Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе прајме муабет и се вртиме во круг.

Треба сериозно да се седни и види како понатаму т.е. дали клубот ќе биди партиско прибежиште на партија која е на власт или ќе се смисли нов начин на управување а тоа да не е на приватник со сумлив капитал.
Е сега можи кај нас најдобро е германски модел за клубот со плус дополнителни прилагодување .

Ако општината е главен финансиер на клубот, најдобро решение е адаптација на германскиот модел „50+1“, со дополнителни механизми за транспарентност.
Е зошто оти со години кај нас и други клубови на Балканот се истите проблеми:
  • Политичко влијание врз изборот на раководство.
  • Промени во клубот по секои локални избори.
  • Недоволна транспарентност во трошењето на јавните средства.
  • Исклученост на навивачите и локалната заедница од одлучувањето.
  • Недостаток на долгорочна стратегија.
Бидејќи клубот се финансира со пари на граѓаните, логично е граѓаните да имаат улога во неговото управување.

Пример структура​

1. Членство​

Секој полнолетен жител може да стане член.
Годишна членарина:
  • 1.000 -2.000 денари.
Право на глас:
  • Сите со платена чланарина
Членовите го избираат најголемиот дел од раководството. Ова лесно може да се направи и со онлајн гласање.

2. Собрание на клубот​

Највисок орган на клубот.
Состав:
  • Членови на клубот.
  • Усвојување на годишни извештаи.
  • Усвојување на буџет.
  • Избор на Управен одбор.
  • Избор на Надзорен одбор.

3. Управен одбор (9 члена)​

  • 5 претставници избрани од членовите.
  • 2 претставници предложени од општината.
  • 2 независни спортски или финансиски експерти.
Мандат:
  • 4 години.
Никој не може самостојно да има мнозинство , односно за одлука мора да има согласност барем еден глас од сите категории

4. Надзорен одбор (5 члена)​

Состав:
  • 1 финансиски ревизор.
  • 1 правник.
  • 1 претставник на членството.
  • 1 претставник на општината.
  • 1 независен експерт.
Задачи:
  • Контрола на финансиското работење.
  • Контрола на законитоста.
  • Следење на трошењето на јавните средства.

5. Извршен директор​

Се избира преку јавен конкурс.

Минимални услови:
  • искуство во менаџмент;
  • финансиско управување;
  • познавање на спортски организации.
Да не биде активен политички функционер.

6. Транспарентност​

Задолжително јавно објавување на:
  • Годишен буџет.
  • Годишна ревизија.
  • Финансиски извештаи на секои 3 месеци.
  • Спонзорски договори.
  • Трансфери на играчи.
  • Плати на раководството (во рамки дозволени со закон).

7. Финансирање​

Пример:
  • 70% општина.
  • 15% спонзори.
  • 10% членарини.
  • 5% билети и продажба на реквизити.
Целта е со текот на времето зависноста од општината да се намалува.
  • Клубот не зависи од една политичка гарнитура.
  • Граѓаните имаат директно влијание.
  • Поголема транспарентност.
  • Професионално управување.
  • Подолгорочна стабилност.
  • Помал ризик од злоупотреба на јавни средства.
Ако општината ги обезбедува најголемиот дел од средствата, таа треба да има претставници во управувањето, но не и целосна контрола. Така клубот станува институција на градот, а не на која било политичка структура.

Незнам ова е некој модел што можи е апликативен кај нас ама чисто за тема за дискусија, бидејќи факт е дека 30 години тапкаме во место , па пак ќе влезиме пак за опстанок ќе се бориме пак ќе отпадниме.

Мора нешто од корен да се смени !
Тргни ја општината од клубот или намали го процентот на максимални 10% за да немаш проблеми како до сега.
 
Многу ми е криво што испаднавте, ви посакувам што побрзо да се вратите повторно во ПМФЛ. Ова искрено ви го посакувам. И сакам да ви кажам дека не е лошо да се обидете да се обедините околу клубот и да не се обвинувате меѓусебно тука. Оние кои направиле да испадне клубот треба да си заминат, тука мислам на функционерите и стручниот штаб. Капитенот заедно со домашните играчи треба да покажат доблест и љубов кон клубот со тоа што ќе останат да играат и во наредната сезона за да се искупат за тоа што испаднаа. Јас не сакам да обвинувам никого, ама мислам дека некој од вашите функционери го шитна баражот. Од друга страна на ваков начин нема да мора да фрлаат финансиски средства и ќе го скратат буџетот така да од која страна и да се сврти им одговара на горенаведените.
 
А на кој ќе го дајме клубот ? :)
Епа мора да има начин да го земи општината назад ама да се намали нејзиното влијане во УО и НО за да не прават криминал како до сега.
На сомнителни "турци" или блашковци.
Ќе го имаа продаено да не се побунеа Чкембари. Тие и сега тоа го спремаат ама слабо пријателите од Чорлу по неколку финансики измами и сега играорчето ќе си оди во Илинден пак и нема пријатели од таму веќе.
 
То со турците сигурно има некоја игра оти тој шо ги носи турците има некоја зделка напраено во општината со тие лешинарите таму шо се. Тој е лешинар заедно со синојте негови наркоманите. Нека си седат настрана од клубот и нека си ги гледат другите бизниси шо му се со малцинствата. Пес семката да му ја еби.
 
То со турците сигурно има некоја игра оти тој шо ги носи турците има некоја зделка напраено во општината со тие лешинарите таму шо се. Тој е лешинар заедно со синојте негови наркоманите. Нека си седат настрана од клубот и нека си ги гледат другите бизниси шо му се со малцинствата. Пес семката да му ја еби.
Тие брат се важни колку ланскиот снег не вреди ни да се споменува тоа на форумот

ФК Пелистер ве поканува на завршна прес-конференција за сезоната 2025/26. Средбата со новинарите ќе се одржи в среда, на 3 јуни, во 12:00 часот, во прес-конференциската сала на стадионот ,,Петар Милошевски" во Битола.

На истата ќе се обратат Александар Стефановски, Марјан Секуловски и Мирко Ивановски.

Пренос би требало да има на YouTube едно е јасно сега по војната сите генерали и цела вина ќе оди само ан едно место и тоа е сега не важно работата е како од денес односно од вчера понатаму за враќање кај по ние местото Пелистер мора во прва лига !

Автоматски споено мислење:

Се надевам ќе ги отворат картите и кажат се шо беше(дека приоритет ќе биди историски како на времето секој шо беше на бате Ване или еден на Ѓоре Јовановски) и како беше нема шо поќе да изгубиме барем се нека се знај а не само тие исти муабети да ги слушаме наши пари а факт е дека вината е прво таму после кај сите други ...
Автоматски споено мислење:

Шо е најјако за прв пат во историјата иако имало и арно работи шо знам купот прослави никогаш немало пренос на тв Тера дојде денот дочекавме на тера да има пренос во живо не од утакмица за тоа ќе почекаме за прес само јбг добро е да се крева прашина па макар и било за лошо важно да се држи темата горе за да се најди решение ако се заборај два три дена ќе не пуштат пак по вода ете и во лошото има арно

 
Последно уредено:
Шо се кажа на прес конференцијата знај некој? Има линк онлајн да видиме шо збораја?
 
Ништо од пресот а многу очекував но не се тие криви туку овие шо поставуваат прашања две чисти немаат а намерно не пишав никаде прашања жалосно на кое ниво падна градот од се во очи падна излагањето на Мане се гледа дека го сака клубот солзи ми дојдоа но после почна во ароганција и се фрли во вода капитенот за џабе не требаше ни да оди а прецедателот ваков таков на два пати му се исправа и овие не знаат шо да прашаат ох мајко мила со коментари на фб се расправаме ништо суштинско или конкретно но убо шо ојдоа луѓето ако беа поќе констатации и свои видувања убо да се види дека на никој не му е е сеедно шо отпаднавме да си видат сите и слушаат сите дека Пелистер мора во прва лига !

Се думам сега дали да ги пијам прашањата работите шо требаше да се кажат и прашаат или шо вика еден пријател уште е рано на мртов германец не се крева пушка па можи че се освестат од вмро и ффм да сменат некоја одлука ако не си одиме со нашата битка и војна за Пелистер и Битола !

 
Po nikoja cena ne treba da prifatime da opstanime vo ligata na politicki nacin so prosiruvanje na istata.

Ako sme jaki naredna godina da vi se vratime kako so treba na sportski nacin, na ovaj nacin so go kazva Mane ke bidime isti kako eden drug klub, a go prozivame za toa so go napraja

Sramot ke bidi uste pogolem...
 
Поштено си испаднавме,срамота е да помислат дека има шанси за 1ва лига,камоли на прес или на социјални мрежи да посакуваш комбинации за останвање во 1ва.
 
Поштовам различно мислење и треба да се разгледа о има во увид но шо да прајме ако сакаат на сила да не вратат ништо не можеме за жал тие се власт, никој никаде не рече ништо ако сакаат сами да не вратат јас немам против шо треба да ги гледаме оние индијанците не знам како оди алгоритамот на фб но шо она се по видов еден ден не сакам ние да бидиме 2лига а другите 1лига реков пред една недела ни под разно не би прифатил но сега никој поќе не жалам како шо никој нас не не жалеше и сите си играа мајтап и сеир па шо сме ние копилиња цело време фрлени и оставени на страна ете имаат шанса да си ја исправат грешката ако не здравје ние сме учени немаме гајле но сигурно нема на никој да му биди заборавено ичи простено кој како ќе си заслужи така ќе си добие доста бевме добри момци о нешто фер само да исправаме крива Дрина а на кој стигна да ми се топори море сиктер таму сите нека фатат само нашиот гол интерес доаѕа сме арни со сите !

P.S.инаку да не се прајме толку поштени лани како останавме во лигата се сеќавате пред тоа како влеговме и се така уназад поради лоши политики на управите во оваа лига нема ноти една потпена екипа ние сакавме да бидиме арни еве шо ни се деси како опстана башкоми и арсими знајте ?Како влезе Брегалница па Скопје итн...шо треба сега тие да не играат прва лига а ние да одиме 2лига оти сме поштени и сакаме спортски начин море матер да му ебам преку живи луѓе има да газам нека биди по нашето за шо по нивното на кој че му се докажуваме ако има еден поштени прв нека фрли камен

Инаку едно да прашам башкими треба да се казни или не ? Знајте дека цела лига беше дроб последните кола се договорија арсими со башкими и со струга се договорија тие ни туркаат сандук сега ние чесни и поштени да бидиме ? Оти не се бунеше никој лани знајте сите како останавме во лигата? Оти никој збор не рече пред тоа кога влеговме исто и пред некоја година кога не пикнаа за короната ако зборате кажете се да одам уназад тогаш одговараше сега не треба да одиме курбан ај поарно да ќутам но само немојте тука и на фб поарно да отпадниме за шо поарно за кој поарно ? Фала ќе ни речи некој ?! Да збораме за другите екипи колку се поштени за кој сакате ? Плус ние никаде ништо не бараме
 
Back
На врв Bottom