Фан клуб: Милан

Дали Кардинале треба да го продаде клубот?


  • Вкупно гласачи
    13

Е ова слика е исто за во рамка. :icon_lol:


Очекував да се доведат во ваква ситуација, затоа и бев да го доведат Рангник, единствениот кој има луѓе да ги покрие сите позиции, плус јасен план.

Друго нешто квалитетно во сред јуни, сигурно нема да најдеш.


А од ова што сега го имаме...

Не бев за Аморим да биде тренер, затоа што посакував поинаков профил. Не сакав ни некој што игра со тројца позади, иако тоа и не е најважно, ниту премногу ригиден фудбал, строго позициски без поголема флуидност, прилагодување...

Но, тој е квалитетен тренер и сигурно повеќе би сакал некој процес со него, отколку со Алегри. А најголема предност во овој момент е што се работи за системски тренер, со јасна идеја на игра (добро е што е прогресивна), јасен профил на фудбалери што му требаат. Кај вакви тренери на одредени позиции можеш да вклопиш фудбалери кои не се толку импресивни со талент, но во тој систем да изгледаат добри. Сме виделе милион вакви примери кај Гасперини, па и кај него во Спортинг.


На, крај како се заврши ова сага со барање нови лица и подобро тренер кој знае што сака, има јасен систем и ќе бара фудбалери кои ќе се вклопат, а тој ќе има важна улога во трансфери.

Иако секогаш сум клубот да биде центар, а не тренер кој е лесно променлив.

Но и така после чести тренерски промени, ќе мора да го држат и да покажат доверба во него.


Иако доверба од навивачите нема никој, па дури и некако да започне сезоната во полумир, а и тоа ќе биде тешко, не знам како ќе продолжи освен ако не стартуваат со две победи.
 
Овие тројцава изгледаат ко фудбал да знаат само од играње фифа.
 
Едино добро у оваа калајурница е Хендрик Алмстад, којбќе биде главен за трансфери и ќе биде човекот кој ќе преговара за купување и продажба на фудбалери.

Батето има дипломирано на Харвард и има работано у неколку менаџерски позиции у Голдман Сакс, у Милан е од 2019та од страна на Газидис, пред тоа работал у Арсенал и Астон Вила.

Не им бил по ќејф на Малдини и Бобан, па затоа појше работал у позадина тој период, од кога е дојден Кардинале главен е у дата секторот.

Сега ќе биде главен за трансфери, и ќе работа блиску со Аморим на трансферите, главниот збор на крај пак ќе го има Кардинале, кој сакал да биде повише вклучен во Милан од сега, улогата на Ибра ќе биде појќе маркетингшка и ќе нема многу збор у трансферите
 
Харвард и Голдман Сакс се престижни фудбалски институции. Кардинале, што ќе решава околу трансферите, е исто така уште еден голем познавач на фудбалот
 
Целата работа и голем дел од одговорот на прашањето дали ова експериментирање може да успее во Милан ќе биде фактот дали и колку ќе биде Аморим поддржан од цела тимска структура. Оваа тренер - менаџер позиција што ја доби со оваа структура, додека другите практично работат исклучиво за него и по негови насоки, може да е успешна во Италија, само што е големо прашање дали може да е успешна во Милан. Практично Аморим ќе биде она што е Фабрегас во Комо, па до некаде и Гасперини во Аталанта/Рома. Тие се центарот на фудбалската структура, а службите работат за нив. Ај Фабрегас е и со некоја сопственост во Комо и се покажа како добра коцка, ама Гасперини на пример откако ја надрасна Аталанта каде беше бог и батина, отиде во Рома и доби одврзани раце за све, па дури успеа да ги избрка и Раниери и спортскиот директор после една сезона затоа што не се согласуваа со неговата логика. Муабетот ми е, не дека не може да е успешен рецепт да имаш тренер на којшто му е даена ваква моќ во Италија само што не знам дали Милан со цела структура, вклучувајќи и фан база, новинари, јавност, луѓе внатре во тимот се спремни да се носат со ваков проект. Ова делува како да може прелесно да се распадне после 2-3 лоши резултати, притисокот да стане преголем и да се оди јово наново со све. Затоа е важно колку далеку е залижаниот ентерпренеур спремен да ја фура оваа работа и колку ќе може да го поддржи Аморим во текот на сезоната.

Уште кога ги отпушти сите, јасно беше дека во таква ситуација и Клоп/Пеп да ги донесеш ќе можат многу малку затоа што зад себе во структурата немаат апсолутно никого, све е труло и распало. Беше јасно дека Кардинале најверојатно бара една референтна фигура над која ќе гради затоа што и Рагник и Кроше беа такви ликови. Откако не му успеа со нив, одлучи таквата референтна фигура да биде Аморим. Јас сум искрено сумњичав целосно дека ваков експеримент може да успее во моментов и во ваков контекст во Милан, ама ај да видиме.

Она што е јасно сега е дека во ваква ситуација не смееш да држиш играчи во тим коишто не се целосно убедени дека сакаат да играат тука, затоа што штетата ќе ти биде поголема од користа ма колку и да се добри и потребни. Не сум никако приврзан со ниту еден, ама баш ниту еден играч од овој тим, така што, најдобро е да се направи што е можно поголема чистка. Од Мењон, Рабио, Леао, све се тоа темпирани бомби што и ако малку се незадоволни може да ти ја однесат сезоната у курац и да ти уништат атмосфера којашто и онака е никаква. Мене ми се чини дека на овие учените батиња во управа многу потешко ќе им биде да продаваат играчи отколку да купат. А има брдо истрошени ликови во овој тим што никако не ги гледам за следна сезона: Томори, Лофтус, Салемакерс, Фофана, па искрено и за жал, не знам ни Бартесаги каде и како би играл со Аморим, така што нема да ме чуди да го шитнат додека уште држи некаква цена и не се претвори во Калабрија.

Она што е исто јасно и што оваа структура го покажува е дека ќе се оди на чист и безобразен player trading. Купуваш младо и евтино, продаваш за година максимум две за профит. Затоа и структурата е полна со научници и млади талентирани data аналитичари, а не со луѓе коишто играле фудбал. И факт е дека не сакаме таков Милан уопште, ама исто е факт дека овој Милан со овој газда и во оваа Италија нема никад да работи на друг начин.

Сеа, ако више му дале толкав договор на Аморим, таква менаџерска позиција, тогаш нека го праат тоа што ќе им го побара, па куд пукло. Ако некој гори во ваква позиција, само Аморим ќе изгори. И секако мастермајндот на цела операција - залижаниот ентерпренеур, пријател на Трамп и Папата, ванаби Силвио Берлускони.

И сасвим ми е у реду Аморим да се потпре на нему познати играчи, затоа и не поврзуваат со све што мрда од Спортинг, затоа што ќе му требаат играчи што ќе играат и гинат за него во следнава сезона. Све друго нека исчисти. И ако ептен, ама ептен сака да ми учини, нека го задржи Камарда како втор напаѓач, греота е детето да гори низ Италија као да е Милан топкиве во моментов ПСЖ па да нема место за него, мислиш којзнае какви играчи имаме или можеме да зееме на таа позиција. Дај му топка, простор, ако го биде - ќе го биде, нема више 16 години.

И задње, нормално во ваква ситуација е да се стиканчи еден супер агент сеа што ќе биде редовен во Каса Милан и ќе го гради тимот заедно со Аморим. Затоа што нема фудбалски моќен референтен лик во управа, очекувам Мендес да си биде со договор на дело во Милан летово и да се молиме во него. А Аморим ќе си игра фудбал менаџер во живо, милина.

А ја со периферен вид ќе ја следам работата на братот Јовче Чироски и ќе бидеме сведоци на неговиот успон во фудбалско менаџерските води. Македонец коа ќе се стиканчи на ваква позиција и кога би имал иоле шанса да го земе Милан в раце, ќе запали све околу ако треба, ама ќе граби срце вергинско натаму, нема спас. Плус и фаца е со цртаното брадиче, нема што, има навивач во мене, свака част.
 
Харвард и Голдман Сакс се престижни фудбалски институции. Кардинале, што ќе решава околу трансферите, е исто така уште еден голем познавач на фудбалот


Ама другиот дела дека више 7 године е у Милан и ја познава структурата од доле до горе, и дека пред тоа 10 године работал у Арсенал и Астон Вила го игнорираш.

Башка у последни 10године Газидис е најблиску што имал Милан до асален директор, а овој е негов чоек.

Очекувам барем да не се дешава играчи у Динамо Загреб да праќаат и да им плаќаат 70% од платата
 
Најбитната работа е што во моментов сите фудбалери што се во ростерот и што ќе останат во Милан следната сезона се морално и психички паднати и закопани и не знам како ќе најдат мотивација и желба да играат следнава сезона за црвено-црниот дрес.
Како никогаш до сега е потребна искра во ростерот, ѕвезда водилка, мотивационен говорник што ќе работи со играчите ментално , психолог или мотиватор.
Не знам Аморим како ќе се покаже како психолог, можеби ќе биде потребно секој ден да носат по некој од поранешните фудбалери што играле за Милан да им дава поттик и да разговара со нив или можеби треба да се донесе некое стручно лице психолог.
Овде веќе не се работи за квалитетот на ростерот туку за состојбата во главата.
 
Леао ќе размислел што ќе прави после СП.


Нека ме му ја мисли многу, таман на добар пат тргна.
 
Ама другиот дела дека више 7 године е у Милан и ја познава структурата од доле до горе, и дека пред тоа 10 године работал у Арсенал и Астон Вила го игнорираш.

Башка у последни 10године Газидис е најблиску што имал Милан до асален директор, а овој е негов чоек.

Очекувам барем да не се дешава играчи у Динамо Загреб да праќаат и да им плаќаат 70% од платата

Збориме за тој што Бобан го посочи како таен аминувач на трансфери и тотално нефудбалско страно тело?
Ако е тој, како тоа нема одговорност за промашените продажби ?

Очигледно е дека идиотиве мислат дека фудбал и НБА/НФЛ се едно исто. Исто е очигледно дека се во дебела заблуда и дека секој што тоа им го посочи-летна.
Манибол е интересен филм ама сепак е само филм, тој принцип на работа е за клубови до 10 место, не е тоа што они мислат.
 
Збориме за тој што Бобан го посочи како таен аминувач на трансфери и тотално нефудбалско страно тело?
Ако е тој, како тоа нема одговорност за промашените продажби ?

Очигледно е дека идиотиве мислат дека фудбал и НБА/НФЛ се едно исто. Исто е очигледно дека се во дебела заблуда и дека секој што тоа им го посочи-летна.
Манибол е интересен филм ама сепак е само филм, тој принцип на работа е за клубови до 10 место, не е тоа што они мислат.


Бобан сереше за све и свекого поврзан со Милан пред да го вработаат, а и после тоа
 
Бобан сереше за све и свекого поврзан со Милан пред да го вработаат, а и после тоа

Никој не го демантираше. Јасно е дека клубот е до плафон полн со нефудбалски ликови и резултатите си се соодветни на тоа.
Секако, освен Ибра. Он има непроценлива вредност :icon_lol:
 
Последно уредено:
Бобан беше отпуштен затоа што не го сакаше Рагник, он и Малдини заедно беа за Пиоли што испадна добра одлука и земавме скудето.

После тоа кога и на Малдини му пукна филм и јавно побара пари за трансфери, циганите намерно ни 30 не му даваа за играч затоа за Де Кателаре цело лето се ценкаа беше избркан како куче.

За на крај Фурлани да лупне 40че за Нкунку како од шала......со амин од Кардинале.

Зборот ми е рибата смрди од главата, ова го пишав од првиот ден кога Кардинале влезе у клубов.

Жал ми е што бев у право, циганот док не го исцеди клубов не го продава.
 
Последно уредено:
Автоматски споено мислење:

Овие преку 50 милиони сосе бонуси лупнале на маса за овој :uzi:
 
Последно уредено:
  • Хаха
Reactions: Mud
6 гола дал оваа сезона 50 миљона .......

Коломбо наш оваа сезона има 7 гола у Џеноа...

Овие изгледа само чуле за Moneyball али не го гледале филмот.
 
Ако навистина го земат се надевам дека ќе биде играч со +20 голови односно тоа што беше Ѓокерес за Спортинг.
 
Back
На врв Bottom