Покачување пензии, пензиски фонд итн

  • Креатор на темата Креатор на темата Imtechiquemk
  • Време на започнување Време на започнување
Зинале да бегаат сите и после цвикаат. А ние што седиме на браникот на татковината не исмејуваат.
Не цвикаат они, ние (ќе) цвикаме, тие што не работат на црно целосно ќе се вратат со каква таква пензиичка што нема да им стига за таму, но за тука ќе им биде топови пукаат. Имам примери на постари, си имаат купено имоти преспи, дојрани мојрани и цело време се по кафани. Не се вратени и тие од ќеиф но барем имаат паричка сите ќеифови да си ги испунат. Не ги мисли нив мисли за себе.
 
Зинале да бегаат сите и после цвикаат. А ние што седиме на браникот на татковината не исмејуваат.
Кај ти е браникот тебе Ронче?
Во државно? Сега сум спокоен, штом знам дека ти ме браниш.
 
И сите да останат нема ништо да смени. Не знам што го терало да ви ја каже реалноста, и за вас и за него полесно е да ве лаже.

Не е баш така, ако има младина ќе има кој да го полни буџетот и да ги крпи тие дупки во фондот вака без млади е гарантирано пропаст. Мене одамна ми е јасно дека ова е „иднина“ и реалност ама на гласачиве на дпмне и сдс изгледа не им е па затоа ги гласаат, затоа и си барам алтернативи пишав на почеток од темава. Една од тие е што помалку плаќања кон државата, осигурување на минималец па дури и дел од парите ако не сите да одат на црно - паралелно со ова инвестирање на тие пари во фондови, сп500 и сл оти пензија ем прашање е дали ќе дочекаме со зголемување на границата ем после тебе не останува ништо на децата плус си мобилен во поглед на живеење
Автоматски споено мислење:

Зинале да бегаат сите и после цвикаат. А ние што седиме на браникот на татковината не исмејуваат.

Да бе вие партиските ботови паразити сте биле браник на државата, цицајки го буџетот на истата со нула продуктивност
Поголеми штетници сте вие и од бугарите..
 
Додека дојдеме ние пензионери ќе качат граница на 70+ колкави ќе бидат пензиите е пак сосема друга работа жив зијан џабе плаќаме. Ама и коњов од гувернер е крив, наместо да качат минимална они се ценкаат младите отидоа да полнат фондови во Германија
иако директно не ме тангира затоа што и утре да донесат таков закон за мене и моите генерации нема да важи.
Но сепак ќе ми требаат услуги и приватно и државно. Тој од 70 ќе стане сабајле, ќе се чуди зашто станал, не па уште да врши услуги.
Посебно, ако ова се заговара (а е препис од некои еу земји), кај нив просек на животниот век е подолг (освен овие балканскиве кои ги примија наврат нанос). Еу жени 84, мажи 79. МК жени 78.8, мажи 74.4, 5 години разлика.
Кај нас сеуште се води по старо, мажите да работат повеќе (иако мажите имаат помал животен век при раѓање), а повеќето еу членки годините (освен некои као Полска, Романија, Бугарија) се изедначени без разлика на пол.
Во еу билтените пишува дека до 2040 Данска ќе ги прилагоди на 70 години ама данците живеат просек 82 години.
Прост препис од еу често е бесцелен
И сите да останат нема ништо да смени. Не знам што го терало да ви ја каже реалноста, и за вас и за него полесно е да ве лаже.
дури и да е вистина (а според податоците баш и не е), кој е виновен за состојбите со платите, економијата воопшто?
Али све се може кад се плати https://pari.com.mk/славески-никогаш-не-сум-кажал-дека-сум/
Тој цел живот имал влијателни раководни улоги и во влада и во Скопје и сега нбрм. Од советник за развој :confused:, заменик мин за финансии до министер за финансии и сега гувернер. И со прст таквите не мрдаат за развој на реалниот сектор, продуктивност а со тоа и ниски плати и корупција, реконструкција и департизација на јавниот сектор. И после тие истите даваат вакви изјави, ко да не знаеме какви се пензиите.
Автоматски споено мислење:

Овие се штанцаат на штампариски калуп. Ко Стојменов што изјавува дека во транзицијата се украдени милијарди, а самиот тој има земено еден куп такви фирми (уште од крајот на сфрј).
 
Последно уредено:
Не е баш така, ако има младина ќе има кој да го полни буџетот и да ги крпи тие дупки во фондот вака без млади е гарантирано пропаст. Мене одамна ми е јасно дека ова е „иднина“ и реалност ама на гласачиве на дпмне и сдс изгледа не им е па затоа ги гласаат, затоа и си барам алтернативи пишав на почеток од темава. Една од тие е што помалку плаќања кон државата, осигурување на минималец па дури и дел од парите ако не сите да одат на црно - паралелно со ова инвестирање на тие пари во фондови, сп500 и сл оти пензија ем прашање е дали ќе дочекаме со зголемување на границата ем после тебе не останува ништо на децата плус си мобилен во поглед на живеење
Автоматски споено мислење:

Да бе вие партиските ботови паразити сте биле браник на државата, цицајки го буџетот на истата со нула продуктивност
Поголеми штетници сте вие и од бугарите..
Дури и да се сите овци на број, не се доволно за да имаш пензија зашто имаме колективно малце деца. Проста математика.
Тоа другото ти е добра тактика, се дур огромен број од луѓето не го прават истото.
 
иако директно не ме тангира затоа што и утре да донесат таков закон за мене и моите генерации нема да важи.
Но сепак ќе ми требаат услуги и приватно и државно. Тој од 70 ќе стане сабајле, ќе се чуди зашто станал, не па уште да врши услуги.
Посебно, ако ова се заговара (а е препис од некои еу земји), кај нив просек на животниот век е подолг (освен овие балканскиве кои ги примија наврат нанос). Еу жени 84, мажи 79. МК жени 78.8, мажи 74.4, 5 години разлика.
Кај нас сеуште се води по старо, мажите да работат повеќе (иако мажите имаат помал животен век при раѓање), а повеќето еу членки годините (освен некои као Полска, Романија, Бугарија) се изедначени без разлика на пол.
Во еу билтените пишува дека до 2040 Данска ќе ги прилагоди на 70 години ама данците живеат просек 82 години.
Прост препис од еу често е бесцелен

дури и да е вистина (а според податоците баш и не е), кој е виновен за состојбите со платите, економијата воопшто?
Али све се може кад се плати https://pari.com.mk/славески-никогаш-не-сум-кажал-дека-сум/
Тој цел живот имал влијателни раководни улоги и во влада и во Скопје и сега нбрм. Од советник за развој :confused:, заменик мин за финансии до министер за финансии и сега гувернер. И со прст таквите не мрдаат за развој на реалниот сектор, продуктивност а со тоа и ниски плати и корупција, реконструкција и департизација на јавниот сектор. И после тие истите даваат вакви изјави, ко да не знаеме какви се пензиите.
Автоматски споено мислење:

Овие се штанцаат на штампариски калуп. Ко Стојменов што изјавува дека во транзицијата се украдени милијарди, а самиот тој има земено еден куп такви фирми (уште од крајот на сфрј).
Завршил Харвард и да е редок исклучок од оние што ги штампа УКИМ.
 
абе нека идат у ПМ, јас не се сложувам ни под точка разно моите средства од вториот столб да завршат во рацете на партиски директор од (дпмне, сдсш, дуу...) во државниот фонд.

колку сум уплаќал толку и ќе земам - ако некогаш земам, ова ми е јасно уште од 2005 кога се префрлив таму!

една од грешките што веќе се направија и поради која ништо чудно да биде како што вели бозо е моментот кога државата ги натера фондовите да ги продадат уделите во пр. карикирам: сип500, нвидиа, мајкрософт, алфабет... (кои пораснаа најмалку двојно) и ги натера да ги вложат на домашен пазар (мин 65%) од истата причина им беа потребни евтини пари за нивното расипничко однесување.

ако пр. осигуреник умре на 63 год. а сите уплати се во државниот фонд сите вложени средства отидоа јабана кај погоре набројаните идиоти, а со овој модел парите од вториот столб би завршиле во рамки на семејството.

може измешав многу работи во постов но ме фати нервоза бидејќи во мементов имам на лична с-ка таму >20К€ на кои им се намерачиле партискиве глувци а имам да работам уште ~20 год.
кратко и јасно не сакам партиски идиот да располага со мои средста и точка.
 
иако директно не ме тангира затоа што и утре да донесат таков закон за мене и моите генерации нема да важи.
Но сепак ќе ми требаат услуги и приватно и државно. Тој од 70 ќе стане сабајле, ќе се чуди зашто станал, не па уште да врши услуги.
Посебно, ако ова се заговара (а е препис од некои еу земји), кај нив просек на животниот век е подолг (освен овие балканскиве кои ги примија наврат нанос). Еу жени 84, мажи 79. МК жени 78.8, мажи 74.4, 5 години разлика.
Кај нас сеуште се води по старо, мажите да работат повеќе (иако мажите имаат помал животен век при раѓање), а повеќето еу членки годините (освен некои као Полска, Романија, Бугарија) се изедначени без разлика на пол.
Во еу билтените пишува дека до 2040 Данска ќе ги прилагоди на 70 години ама данците живеат просек 82 години.
Прост препис од еу често е бесцелен

Мислиш ќе им биде гајле за просечен животен век кога ќе немаат пари во фондот и буџетот ? Мора првенствено да ја хранат одржаваат онаа обемна непродуктивна партиска администрација која ги гласа. Ќе зголемат и старосна граница и даноци јасно е тоа. Трајко Славевски и те како има удел во негативниве трендови, зошто е дел од екипата која служи само на крупниот капитал а не народот.

Дури и да се сите овци на број, не се доволно за да имаш пензија зашто имаме колективно малце деца. Проста математика.
Тоа другото ти е добра тактика, се дур огромен број од луѓето не го прават истото.

Да ама кога и од тие малку 1/5 веќе се раѓаат во странство јасно е дека крајов на овој неодржлив систем доаѓа многу брзо
 
И зошто ја држат пресметката за државна пензија како воена тајна за нуклеарно оружје?

Зошто не објават како се пресметува прв столб (државно) исто како што прават во втор столб (приватен фонд) каде се е транспарентно?

Ама за државно (прв столб е топ сикрет, ќутенката си менуваат работи како им одговараат).

Па на крај краишта нека стаат еден модул за пресметка на тоа е услуги, кој ќе кажува според придонесите, колку би земал пензија некој ако се пензионира денес.. Можат да вклучат и валоризација за прецизна пресметка...

Некој ќе рече сеа, ама не може тоа, ќе биде дури после х години, некој нема доволно стаж... Ама може, можат директно и транспарентно да го направат да си имаме увид... Ќе покажува сума со моментална purchasing power.

Кујзнае колку пати менуваат за делот во државниот столб, што веќе човек не може да знае кое е точно...

А и тие што беа за државна пензија (старите генерации од 50тите, 60тите)...

Неколку месеци пред да се пензионираат, мораа да фаќаат врски за некој да им каже колкава пензија ќе добиваат, т.е да им пресмета.. Некои дури велеа дека зависи од тоа каков ден ќе има тој што пресметува, ако има лош ден, последиците ќе ги сноси пензионерот докрај на живот.

Еве јас веќе имам 20+ години стаж. Поради овие лајнарии би барал дупки во закон да избегнам плаќање на придонеси и за пензиско и за здравство...

Финално... Нека се совземат веќе, нека намалуваат администрација, нека управуваат здравство, помалце нека има персонал, ама ефикасен и што работи.. А не луѓе што чукнуваат само картички и груно си бркаат приватни работи...

Од тука ќе ја покријат дупката во фондот, а не со одземање на парите на и така измачените работници кои го носат цел терет, за на крај да добијат здравство што ќе ги усмрти, а услуги бо било која институција никакви...
 
Нејасно ми е сега многу во целава глупа ситуација, ем што глупа држава сме а и немаат пари.

Јас сум со 18 години стаж и во втор столб сум доста долго, член сум на приватниот КБ Прво Пензиско Друштво. Целата сума собрана ми е вкупно 13.000 евра, последено што видов плико што ми стигна еднаш годишно извештај.

И сега што со тие пари? Каде ќе одат? Можам ли да ги земам некако?

Поарно е нека ми дадат, доволно ми се тие пари да ми помогнат да се преселам во Словенија или кај сестра ми во Белгија и да најдам неколку месеци кирија и јадење и некоја работа!
 
Нив не ги занима кој колку се вложувал самиот и колку лични пари (тој фонд се пари во лична сопственост) има. Ако целосно го укинат вториот, тие пари ќе се стопат и ќе одиш според коефициентите на државниот (не ти, општо зборам. На нас ни зедоа многу повеќе од 13000 (сега најверојатно со годините најмалку дуплирано), ги стопија во државниот и сега ќе тераме така.

Back
На врв Bottom