Jew пропаганда, Катар беше едно од подобрите светски првенства у последно време.
Прво, чисто фудбалски, Катар 2022 беше страшен турнир. Падна рекорд за најмногу голови на СП со 32 репрезентации. Групната фаза беше лудница со Саудиска Арабија против Аргентина, Јапонија што ги тепаше Германија и Шпанија, Германија што испадна во групи и последното коло што беше хаос до последна минута. Нокаут фазата продолжи исто, пресврти, продолженија, пенали и веројатно најдоброто финале во историјата на светските првенства.
После, организациски, Катар беше многу попрактичен за обичен навивач. Сите стадиони им беа у радиус од неколку десеитици километри, рандом фан таму можеше да гледа повеќе утакмици у ист ден. Целосно бесплатен превоз со метро и шатл бусови за навивачите, организирано сместување специјално за турнирот во фан села, апартмани, крузери и слично. Се беше концентрирано на едно место наместо расфрлано низ цел факинг континент. Цените за тикети и до 20 пати поефтини од овие денес, категорија 4 за групна фаза имаше тикети од 11 долари, осминафинале од 19 долари, финале од 206 долари. Статистички е на трето место по посетеност во историјата на светските првенства со 3,4 милиони посетители.
Плус нормално време на натпревари за поголемиот дел од светот, поготово за европа каде што имаше утакмици низ текот на целиот ден. Мана беше очигледно, што беше во зима.
Е сеа спореди го тоа со ова што го гледаме и ќе го гледаме во САД. Забрани за влез на фанови, судии, спортски делегации. Супербоул шоуа на полувреме, тематска pride утакмица (пресмешно е што е Иран - Египет).
Илјадници километри помеѓу градовите домаќини, скапи летови и хотели, никакво организириано сместување, превоз кој за време на турнирот поскапува (од Њујорк до МетЛајф на твитер се вртат цени од околу 100 долари), језиви цени за карти и термини као овој моментално. Првенство без душа.
Се надевам барем ќе има добар фудбал.