Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Мечка, Стојковиќ и Самоил треба да се зацементираат како стандардни пикери во репка за следните години. Сите тројца играат во два правци и на 3 и 4 во одбрана. Немаме зима на таа позиција и голмани би требало да сме ок долгорочно.
+Карасманакис. Михајловиќ од Бутел е исто така многу интересен играч, настрана последнава утакмица со Вардар каде што имаше 8/8 шут, од она што сум можел да следам сезонава константно е на слично ниво, многу прецизен, со многу подобро изграден шут од Карасманакис и Самоил кои се негова генерација само што е доста поситен за игра во одбрана и многу ќе зависи неговиот развој во иднина од тоа дали би можел да накачи на маса претпоставувам.
 
Тешко со таа висина Михајловиќ дека ќе направи нешто посебно. Маса успеа да стави овие две сезони, али не сум сигурен дека има повеќе од 185cm висина. Во модерниов ракомет речиси и да нема место за пивоти кои не играат во два правци, а градбата не му остава многу простор во дефанзивниот дел. Ќе треба да нуди нешто навистина ЕКСТРА во напад, за да надокнади за своите недостатоци.
 
Последно уредено:

Само на 2/5 во одбрана.
Јас бев скептик за Михајловиќ, но не демантира сите со добрите игри, има супер напредок физички и во неговата игра.
Очекувам со Столе да напредува уште повеќе.
 
Иако младинциве се во тешка група, верувам дека можат да изненадат и да стигнат далеку. Дамјан Митев нема да настапи на младинсково во Романија, не се знае причината зошто го нема на списокот.
 
Znae nekoj zosto noviot selektor Igor Ilievski ne go zemal Damjan Mitev i ne e ni na posirok spisok za Mladinskoto EP vo Romanija?
 
Тој веќе игра во Сениорски ракомет и не тееба да се форсира во младински категории каде ќе дава по 15 гола на утакмици, треба да го форсираме во сениори, секоја година го влечат во сите млади категории и на крај се враќа преморен и повреден и паузира по 6 месеци. Ваљда научиле од предходните првенства нешто мислам дека имаме и доволно други ракометари кој се талентирани и сеуште не се експонирани во сениорски категории и треба да се форсираат на овие првенства….
 
Апсолутно се согласувам, али сигурно не е оваа причината. Сто посто влече некоја повреда пошто е ептен стаклен и затоа го нема.
Кај нас младите категории не служат за развој и вадење играчи, туку ако може да се направи некој успех за фалење, ако можат и Тале и Фитиљот ќе ги пишат ко младинци. Затоа тек на 20 и кусур години почнуваат да играат во сениорска категорија.
Исто ко во други спортови што цела сезона играат со еден состав во младинските првенства и ко ќе дојде завршница од куп/првенство (ако дотурка екипата дотаму) ги враќаат сите од сениори што може да играат во млади категории за да се фалат со титулите.
 
Турција и Саудиска Арабија добија вајлд карти за светското, што е позитивно за нас.
Па донекаде е добра опција, овие не успеале да се пласираат преку квалификации, нека си седат дома.
 
Турција е тука ради Туркиш Ерлајнс кој треба да биде генерален спонзор на ИХФ, а и Саудијска Арабија јасно е зашто е викната. Познато беше ова многу одамна пред да биде објавено денес...
 
Турција и Саудиска Арабија добија вајлд карти за светското, што е позитивно за нас.
Лошо е ова за првенството, ама е топ за нас. Вака нема нагазна мина во 4 шешир (Катар и Јапонија е добро да се избегнат), а и во 3 само 2-3 опасни (Полска, Бразил,Грција). Подобро здравје.

Останува да ни се посреќи со распределбата на првиот/вториот шешир. Се надевам ќе ги избегнеме Данска, Франција и Германија (заради домашен терен), не само во групата, туку и во втората фаза. Во суштина вкрстувањето е поважно од групата во која ќе се паднеме, со оглед дека е многу веројатно дека ќе ја минеме (3 од 4 поминуваат). На прв поглед, добро е да се избегнат C, G и H, евентуално А, ако Египет се падни во B. Ама многу можни комбинации има.

Со оглед дека ова СП е квалификациско за Олимпијада, ова е огромен удар за Унгарија, Холандија, Австрија, Чешка...

За Саудиска Арабија, тие се повремени учесници, не гледам некој особен бенефит за ракометот. За Турција можеби ќе биде интересно да се види дали ова ќе предизвика поголем развој и интерес.
 
Ваљда со евентуално 3 место во втора фаза би се докопале до квал. за олимпијада
 
Тешко. За квалификации за олимпијада ти треба четвртфинале реално евентуално 9тиот и 10тиот да влезат, ама тоа е зависно од многу калкулации. Како сакаш врти ја работата, ќе ти требаат 2 победи против јаки екипи во најмала мера (појаки од нашата).
 
Се надевам дека ќе имаме минимум 4 бода. Најналце ни треба победа со репката од наш шешир... Би било топ барем 1 од првиот шешир да биде на ниво Унгарија или Португал за да можеме да изненадиме.
 
Не ни очекував дека Турција и Саудиска Арабија ќе одат, ама ова е супер за нас секако. Мислам дека најмногу би ни одговарало група А, затоа што би вкрстиле со Италија и една од Аргентина/Египет (ова некако е најидеално сценарио, и не дека ја потценувам Италија и овие двете, туку дека тука треба да е нашата шанса). Тука некако гледам простор за 1/4-финале. Групите Е и Ф не се лоша опција исто така, ама па не сакам сега со Шведска одма да играме. Најубаво да се избегнат Г и Х каде се Данска и Исланд. Штета што Франција ја ставија во Д групата, наместо да ја влечат (ете можеше Данска и Франција во иста група да паднат), така да и тој дел со Хрватска би бил потежок.
 
Back
На врв Bottom