Мајорка

  • Креатор на темата Креатор на темата george_jov
  • Време на започнување Време на започнување
Колониа де Сан Жорди види го. Топ 5 плажи на Мајорка, и гратчето е фино.
 
Ѕирни ги исто и Cala Millor и Cala d'Or .Cala Millor ти е супер место со голема плажа и чисто море што е најбитно.Има една поголема пешачка улица и убаво среден кеј, така да не е досадно за навечер.Моја препорака за хотел тука е Hotel Vista Blava. Лани, на крај на јуни, цена за полупансион беше 25 евра од човек од ноќ. Cala d'Or пак, нема толкава градска плажа, туку 4 мали ама убави заливи. Локацијата е голем плус, затоа што се наоѓа блиску до националниот парк Mondrago и Calo des Moro. Алкудија е исто така убава, хит дестинација за фамилии со мали деца со преубав стар град (оддалечен е 1-2км од ресортите). Минус е тоа што има преголема гужва и делува како мејнстрим дестинација, исто како местата на југ, со таа разлика што на југ гужвата ја прават пијани Англичани и Германци :D. За градската плажа во Алкудија не можам да зборам, не сум бил, но во близина на Алкудија е Playa de Muro која е топ.

Ефтини летови се наоѓаат. Еве гледам оваа година се дури поефтини од лани.Повратна карта за крај на јуни е 100 евра од човек. Скопје-Келн-Палма; Палма-Пиза-Франкфурт-Скопје. Има шетање по аеродроми ама се исплати :D

Рентање кола обавезно за обиколка на островот.
Така убав спој на природа и култура на толку мало место ретко се наоѓа.
 
Jas spiev vo Palma. Rentnav kola i go ishetav cel ostrov taka. Ako bi idel pak bi spiel Magaluf ili Palmanova. Ima ubavi plazi tamu a i nokjniot zivot e najblisku :)
 
Мислам дека наредна година здравје ќе се осили некој да пушти чартер за летна сезона до Мајорка. Еве годинава чесите ќе го работат Крит со чартер од Скопје, а интересот за Палма е голем ради реално ефтиниот смештај.
 
Само што се вратив, таман да ја освежам малку темава по 10 години. Искрено некогаш навистина се прашувам дали сме жртви на некоја пропаганда од страна на агенциите дека само во Грција е ефтино, а во Шпанија, Италија, Хрватска е прескапо, но човек малку ако знае да изменаџира со време и ресурси, ќе си помине многу поубаво споредбено со тоа гомната во Паралија на кои сме најголеми фанови.

Авионски превоз

Билетите беа земени некои 6 недели пред тргање. Имам една теорија дека околу 6-8 недели пред тргање билетите се најефтини и речиси секогаш се потпирам на неа. Првичната опција ми беше да летаме од Скопје до Барселона, па од Барселона до Палма, а и за враќање истото, бидејќи во времетраење летовите се вака најкратки (едниот е 2 часа и 50 минути, вториот е 50 минути), доколку сакате најкратка опција оваа ви е таа, особено што имате и поврзан лет од Барселона до Палма (преку Иберија беше мислам) околу 23:00 часот, со миминално чекање меѓу летови од 2 часа во Шпанија. Е сега оваа опција не ја избравме бидејќи ни беше премногу кратко 2 часа (пред некој месец заглавивме на сликањето и на граница во Неапол повеќе од 2 часа), а второ бидејќи покачија картите за до Барселона (Виз сфатија дека јуни месец поатрактивно ќе е Барселона отколку Мадрид). Да скратам приказната, за натака летавме со летот Скопје - Мадрид (иако е најавен 3 часа и 50 минути, летот е максимум 3 часа, намерно е ставено луфте да избегнат пенали плаќање за непредвидено каснење). Таму на аеродром чекавме некои 7-8 саати, бидејќи слетавме 8ипол, а летот од Палма до Мадрид беше во 4:20 сабајле со Иберија. Аеродромот е огромен, на различни терминали се летовите, возење од Терминал 1 до Терминал 4 е 15-20 минути, а таму имате и движење од 20 минути дур стигнете на потребниот блок, така да имајте го ова на ум кога менувате лет во Мадрид. Луфте време од неколку саати мора да имате. Друга опција преку Мадрид немаше, вечерен лет немаше, така да овој првиот сабајле го чекавме. Летот Мадрид - Палма е преку Иберија и трае саат и 20 минути. За враќање се враќавме преку Неапол и двата лета беа од Виз (Палма - Неапол и Неапол - Скопје). Тука некое разумно време имаше меѓу летови од 3 часа, единствено не ми се допаѓаше што беше летот од Палма во 13:10, сакав да е што покасно за да искористам од последниот ден, но за тој ден конкретно ова беше најповолната опција. Скајскенер или Киви може да си користите за летови да пребарувате. Знам и од Белград има летови до Палма, но логистички е комплицирано до Белград да патуваш, а и таа опција беше поскапа за нашиот термин. Вкупно сите 4 карти (2 лета за натаму, 2 лета за назад) не чинеа нешто повеќе од 7000 денари. Во септември се начекуваа поефтини, но за јуни овие беа меѓу поефтините варијанти (ако се земе во предвид дека Виз минималната сега е 20 евра од лет).

Смештај и гратчето Кала Рахада

Од старт отпадна планот во Палма да сме сместени, бидејќи за 8 ноќи сите смештаи беа длабоко над 1000 евра за месец јуни. Ова и беше одлично, бидејќи местото во кое бевме Кала Рахада/Кала Ражада (вака го изговараат локалците, иначе ви е Cala Ratjada) беше топ. До моментот на букирање коректни цени за смештаи имаше генерално само во Кала Рахада и Кала Милор, па се решивме за Рахада бидејќи некако најдобро ми се виде за ако немаш рентано кола, за опција најбејзик хотел која беше ситно под 300 евра од човек за 8 ноќи. За Мајорка Букинг ви е подобра опција од ЕрБнб, а најдобро ви е преку мобилен да букирате, бидејќи доста често имаат специјални попусти само за мобилен. Исто како и летовите, смештајот во септември е значително поефтин споредбено со јуни, ама нас во јуни ни се одеше. И има некои страни како lastminute.de (скроз рендом непроверени) што ги нудат истите смештаи за истите датуми за некоја поефтина сума, можда 50-70 евра од човек поефтино му доаѓаше, ама не ми вредеше ризикот. Ако некој го интересира смештајот може да му го пратам, нека ми пише во пп, пристојна опција беше, ништо спектакуларно. Местото е моја голема препорака, локацијата е технички како полуостровце како рогче и на секоја страна (освен на таа што е копното) има плажа, па така има 3 прекрасни плажи што се достапни пешки за 15-20 минути максимум меѓусебно. Исто така одлично е опремено со превоз, освен експресна линија до Палма (саат ипол возење), има линии до Алкудија (исто убаво градче), Кала Милор, Кала Мескеда (преубава плажа). Превозот им е многу точен, климатизиран, секогаш има место за седење (бар во јуни). Гратчето е одлично балансирано со супермаркети (Ероски, Лидл, Меркадона), дискотеки за ноќен живот, многу барчиња, ресторанчиња, мини пазарчиња, продавнички, знаменитости за шетање навечер, има и за деца за играње игралишта.

Плажи, организација за денови, трошоци за храна итн

Во Палма стигнавме првиот ден во 6 саат сабајле, а првиот автобус за Кала Рахада беше во 9 сабајле, па го прошетавме градот еднаш дур ништо не е отворено и е мирно. Подоцна за одење го прошетавме кај 10,11 саат додека е се отворено уште еднаш. Има 3 паралелни улички со дуќанчиња на едно место кои водат линијата од автобуската/железничката накај морето, успат има уште неколку помали улички. Убаво уредено, културно делуваше се, но генерално не се задржавме во Палма премногу, навечер врска немам како е, обично Палма е позната по ноќниот живот. Сите останати денови бевме на Кала Рахада сместени. Од достапни плажи околу ова место вака би ги сортирал: Сон Мол, Кала Гат, Кала Агула (достапни пешки во самиот град на различна страна сите), Кала Мескеда (10 минути со бус), Кала Милор (45-50 минути со бус), Алкудија (1 саат со бус). Последните 2 се и гратчиња, ние ги шетавме после плажа и со последниот бус се враќавме. Цената за превоз е доста евтина, од 1 до 3 евра, обавезно да плаќате со картичка наместо со кеш бидејќи 40% е поефтина цената за плаќање со картичка. Директно со картичка наша си плаќате во бус на апарат, не треба однарпед ништо да купувате. Сон Мол беше океј ама ништо посебно, Кала Гат беше преубава само мала замерка што е доста мала, Кала Агула е врв буквално и само на оваа плажа да си немаш никака мака, нас и најблиска ни беше. Да не пишувам посебна за секоја, сите се песочни, сите се чисти, без нитуедно ѓубренце, водата е тиркизна, прозирно е се дури и во најдлабоката, моите преференци за рангирање ми се некои небитни детаљи ко природа околу, растеретеност на поставеност на пешкри, такви работи, околу чистота на вода сите се 10ка. Кала Мескеда е нешто најслично до Кала Агула, има и дел за нудисти на краот ако некого го интересира (ова за фул нудисти се мисли, иначе топлес секој се сунча на секоја плажа). Алкудија е одлично гратче да си сместен, супер стратешка местоположба има исто ко Кала Рахада, а е и поголемо гратче. Плажата е најдолга од сите тука, прв пат видов ража во животот тука. Кала Милор интересно гратче, исто долга плажа, многу хотели во први редови така да тоа малку не ми беше по кејф, оваа и Сон Мол ми беа некоја нијанса послаби од другите, но тоа е дека другие беа фантазија. За храна цени мит е некој дека е скапо. Цени во супермаркети се ко кај нас ако не и поефтини. Кој е на буџет скроз може да си јаде во Меркадона, имаат готови јадења огромен избор за цени од 2 до 5 евра (Зборам за јадења ко паељи, пилешко копани, џигери, лазањи итн, 400-500 грама порции), имате и за седнување внатре и вц, имате и микробранова и прибор за јадење бесплатен. Цените за во ресторани седнување исто не се прескапи, најскапо ви е паеља и риба, одат од 16 до 20 евра тие, другото ко бургери, пици, шницли, пасти ви е од 8 до 15 евра.

П.С. За малку ќе заборавев да кажам. Најубавото бањање убедливо ми беше последниот ден во 7 сабајле на Кала Агулија. Празна плажа, нема никој, морето тогаш е најсолено, рамно е како писта, градот спие, тивко е, глас не се слуша, само звуците на природата. Во водата со наочари за нуркање ги гледам сите рибови, шарени видови прв пат што ги гледам, уште се многу на број бидејќи нема луѓе кои ги исплашиле, топла препорака на секој барем еден ден тогаш да отиде, не е ладна водата иако мислев дека ќе е.

Кала Гат:
0-02-05-86c4655c75316ac864825d574c834ab209ecdc7733c985838cec40eda74cbe65_996dabb909d26ca.jpg

Алкудија:
0-02-05-4ac7f41c0423ae5ba9f5cb93cb11c8e18b4b642690062c91c405975482f076e9_2864ec145205e04f.jpg

Москеда:
0-02-05-966b585c03567c418073d85d96fe14fd6d81febe46cf060ad60bac42bfad4aa9_ffc40eee351a79b2.jpg

Палма:
0-02-05-6ea5c7592d3569f6ac7453c43507ca2d3a774a73aa904573fa1b67bbcb05766e_3191a986f4052772.jpg
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom