бате„.

Што се однесува до самиот булевар, немам претстава како би излгедал како целина, во поширок контекст од неговата околина.

Појас за шеталиште меѓу две сообраќајни површини е малоумно решение...
На двете собраќајни површини уште дур беше ископано како на првата фотографија едно време обележаа за паркирање и на повеќето места пешачки премини. Веројатно така ќе биде и кога ќе биде се комплет направено.

И кога би имало и паркирано возила на самата собраќајна површина/улицата би било ограничено колку би се возело тука.

На оваа улица има и неколку стари згради кој допрва би требало да се рушат и да се градат тука нови згради но тоа понатака.

Надоле улицата после тој кружен тек накај автобуската е све дупки и таму треба да се прави улицата можеби во исти стил ќе се продолжи со шеталиште зошто и натаму има кафиќи, ресторани и нови згради.
 
...кој го смислил ова сигурно во моментот бил пијан, похаотично нешто немам видено, што сакал да каже архитектот или урбанистичкиот сектор само тие знаат! :pos:
 
Еве ви од октомври 2025 снимка дур се работеше.

Јули 2025
 
Средишниот појас е преширок, повеќе од што е нормирано за градска магистрална улица. Без дрворед од корисни садници, појасот е бесмислен.

На времето, бул. „Климент Охридски„ во Шкупи имаше исто вака широк појас, со патека за движење, ама и редови од липови садници, кои создаваа микроклимат. Дури и тогаш никој не се движеше по тој појас, освен јас...:icon_lol:

Кога булеварот беше проширен, ништо не остана од средишниот појас.
 
Последно уредено:
Денес сликнав. Значи делот кај улицата е направено да се паркираат и на некој места видов се табла дека се наплаќа паркинг. Кај штеалиштето и улицата дел е направено пешачки премин, офарбано е пешачки и дел плочките на шеталиштето се наредени како пешачки премин.

Брзината на возење тука е ограничен (колку ќе се почитува не знам) но не сум сигурен колку е точно ограничено.



Кога би посадиле тука повеќе дрвја кој би израснале и би имале убави лисја да држи ладовина и сенка , би додале клупи, чешми може и поголема смисла би добила таа пешачка патека. Вака ако остане празно во лето денски да те убие сончаница, да се препотиш и нема зошто да шеташ тука кога ништо нема.
 
Последно уредено:
...на пешачки не смее да има ваков висок раб, па веднаш да се згазне на тревник со што се отежнува движењето на лица со инвалидски колички, родители со детски колички, како и на повозрасни или потешко подвижни граѓани, законската регулатива наложува работ на тротоарот кај пешачкиот премин да биде целосно спуштен нивелиран на 0 до максимум 2 cm висина од асфалтот со соодветен благ наклон, тревникот несоодветен покрај пешачката зона, поглупо решение немам видено, дипломата на одговорниот на кило е земена (купена) :pos:
 
Точно; таму каде е потребно, (приоди за пешаци, амбулантни возила, ПП возила...) рабникот не треба да биде висок, туку спуштен (3 или 6см височина) а тоа се постигнува или со посебно обликувани и профилирани рабници (како кај покултурните земји....) а кај нас има лоша пракса па истото тоа спуштање на рабникот се изведува со вртење на истиот рабник, користен покрај асфалтот, со одбирање на неговите најниски рабови/пресеци или си негово целосно вкопување во бетонската подлога.

Плус, со црвена боја се бојат површините наменети за буциклисти или тротинети, а не сета површина околу „зебрата„.

Ама ова е „нашата земјата„ и во неа поминува ссекоја грешка...
 
Уште погадно. И сега кога ќе пораснат дрвјата и ќе се прошират корењата све ќе се подигнат тие бекатонките. Ќе биде катастрофа и кога ќе врне дожд ќе се полни со вода во дупките.

Ај тоа ама инвалидска количка сега нема шанси качување. На која будала му текна вакви бекатонки не ми е јасно.



Зеленило тревник во центар на град е премија да најдеш во Тетово.
 
Последно уредено:
Уште погадно. И сега кога ќе пораснат дрвјата и ќе се прошират корењата све ќе се подигнат тие бекатонките. Ќе биде катастрофа и кога ќе врне дожд ќе се полни со вода во дупките.

Ај тоа ама инвалидска количка сега нема шанси качување. На која будала му текна вакви бекатонки не ми е јасно.



Зеленило тревник во центар на град е премија да најдеш во Тетово.

Садниците за високо зеленило, во текот од нивниот раст се обезбедуваат со заштитна решетка околу стеблото, а кај дното од стеблото се поставуваат префабрикувани склопливи заштитни рамки.

Порозни/шупливи бетонски префабрикати за поплочување партер се поставуваат на површини за паркирање лесни возила, така што „окцата„ од плочникот се исполнуваат со хумус, од кој со тек од време расте самоникната трева па така, паркингот нема да биде само гола површина за паркирање, туку и делумно озеленет.

Постои Закон за зеленило:


кој одредува процент за озеленување на површините и објектите предвидени за градење.

Одлуките ги носат органите од локалната самуправа, небитно колку истата е (не)способна.
 
Back
На врв Bottom