Фан клуб: Милан

Дали Кардинале треба да го продаде клубот?


  • Вкупно гласачи
    15
Не сакам и не знам искрено да предвидувам ама овај трансфер период на Милан ме потсеќа на некои други времиња што верувам добро ги паметите сите тука.

Прегледај го приврзокот 481130

( не знам колку се точни бројките но знам дека прилично потрошија многу тој период )

Крајната табела во сезоната 2017-2018:

Прегледај го приврзокот 481131


Искрено немора ништо да значи овај показател бидејќи тука имаше многу други варијабли но сепак се сеќавам добро на таа 2017 година колку хајп и еуфорија владееше во редовите на навивачите на Милан поради големата сума на пари што ја потрошија и доста играчи што донесоа.

Точно е тоа скроз, ама ја не знам кој тим и кои навивачи, посебно од Италија, а посебно после таков период од каков што тогаш излегуваше Милан, не би биле хајпнати со такво лето и меркато. Пази, имаш скроз нова управа и газди што одлучиле да потрошат скоро 250 миљони, тоа дотогаш никој го немаше напраено во Италија, а Милан уште од прајмот на Силвио. Го носиш Бонучи, па скоро во прајм, Андре Силва што тогаш беше најверојатно топ 3 млади и перспективни напаѓачи во Европа, Конти којшто изминатата сезона во Аталанта беше она што Палестра беше оваа, Кеси ѕверотиња со Гасперини во Аталанта, Родригез исто така важеше за еден од левите бекови во успон и турчинот којшто више беше печен за поголем скок во јака лига и појак тим од Леверкузен. Плус Биља претходно капитен на Лацио и сасвим солиден во лига. Од таа перспектива тогаш, нема навивачи и тим во Италија што не би биле хајпнати. Е сеа, како све тоа испадна на крај и како се покажа тоа е друг проблем. И искрено, за тогаш не мислам дека толку беа тимот и купените играчи проблем (освен Калиниќ за кој се знаеше и тогаш дека ќе флопне), колку што промашија со тренерот и целосно ги поеба атмосферата којашто кружеше околу тимот цела сезона. Тогаш секој месец имаше написи во медиуми дека тој непостоечкиот кинез треба да плати некоја рата и секогаш ја плаќаше во 5 до 12, освен последниот пат кога више не ја плати и му го зедоа тимот. Со понормална структура и атмосфера околу Милан, таа сезона требаше да створи сериозна основа на претходно умрениот и тепан Милан, ама заврши ко што заврши. Во тој период и таа сезона, околу Милан се дешаваше све само не фудбал. Имаше стабилна управа колку толку во Фасоне и Мирабели, ама немаше стабилен газда, прашање и дали имаше газда уопште. Тоа е за документарец.

Овојпат е ипак малку поразлично. Имаш финансиски стабилен газда позади, али проблем е што човекот нема везе со фудбал. Пробува да убаци некој модел на управување и понашање што не се карактеристични за фудбалски тим од Италија. Милан, реално за италијански услови трошеше доста и пред ова лето - проблемот е што трошеше лошо. Дополнително ја зговни ситуацијата фактот што во еден период имаше двајца газди: и Кардинале и Елиот (заради заемот којшто му го имаа даено). Ова е технички прво лето кога капо ди тути капи е сам газда на тимот и една ствар што му поштувам е што очигледно ја стави главата во торба. Се наметна тој како главен и зеде све на свој грб без да се крие зад Фурлановци и Тариња, овојпат сите ловорики од евентуален успех, ама и сите говна од малку позивесното фијаско одат на негова сметка. Ова му е сериозен тест на кариерата, ако ништо друго, во европскиот фудбал. И финансиски губи или добива енормно и репутациски.

Барем според досегашни шпекулации спремен е да троши и ова лето и само нека се моли дека Аморим ќе одбере играчи коишто ќе играат за него. Ако Милан флопне и следна сезона, Кардинале најверојатно нема да има друг излез него продажба за многу помалку пари отколку што на стартот планирал да заработи од Милан.
 
Либерали во Комо, оној голманот у Псж....

После ќе купуваме преценети португалци кога младите не сакаат да ги платат.
 
Либерали во Комо, оној голманот у Псж....

После ќе купуваме преценети португалци кога младите не сакаат да ги платат.


Реални да бидеме на Либерали уште да му го испушеа задњиве две недеље
 
Реални да бидеме на Либерали уште да му го испушеа задњиве две недеље
Абе џабе сеа, лани го шутнаа ко партал за без пари го дадоа.
 
Либерали во Комо, оној голманот у Псж....

После ќе купуваме преценети португалци кога младите не сакаат да ги платат.
Понудата на Милан за Либерали била повисока и во однос на плата и во однос на провизии за агентите од тоа што Комо го нудел. Либерали заедно со семејството наводно се одлучил за Комо.

Едноставно, има играчи коишто увек ќе одберат комфор зона и место за растење со помалку притисок. Лани го пуштија да, ама лани Либерали бараше место во прв тим како услов да не си оди. Никад нема да знаеме дали ќе растеше вака ако останеше, али познавајќи го стилот на Алегри, ептен сумљам дека ќе имаше минути и дека ќе играше на своја позиција.

Не знам зошто толку му се закачија ова лето да го вратат, ипак збориме за играч од Катанзаро со една сезона во Серие Б. Тоа не значи дека нема да стане ѕвер, си има потенцијал и тоа никој не го спори, ама полека. Во моментов, додека не стане ѕвер, такви играчи има да се најдат на претек. Ако сака да игра во Комо, слободно.

Ние секако го зедовме Сисе од Катанзаро, тој имаше боља сезона од Либерали, додека не се повреди. Едно време ми беше многу мерак коа се боревме за млади таленти од Серие Б, па многу надежи удирав и се хајпав за ликови ко Сапонара, Симоне Заза, Сенси, Капрари, Леали, Коуаме, факинг Антонио Ла Гумина. Едино двајца во последниве 15-16 години направиле голем скок директно од Серие Б во голем тим: Верати и Тонали. Ако се земе таа една луда сезона во Милан - и Ел Шарави можда. Други не ми текнуваат искрено. Секако не ги рачунам тие што биле позајмени во Серие Б од поголем тим, па си се вратиле дома. Имало играчи што од Серие Б отишле во некој клуб од средно ниво, па пораснале, ама инстант таленти воглавно имало многу малку. Серие Б е уствари доста слаба лига. Оттаму да убодеш инстант играч спремен за голем тим ти треба или вансериски скаутинг или многу среќа. На пример, последнава сезона таму најдобри играчи биле 30 годишниот везњак Кало од Фросиноне, дефанзивецот Свобода од Венеција и Јан Похјанпало со 25 гола којшто не знам како уопште игра фудбал коа све мислам дека го купував на фудбал менаџер во 2010.

Не се согласувам дека проблемот е што не сакаат да ги платат. Вакви пребегувања на млади и талентирани играчи имаш од сите клубови, дури и Реал и Барса, Челзи, Баерн.. Едноставно, агентите денеска контролираат све и во најдобра позиција се кога играчот е пред крај на договор и може да го нудат за провизии. Ќе му напраат филм дека не е ценет доволно, треба да бара место во прв тим и ќе го однесат негде у пизду материну.
 

Фонсека сакал да му даде шанса на Либерали во првиот тим но Ибра се налутил зошто неговото синче не добило ваква шанса.
 
Последно уредено:
Либерали во Комо, оној голманот у Псж....

После ќе купуваме преценети португалци кога младите не сакаат да ги платат.
Извини ама Португалеците ако се прецените ондак што се Италијаните што не можат на Светско се квалификуваат?
 
Se zbudali transfer marketov, nenormalni sumi se se frlaat posledno Tonali preku 100 milioni,Eliot vo City 120 i zgora,Gordon 80,Kukurelja 60,nekoj faking Brown so samo edna sezona 55 milioni vo Bayern Minhen isto i ovoj marokinov sto izleze na Mundijalov Saibari… Palestra so 1 gol i 4 centarsutevi isto!
Zborot mi e se po normalni i pocesti ke bidat transferi od tipot na Goncalo Ramos,koj sto moze da go prati trendot bujrum,koj ne (citaj Inter) neka prai tugi matematiki na strana!
 
Извини ама Португалеците ако се прецените ондак што се Италијаните што не можат на Светско се квалификуваат?
Зборот ми беше дека треба да работат и на развиток на младите, освен Долар не сме имале ни еден играч од академија. И тие што беа добри ги раздадоа како деца.
 
Футуро требаше да биде академијата каде што ќе се развиваат младинците и отскочна даска за во првиот тим или евентуална продажба за полнење на буџетот.
Но Ибра уште во старт ја укака кога го постави Кировски и Бонера наместо Абате бидејќи Абате не му давал шанса на Максимилиано Ибрахимович при што Футуро паднаа во 4-та лига.
Не дека немало млади играчи од академијата на Милан но едноставно Милан немале каде и ме знаеле како да ги развиваат и да имаат трпение со нив. Локатели, Беланова, Керкез се само дел од ваквиот случај.
И сега имаа и имаат фудбалери со потенцијал Лонгони и Либерали каде да играат и да се развиваат во Футуро во селска лига против аматери, нормално дека нивните агенти ќе бараат интеграција во првиот тим што Милан не може да им го дозволи или ќе си бараат чаре.
Развитокот од Примавера мора да се движи кон Футуро каде што со 18-19 години ќе играат во трета лига против возрасни мажи потоа 1-2сезони чекор напред во Серија Б или некои од тимовите во борба за опстанок во Серија А и потоа веќе со 20 -21 да ги интегрираат во првиот тим но тоа веќе ќе бидат оформени фудбалери кои што веќе полека ќе можат и знаат да играат во Серија А.
И сега имаат млади деца десниот бек Капелети , Осола, Кастиело но каде и како ќе се развиваат.
Чака Траоре, Сала и Елету веќе имаат полни 21 година и нормално си фатија магла бидејќи не можат да се развиваат во четврта лига.
 
Не знам дали знаете дека од трансферот на Тонали у Тотенхем, некој приливна пари ќе има у клубов. Ко што разбрав 10% на 81 мил што значи 8.1 мил за нас.
 
Не знам дали знаете дека од трансферот на Тонали у Тотенхем, некој приливна пари ќе има у клубов. Ко што разбрав 10% на 81 мил што значи 8.1 мил за нас.
Не 10% од продажбата туку 10% од профитот на Њукасл.
Њукасл го купија за 60 милиони а ако го продадат за 80 ќе имаат профит од 20 милиони и Милан би добил 10% од 20 милиони.
 
Леао Рамос....веќе се уигруваат :cool:
 
Back
На врв Bottom