Се плашите ли од турското “Големо” влијание во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Albertos
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 септември 2015
Мислења
258
Поени од реакции
340
Возраст
30
Темава ја отварам бидејќи мислам нема слична на форумов.

Предмет е за Турско влијание и упади во Македонија.

Дали е тоа можеби обид за Ново Отоманско ропство и паѓање под турска власт?

Реално ситуацијата според мене е надвор од контрола.
Се смета дека во Македонија во последниве 1.5 година до денес се имаат доселено над 30.000 луѓе турци во Македонија.
А доста од нив и добиено државјанство.

Според некои бројќи се смета дека има 3000 студенти од Турција.
Што е само 1/10 од доселениците.
Дали некој се прашува што работат другите 27.000 луѓе.

30.000 луѓе се речиси како 4 помали града во Македонија.

Од друга страна, во последно време Турција ни е можеби и единствениот странски инвеститор во Македонија.

Последен пример е фабриката за ауто делови во Тетово која повторно е од турција.

Што мислите, дали е правилно толку многу турци да примаме во државата?

И дали сметате дека е правилно да им се даде македонско државјанство на сите.

Дали мислите дека владата преќутно го одобрува тоа?
 
Не ти се точни бројките. Во последните 5 години, имало 10500 барања за државјанство, а само 43 добиле државјанство.

Во 2021 направиле некои законски измени кои придонеле за енормното зголемување на бројот на барања за стекнување на македонско државјанство.

Десетици одобрени од илјадници барања на Турци за македонско државјанство

Само 43 турски граѓани од вкупно 10.500 кои побарале македонско државјанство добиле позитивен одговор од МВР. Оттаму велат дека иселениците не се изземени од безбедносни проверки кои ги налага законот пред некој да добие македонско државјанство.
Од вкупно 10.500 барања на турски граѓани за македонско државјанство во изминативе четири години, само десетици добиле позитивен одговор од македонското Министерство за внатрешни работи(МВР).

Оттаму за Радио Слободна Европа на 29 декември одговорија дека по спроведената постапка за стекнување на државјанство, донесени се 43 позитивни решенија за прием во македонско државјанство.

Претходно од Министерството, за РСЕ посочија дека законските измени во 2021 година придонесоа за енормно зголемување на бројот на барања за стекнување на македонско државјанство од иселеници кои живеат во Турција.

„Според извршените проверки за временски период од 2021-2025 година примени се околу 10.500 барања за стекнување/повраток на македонско државјанство“, беше посочено во одговорот на МВР.

Станува збор за измени на законот за државјанство поднесени од тогашната Влада предводена од коалицијата на СДСМ и ДУИ.

Тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски предложил во Собранието измени на законот со кој се дефинира што е иселеник.

Според законот, иселеникот и неговиот потомок од прво колено, може да се стекнат со македонско државјанство без при тоа тие да живеат во земјава, без да знаат доволно македонскиот јазик и без отпуст од претходното државјанство, правило што важи за странците.

„Иселеник, во смисла на овој закон, се смета граѓанин на Република Северна Македонија кој се иселил од Република Северна Македонија во друга држава, без оглед на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба“, се вели во законот за државјанство.
 
Имам пишано за ова и по другиве теми, и бидејќи сум често пати на аеродром поради работа, во последнава година, година ипол забележувам огромно зголемување на "туристи" од Турција. Буквално преполн е аеродромот, а скоро секој ден има летови од Истанбул и Анталија.

Моја теорија е дека во моментов сме им некоја битна точка на Балканов заради нивни Х причини (ширење ислам како број 1), и се шири некаква пропаганда помеѓу населението дека Македонија е стара Турска земја, и дека треба да идат да ја посетат нивната дедовина што би се рекло.

Затоа и искочија толку многу профили на Инстаграм каде што Турци објаснуваат за Македонија, и кој знае што зборат во видеата, не ги разбирам бидејќи се на турски. Најпознат таков профил е на една млада Турчинка @bizimesra која што става цело време видеа поврзани со Македонија, ама суптилно ги претставува како турска култура.

Нормално, просечниот каур паѓа на ваква пропаганда и ја смета за пријателска, без да види подалеку од носот и да ја разбере позадината на истото што му се случува. Проблемите со Турците тек допрва доаѓаат, сега за сега добиваме само мал preview од тоа што би се случувало, како случката со двете турчинки што возеле со 100 на саат по Трета Македонска Бригада.

Зголеменото доаѓање на Турци, надополни го со овдешните Отомански кучки (читај Турскиот башибозук) кои едвај чекаат да им дојде оригиналниот господар, кој ги донел на овие простори и им ги дал сите слободи за иживување и малтретирање на Христијанските народи, мислам дека само црни сценарија ни се пишуваат.
 
Можеби сум наивен но не мислам дека доаѓаат да шират ислам, си доаѓаат за подобар живот, но ги има многу па си мислиме кој знае колку дошле кај нас. Веќе у Германија или не се добредојдени или не е мед и млеко ко на времето па бараат алтернативи. Но да, чудно е што не идат во веќе исламски држави ко на пример Саудиска или ОАЕ, да долеам и ја малку масло во огинот :D
 
Не ти се точни бројките. Во последните 5 години, имало 10500 барања за државјанство, а само 43 добиле државјанство.

Во 2021 направиле некои законски измени кои придонеле за енормното зголемување на бројот на барања за стекнување на македонско државјанство.

Десетици одобрени од илјадници барања на Турци за македонско државјанство

Да, ама ова се мнозинство луѓе кои живеат во Турција, чии родители, баби или дедовци биле иселеници од Македонија, а не луѓе кои се дојдени да живеат тука. Пасошот го бараат зашто нашиот е далеку помоќен од турскиот. На Турците за една мочана Грција им треба виза.

@Albertos во темава не зборува за овие луѓе, туку за турски државјани кои доаѓаат да живеат во Македонија. И навистина бројката на нив се зголемува енормно во последниве години.
Автоматски споено мислење:

Можеби сум наивен но не мислам дека доаѓаат да шират ислам, си доаѓаат за подобар живот, но ги има многу па си мислиме кој знае колку дошле кај нас. Веќе у Германија или не се добредојдени или не е мед и млеко ко на времето па бараат алтернативи. Но да, чудно е што не идат во веќе исламски држави ко на пример Саудиска или ОАЕ, да долеам и ја малку масло во огинот :D
Да, и јас мислам дека ова со исламот врска нема. Познавам многумина доселени тука од Турција - сите, значи буквално сите што ги знам локаат алкохол, ни еден не оди во џамија, нити се клањаат, нити глумат некакви верници. За разлика од нив, Турците од тука се далеку по-хард-кор муслимани.
 
Вакум не постои и празниот простор секогаш ќе биде пополнет. Џабе е хистерии и паники дигање.
 
Најголемиот дел се самци. И ако ние како народ не им дадеме да се парат ќе изумрат за една генерација.
Ама тоа зависи од нашите домаќинки.
 
Back
На врв Bottom