Фан клуб - РК Вардар

Реално, после Михо клуч на клубот. Тоа е реалноста.
Грешка си ,после Миха иде Жика :)
За сите нас навивачи на клубот Михо е легенда човек,секој клуб да има по некој како него ќе цвета спортот кај нас.Голема пасија му е ракометот криво ми е што не се проба малку и во фудбалот ама голем залак е тоа а и многу повеќе пари се во прашање.
 
Тешко дека за брзо ќе се смени нешто во поглед на посетеност, мислам дека и на глава да застанеме џабе ќе биде, можеби еден ден кога целосно ќе се сменат генерациите и размислувањето на луѓето ќе мрднеме малку од мртва точка.

За жал во нашето општество уште преовладува тој сиромашен синдром и сите пари што се дадени за нешто што не е храна се сметаат за залудно потрошени.
Еве јас од моите дома тргнувам, на пример на мајка ми никако не и е логично како може јас да запалам кола, да одам на утакмица и да дадам 100 денари за карта, додека таа секој ден пуши по една кутија цигари.
Слично е и со татко ми, да се купат две пива од продавница е нормална работа, да се купи маица од клубот за кој навиваш, боже сачувај.
Дедо ми го интересира спорт, следи се на телевизија, на натпревар веројатно последен пат има отидено за време на Југославија.

И медиумите наместо да помагаат, додатно не дотолчуваат со вестите, сега со Шкендија кога имаше тепачка на трибина одма сите пренесуваат со бомбастични наслови, мислам дека секој втор човек што го сретнав ме прашуваше зошто бил инцидентот.
Луѓе што се надвор од тој свет и воопшто не ги интересира спорт разбраа за случката, кај таквите се создава слика дека на натпревари одат само хулигани кои се пијанчат, се дрогираат и чекаат прва прилика да направат проблем.

Мислам дека и претходно имам споделено искуство од улица кога го слушав муабетот на неколку деца кои беа пред мене, отприлика 11-12 годишни кои се враќаа од школо со ранци, дознале дека ќе има натпревар во фудбал помеѓу две училишта, нивното и соседното, сакаат да одат да гледаат и се јавуваат дома на родителите да добијат дозвола, едно од децата гледам има негодувања од мајка му, таа не му дава, детево ја моли и во еден момент и вика: АБЕ МАМО, НЕМА ДА ИМА КОМИТИ.
После таа реченица веќе мајката се согласува и детето добива дозвола да оди на натпреварот, можам да замислам што ќе беше ако тоа истото дете побара дозвола да оди на натпревар на Вардар.
Сосема нормална реакција на мајката
Има доволно примери низ Скопје каде што деца си доаѓале дома со црвенила од пендраци.

Се секираат и не треба за тоа да им се замери.

И за најмал инцидент каков што има на СЕКОЈА НАВИВАЧКА ТРИБИНА се први да пишуваат цели текстови и наслови за кликови, затоа кога истите тие навивачи како доброволци беа да гаснат пожари немаше ниту една вест, не видов ништо ни кога беа донирани 300+ новогодишни пакетчиња, кога во Кочани беа присутни на хуманитарен натпревар и на лицитација купија дрес кој беше подарен на млад локален навивач, кога се положува цвеќе на луѓе кои имаат допринос во борбата за Македонија, кога ќе се направи некоја убава кореографија или графит.
Пријател нешто забележав и морам да ти одговорам

Повеќе би сакал јасни прашања да ти поставам за да дојдеш сам до одговорите..

Дали кога ќе се поделат пакетчиња или кога ќе се положи цвеќе треба тоа со тапани да се прикажува и дали мислиш дека тие луѓе кои го прават тоа очекуваат нешто за возврат?
Секако тука или таму ќе прочиташ нешто, нема да биде тоа во пропаганда мод, ама ќе шушне низ интернетот и ќе се протне направеното.

Поменот е света работа, тоа е традиција со жив дух и живее вечно
Како на пример децата што прерано не напуштија..
Ти наброи дела на пример, некој ги спомена другарите, трет друго нешто и така тоа функционира
Гледам дека те јаде некое незадоволство и дека имаш очекувања па затоа ти пишав.

Да најдеш утеха е доста тешко достигнување, може едно од најтешките

Да појдеме сега по улица и да прашуваме рандом луѓе, благодарение на новинарите, повеќе имаат слушнато за инцидентот со Шкендија, отколку за сите овие работи кои ги набројав погоре, се да им ебам.
Затоа и револтот вака го искажуваш
Чисто пријателски критика, не сфаќај ништо лично

Иначе фамилијарен тикет 2+2 ќе реши многу проблеми околу посетеност на ракомет
Треба подлабоко да навлезат во маркетинг, ама тие што тоа го работат добро напредуваат и не се сомневам дека и за тоа ќе се погрижат кога ќе дојде време и ќе се поклопат коцките
 
Утре би требало да биде познато колку екипи ќе аплицираат за вајлд карта во ЛШ.
 
tebe tvojte te prakale? ke gi pretopime ne se sekiraj
Не ме носеле на утакмици, ама навивале за Вардар и не ми бранеле да одам.
Знаеме дека на 90% од нас роднините ни се доселени во Скопје минатиот век и затоа под скопјани кои ја правеле фан базата на клубот не ги сметам само старите скопјани туку и сите генерации кои потекнале од оние што се доселиле тука меѓу 1945 и 1970 година.
Моите фамилијарно се доселени во 1955 (мајка ми) и во 1965 година (татко ми). Ниту еден роднина немам во друг град, сите до еден во овој период се доселиле овде. Сите наредни генерации се растени во Скопје. Овие што се доселиле не носеле комплекси кон Скопје, ниту пак фудбалот бил развиен во тој период за да имаат љубов кон клубот од своето родно место. Растеле со јак ФК Вардар.

За разлика од овие генерации, новите кои доаѓаат веќе се поврзани на некаков начин (макар симпатии) со локалните нивни клубови. Повеќето растеле со омраза кон Скопје која се јавува со ривалството меѓу градовите по осамостојувањето. Не може некој што пеел да се врати 63-та, да му дозволи на детето да оди со Комити на трибина.
Да не коментирам каква слика имаат за навивачите во нивните глави, со оглед на тоа што во голем дел од другите градови најголемиот локален шлајм ги води групите (не дека и кај нас нема такви фаци, ама бар не се во организација).

И тие споредби со други држави, како оддалеченоста од стадион/сала не влијаеле врз број на публика, врска ви немаат.
Скопје е УБЕДЛИВО најлош поголем град во Европа во поглед на јавен сообраќај и поврзаност со периферија. Друго е во помал македонски град. Пешки го одиш за пола саат од крај до крај. Ќе се соберат младите или пензионеритр, пешки се одма на стадион и така дремат по паркови/плоштади/кафичи што се на 5 минути од сала/стадион. Не му треба да пали кола, не му треба да е заглавен пола саат во сообраќај, не му треба да кине нерви за наоѓање паркинг.
Сум правел споредба со Малме, дека внук ми е член на навивачите и знам дека 90% идат од периферија. Ама се качува во воз и за 5 минути стигнува на главна станица, одма фаќа друг превоз и одма стигнува на стадион. Никакви нервози, плус дружба со другите фанови.
Цел живот сум одел со јавен превоз или пешки на утакмици. Нека не ми кажува некој дека немало влијание. Кога игравме во Маџари, нерви искинав. Прво одиш пола саат за да фатиш бус до таму, па не дошол, па преполн, умираш внатре. Па за назад не застанува на станица кога ќе види 200 луѓе дека чекаат и така ми отишол пола ден.
Сега одам со кола на ракомет во Аеродеом. Паркирам на паркинг, на некое кретениште му текнало дека може да паркира во пролазот од едниот во другиот дел на паркингот. Излегов порано, морав преку жардињери да возам за да излезам, гробот да му го ебам. Да не коментирам колку време кружев за да најдам место.
Во периодот до 30 и нешто години не ми сметаше, имав време и можев да си дозволам и цел ден да го изгубам (алал да им е на сите што ме толерирале :D), ама сега 20 пати ќе се размислам.
Во ситуација кога фан базата живее предалеку од стадионите и салите, локацијата на истите и те како е важна. Можеби со градскиве возови ќе се подобри малку ситуацијата, инаку со овој јавен превоз толку е.
На Кадино-Вардар имаше 2500 луѓе во публика што се вика. Таму имаме голема база. Ама дека некој постар човек ќе изгуби 2 саати за да дојде до стадион/сала, мало морген.
Расадник за нас ќе беше топ решение прд 10-15 години. Тогаш во општин Кисела Вода имаше убедливо најголема фан база. Гарантирам дека по 2000 луѓе само од тука ќе идеа. Сега веќе не е така, се испоотселија сите, се населија нови луѓе од други градови. Замреа и тукашните подгрупи, никој не остана во Македонија.

Исто со споредбите за цените. Во кино, театар, концерт итн, каде што е поскапа картата еднаш или два пати годишно ќе отидеш, нормално е дека ќе дадеш и 1500 денари. Утакмици има еден тон во годината. Ако ги следиш и ФК и РК имаш 40+ домашни утакмици. Само за споредба, Ѕвезда што за нас е Реал Мадрид на навивачка трибина наплаќа иста или малку поголема цена од она што ние го бараме без членска (200 денари). За цените на неутрална на РК да не правиме муабет. И не е само цената на билетот. Целата нерва што ја јадеш со сообраќај, саатите кои ти се потребни, аматерските противници, нормално е да е ваква посетеноста.
 
Последно уредено:

ne deka ne e taka ama premnogu mislis i analiziras raboti sto bi bile "sitnici" ako se ima konstantno jak i stabilen klub. na toa se raboti. pri takva situacija koga togas ke imas momenti koga se ke klikne i so malku marketing mozes da ja vratis i dobies publikata. nie sme takov slucaj, kaj nas se nesto nema i op 100k na plostad, prodaden stadion a nema utakmica...

za nas najbitno e formiranje regionalni ligi za da imame vistinska konkurencija. vaka kako sto e ima golema razlika megu nas i drugite "gradovi" i klubovi u drzavata.
 
Back
На врв Bottom