Нема поголем пролив од така наречените рокери кои серат на помладите генерации дека не слушале рок (квалитетна музика демек). Ок бумер, те бара 80та назад.
Најтрагично од се е што истиве комплекси ги пренесуваат на помлади, па имаме и 25 годишни бумери со истиот став, што не слушнале никаква музика од нивно време. Па така да изгубив надеж дека ваквите фекалии ќе ги снема со тек на генерации.
Можда е анегдотално, но мислам дека нема поголема напуваност и претенциозност ниедна подкултура во просек како таа на рокот. А сум се движел и со љубители на електронска музика, рап, српско и ретко сум го приметувал овој феномен кај нив.
За разлика од другите уметности, за да уживаш во музика, не треба многу да ја разбираш или цениш како уметност, па следствено најголем дел од популацијата слуша музика за забава и не ја интересира уметничкиот дел во неа и слични детали, што е ОК. Не се сите ентузијасти за литература, гејминг, автомобили, whatever. Остајте ги луѓето да си уживаат во тоа што сакаат.