Се плашите ли од турското “Големо” влијание во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Albertos
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што „најмирољубивата религија„, основава од „најдобриот чо‘ек„ кој некогаш одел по Земјава, е една експанзионистичка идеологија, која земјите/државите/општествата/народите го дели на:
- „земји на мирот„, во кои владее теократска шеријатска власт и
- „земји на војната„, а тоа се сите други земји во кои шеријатот се‘ уште не е востпоставен.

Кога еден „сечен„ ја напушта својата земја и доаѓа во туѓа, земјата во која дошол за него е предмет кој допрва треба да се освои и исламизира, обично по насилен пат. Не е битно дали „сечениот„ е дојден во Москва, Берлин или Лондон или Шкупими, оти на сите нив умовите им се инструирани само во една насока и цел.
Не знам зошто исламизацијата ја претставуваш како нешто неизбежно како нешто што мора да се случи?
500 години владееја тука очигледно ни ти ни јас не сме муслимани.
500 години владееја во Шпанија, не гледам дека и Шпанците се муслимани.
Ги има во огромен број во Израел, не гледам дека Израел се исламизира.
Ги има во Кина, не гледам дека Кина се исламизира.
Значи има начини како да се избегне, но тоа зависи од нацијата. Е сега, не сме исти ко тие што трпеле 500 години, па затоа е очигледен стравот.
 
Мојата сестрична е второ одделение, и на почетокот на учебната година пристигнала нова ученичка од Сирија која веќе добро зборувала германски. По првиот месец, таа почнала да им објаснува на девојките дека се грешници,како се облекувале харам, јаделе харам и тие морале да ја прифатат вистинската религија.Во одделението имало и едно курдско девојче кое си купило сендвич од супермаркетот и сириското девојче ја искарало затоа што купува храна од неверници
По протестите на учениците и родителите, ja преместиле.
И ова е го прави едно 8-годишно дете.
 
Кој би рекол дека од “секој втор си ги пакува куферите за Гермнија”, ќе стигнеме до тоа дека “сите патишта водат во Македонија”? :D

Смешно ми е ова кога викате иначе дека Турците ќе не поробеле. За да не поробат, нели треба нешто да ни земат? Што ќе ни земат нас? Долговите? Државните непријатели? Султанот би прогласил банкрот во рок од три дена кога би дошол тука.

Пазете еј, Германија ни ги зема лекарите и инжинерите, Турција ни ги зема фабриките и недвижностите, Непал ни дава луѓе што треба да ни ги изградат куќите што Германија и Турција ни ги испразнија.

Амааа….чувај ни го Боже суверенитетот, оти ако треба сами да ја водиме државава отидовме јабана. На крај ние ќе си останеме почесни гости во нашата држава.
 
Да зошто би имале страв ако нема поволна почва за такво нешто.
Ако има страв тогаш има поволна почва.
Почвата е поволна лол
Автоматски споено мислење:

Керката на сестра ми.... како се вика ?
Среќни коцки flashback

Како се вика братот на сопругата? Ирми
 
А не сме поробени? Не ти е 80% од облеката што ја носиш од Ваикики, Котон, ДеФакто и сл? Во ударните термини на секоја ебана национална телевизија не оди по една турска серија? Не се Турците најголеми инвеститори кај нас па така сакале-нејќеле, огромен процент од нашето население не работат во турски фирми? (Вклучително и јас). Во чаршија не испоотворија дуќани за локуми и чаеви со триста блештави светла ко во Капали чаршија да си? Еден таков не отворија на улица Македонија? Во првиот дуќан на Рекорд, тој кој прв ќе го видиш ако се шеташ по улица Македонија не отворија ресторан за турска храна, со натпис: „Turk mutfagi“ со огромни букви? Ко ќе влезеш по маркетите, особено во Рамстор, не е огромен процент од храната турска? Не знам, мене сето ова баш ми личи ко да сме поробени. Не е баш истото ропство како пред 125 години, но некој современ вид на ропство - дефинитивно е!
 
Почвата е поволна лол
Автоматски споено мислење:


Среќни коцки flashback

Како се вика братот на сопругата? Ирми
Значи сакаш да кажеш дека мнозинството македонци се спремни да примат ислам како вероисповест.
Бидејќи тоа е плодната почва.
 
Тоа да, реално малку имаат добиено државјанство, но овие 10 500 кои побарале не се дел од тие 30 000 кои наводно се доселиле во државава, туку иселеници кои уште живеат во Турција. Тоа зборам јас.

Инаку, само јас лично познавам четворица кои имаат добиено македонско државјанство, тројца Турци, еден Курд, но не на база на нивните корени, туку двајца по стапување во брак со македонски државјанин, а двајца по таму не знам колку време жителство во државава.
Тие 10 500 се вкупно државјани на Турција кои во последните 5 години побарале македонско државјанство. Тука спаѓаат сите Турци без разлика дали моментално престојуваат во Турција или привремено во Македонија (туристи, студенти, работници).

Поентата е дека фактичката состојба е далеку од апокалиптичното сценарио за кое збори Albertos, дека наводно доста од тие 30к добиле државјанство и дека само што не нè поробиле.

Тоа зошто и колку влегле во државава со привремен престој, е друг муабет. Денес можеби за Турците сме популарна туристичка дестинација, утре може да бидеме за Кинезите или Зеленортјаните, не може да знаеш. Неколку попознати инфлуенсери да направат видео за Македонија, ете ти илјадници нови туристи.
 
Не ти е 80% од облеката што ја носиш од Ваикики, Котон, ДеФакто и сл?
Не ми е. Од reserved, mango, mohito и massimo dutti купувам највеќе. :D

Не гледам ни турски серии. Единствениот грев што го правам е турско кафе. :D
 
Значи сакаш да кажеш дека мнозинството македонци се спремни да примат ислам како вероисповест.
Бидејќи тоа е плодната почва.
Тоа нема врска, не мора да се правиш на 3ипол.

Со нивното зголемување процентуално се намалува христијанското население. Знаеме како завршуваат земји каде што процентот на муслимани како народ оди повеќе од било која друга религија.
 
Не ми е. Од reserved, mango, mohito и massimo dutti купувам највеќе. :D

Не гледам ни турски серии. Единствениот грев што го правам е турско кафе. :D
Добро е! Тебе чедо, нема да те потурчат! :D
 
Тоа нема врска, не мора да се правиш на 3ипол.

Со нивното зголемување процентуално се намалува христијанското население. Знаеме како завршуваат земји каде што процентот на муслимани како народ оди повеќе од било која друга религија.
А зошто мислиш дека се правам на 3ипол?
Ти дадов и примери од историјата и сегашноста каде иако се зголемило муслиманско население не завршило со исламизација.
 
Добро е! Тебе чедо, нема да те потурчат! :D
Пљукната Цфете е она, попорво сс динамит ке се расцфета на турско македонску крваву сфадбу, него ли да се потурчи.
:D
 
Back
На врв Bottom