- Член од
- 28 јануари 2018
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 11.704
Тешко дека за брзо ќе се смени нешто во поглед на посетеност, мислам дека и на глава да застанеме џабе ќе биде, можеби еден ден кога целосно ќе се сменат генерациите и размислувањето на луѓето ќе мрднеме малку од мртва точка.
За жал во нашето општество уште преовладува тој сиромашен синдром и сите пари што се дадени за нешто што не е храна се сметаат за залудно потрошени.
Еве јас од моите дома тргнувам, на пример на мајка ми никако не и е логично како може јас да запалам кола, да одам на утакмица и да дадам 100 денари за карта, додека таа секој ден пуши по една кутија цигари.
Слично е и со татко ми, да се купат две пива од продавница е нормална работа, да се купи маица од клубот за кој навиваш, боже сачувај.
Дедо ми го интересира спорт, следи се на телевизија, на натпревар веројатно последен пат има отидено за време на Југославија.
И медиумите наместо да помагаат, додатно не дотолчуваат со вестите, сега со Шкендија кога имаше тепачка на трибина одма сите пренесуваат со бомбастични наслови, мислам дека секој втор човек што го сретнав ме прашуваше зошто бил инцидентот.
Луѓе што се надвор од тој свет и воопшто не ги интересира спорт разбраа за случката, кај таквите се создава слика дека на натпревари одат само хулигани кои се пијанчат, се дрогираат и чекаат прва прилика да направат проблем.
Мислам дека и претходно имам споделено искуство од улица кога го слушав муабетот на неколку деца кои беа пред мене, отприлика 11-12 годишни кои се враќаа од школо со ранци, дознале дека ќе има натпревар во фудбал помеѓу две училишта, нивното и соседното, сакаат да одат да гледаат и се јавуваат дома на родителите да добијат дозвола, едно од децата гледам има негодувања од мајка му, таа не му дава, детево ја моли и во еден момент и вика: АБЕ МАМО, НЕМА ДА ИМА КОМИТИ.
После таа реченица веќе мајката се согласува и детето добива дозвола да оди на натпреварот, можам да замислам што ќе беше ако тоа истото дете побара дозвола да оди на натпревар на Вардар.
И за најмал инцидент каков што има на СЕКОЈА НАВИВАЧКА ТРИБИНА се први да пишуваат цели текстови и наслови за кликови, затоа кога истите тие навивачи како доброволци беа да гаснат пожари немаше ниту една вест, не видов ништо ни кога беа донирани 300+ новогодишни пакетчиња, кога во Кочани беа присутни на хуманитарен натпревар и на лицитација купија дрес кој беше подарен на млад локален навивач, кога се положува цвеќе на луѓе кои имаат допринос во борбата за Македонија, кога ќе се направи некоја убава кореографија или графит.
Да појдеме сега по улица и да прашуваме рандом луѓе, благодарение на новинарите, повеќе имаат слушнато за инцидентот со Шкендија, отколку за сите овие работи кои ги набројав погоре, се да им ебам.

Последно уредено: