И цел ден помина и уште не ми се верва кој крах го диживејме, па ваков пораз не ме погодил НИКОГАШ, сме губеле утакмици милијарда, вардарци не сереле, пелагониски дербиња, евро утакмица, со шошони, мошони ама она вчера не закопа и како клуб и град !
Ејјјј Арачиново човече, немој некој да ми речи имале пари, оти големата ќе ја напрајме, 1.3 милиони спичкавме мува не ги лази нашите за тие пари требаше да сме одма зад Струга Т.Л и да баратаме место во Европа како Силекс шо напрај, дали преку купот или +1 од лигата, ние од село изгубивме, абе глата на трупец да ми ја клаеја ќе речев теорија нема да испадниме и ете шо се деси, терен ти дават, публика ти дават, судија ти дават, какво ффм сами сме криви, ни Масер ни никој не ни е крив, кривицата е во нас и точка.
Е то е шо го велев цело време дека не треба да се вложва толку во фудбалот, пак дојде на моето, мислевте се ситам, ама општината не треба 1 денар да дава тука, не пак да издвојува толкави НАРОДНИ ПАРИ за мизерен фк Пелистер кој ги спичка парите и ојде 2 лига.
Или се наоѓа странски инвеститор, бурда раководи со клубот, со партијашки фаци како Борче и Бојан од небо паднати офсајд шо не знат шо е чекаме фудбал во градот ХА-ха-Ха.
Па одговорност гледам сите пишат, шо одговорност ? Од кој ? Вмро сам ќе си напрај ревизија на сработеното ? Коњо лета гулаби некогаш со изјавите, ќе барал ревизија за да можело да се продолжи напред

Еве батка јас ќе ти кажам како треба:
-Денар да не вложите повеќе во ФК и тие пајкушите партиски шо се на цицка 56 души вработени одма разрешвање, ако се најди во блиска иднина инвеститор се прај план и договор за долгорочна стратегија, наша страна едино можиме да понудиме нова изградена трибина - но не и стадион (зошто не си го исполнивте ветеното) и толку, школата да се надеваме дека функционира.
-Фокусирајте се во иднина на патитата, влезот од едната страна на Битола 10 пати го прекопавте, преправате, цефка мефка забораена, канделабри кладовте, струја не донесовте, напрајте го градот да личи на град на влез, за помош Митацо од Кавадарци можи да го контактирате како се работи и мрда од нулта точка градот до левел ап или тој Штипјанецот од Штип. Оти и на ова поле реално сте слаби, а Чулако после вас иди и си снима драми. Другиот влез од градот е чист змијарник над Таскфорс.
-Уличишта/градинки исто интернационални уличишта ако веќе сме град и носиме странски спортисти со фамилиите, сакат да му учат во интернационално уличиште.
-Раконструкција на здравствените домови, болницата поточно шо паднало не станало, не дај Боже некој мака да има....
- Е после одиме СПОРТСКИ КОМПЛЕКС дооооолгоооо најавуваниот, помошни игралишта околу стадион, веќе постоечките се униште и се пасиште за крави и добиток, Ќумурното игралиште е собиралише за пијаници и наркомани со оштетена подлога, нови тениски игралишта, спортска сала, затворен базен, теретани е ова е шо треба да му го понудиме на инвеститор од наша страна за да вложи. Не можи тука некој да ти дојди а да немаш помошен терен, лани Кравари со дождојте се поплави 2 месеци беше надвор од употреба стадиончето, ако не се лажам до последно се одеше Црно Буки шо е резил за клуб како ФК Пелистер.
Дури не се средат овие работи, сигурен сум дека никој нема да замери шо не се вложва во Пелистер, до тогаш нека остани и макар втора лига. После то ПЛАН И ВИЗИЈА ЗА ТИТУЛА, доста е падни стани, па мислам сме најотепан клуб во цела прва лига, не е можно секоја втора година да играме втора лига, пази втор град во државата, претходно шо произведил околу 20-30 репрезентативци да си играт ташак курантари од партијата, помалото вмро, поголемото вмро ќе си ја префрламе топката.
А вие пратениците од Битола што сте во владата сте едни обични пиченца, шо со прст немате мрднато, ни сега овие ни претходниците пред вас, парите на гла ќе ви тежат кармата ќе ги стигни сите еден ден !!!!
Да се навратам околу утакмицата - Сезона 2025/26 во ФК Пелистер за мене играле ПИЧКИ од играчи и управа.
Кои спичкаја над 1м. евра и после 1 час од најбитната наша утакмица за опстанок со тие пари ние испаднавме од лигата ! Срам и арам да ви е, пред 20 години ви кажав шо ќе ве снајдеше, сега се други времиња за жал....
После некој одговорност бара, абе батиња 64 души живи изгореја во Кочани пред 17 месеци сменето е нешто ? Буквално ништо денојте си врват мува не ги лази, ќе застари делото и ќе се заборај се, така и со ФК, по неколку сезони ќе се вратиме можи 1 лига и оваа жива катастрофа и мизерија ќе се заборај како ланскиот снег ! Не се прајте наивни дека некој ќе сноси одговорност, а реално треба. Прво од тој шо ги донесе играчите и му понуди такви договори и плати, станој, јадења, пари на рака и шо не. Незналици донесени од Србија, рака на срце се погоди само Булатовиќ и за дечкото немам лош збор, Здравковиќ наркомано шо дилаше дрога во Расчекор во ништо не е појак пример од Егри, Србјанац со двете леви, во нашата лига има 5 наши играчи појаки од него (а плаќаме странец) за Милојевиќ, Петровиќ и и тој другиот Петровиќ од Партизан цицибани шо дојде, неќам да трошам зборови....
Најмногу разочара капитенот, овде полно рамно, му изиграва Роналдо на играчите, ама Роналдо не ја зеде топката во пенал рулетот како КАПИТЕН и искусен да ги предводи и да се извади за претходно промашениот, се скри зад сите и одби кај Мане да шутира, а претходно во игра дрес од гостите имаше облечено, на одмор си дојде во Битола, амааааа битнооооо ви го договори Динамо Букурешт за пријателската



За пеналите нека одат Давид и Мрмачо како неискусни и уплашени деца.....
Стеф џабе се мачи, печен е за пензија, сите ќе си заминат и се ќе сменат, само болката и горчливоста од мечот ќе останат кај навивачите кои се секогаш тука !
п.с. Па по некои алгоритам 240 објави излегват од нив, од славења, политичари шо му честитат, еххх Македонијо......