Sikimco
Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
- Член од
- 25 јули 2011
- Мислења
- 574
- Поени од реакции
- 334
Zdravo kolku se ceka na ovaj status
Автоматски споено мислење:
По преписката Ви предстои да б'де изв'ршен финален експертен преглед преди да б'де разгледана от С'вета по гражданство.
Ако навистина интервјуто му било во август 2024, тогаш искрено ми е чудно веќе да е на финален преглед, бидејќи во моментов се уште масовно се завршуваат преписки од 2023 година. Да не ти е образувана преписката во 2023 ? Како ти гласи броjчето 16ххх/2024 ?
Во секој случај, статусот „По преписката ви предстои да б'де изв'ршен финален експертен преглед преди да б'де разгледана от С'вета по гражданство“ значи дека е поминал задолжителни согласувања и проверките се завршени, а останува уште финалната експертска проверка, после коjа следи положително и указ. Финална трае 1-2 месеци додека да стигни на положителна и после 3-4 додека да добиеш указ. Ама пак, ако интервјуто стварно било во август 2024, би бил меѓу ретките што толку брзо стигнале до оваа фаза додека голем дел од преписките од 2023 се уште чекаат.
Другар, престани да спамираш по 10 пати на ден со истото прашање. Ти одговоривме веќе неколкумина, а еве и уште еднаш: откако ќе влезеш на финален експертен преглед, најчесто се чека уште 1-2 месеци, некогаш повеќе, некогаш помалку.
Искрено, веќе почнувам да мислам дека тролаш, затоа што кога те прашуваат за screenshot од статусот или за конкретни датуми, никако да ги прикачиш, а секој втор ден го поставуваш истото прашање.
Пушти screenshot од статусот и датумите ако сакаш поконкретен одговор, вака само се вртиме во круг.
