Коце уживаше солиден медиумски рејтинг, тоа беше пикот на дпмне, каде и да немаше опозиционен медиум. Шилегов беше доминантно напаѓан, а Данела исклучиво напаѓана. Дури и кога отворено тргна против дивоградбите, патриотите застанаа зад урбаната мафија. Тоа го направи сдсм, партијата која дојде на власт каде борец против оваа мафија, а во Центар и да нема место каде нема зграда. Дури и оние неколку поголеми парцели кои беа користени како јавен паркинг, беа претворени во висококатници. А тука е и одговорноста, истите го напаѓа Никола како гради на Водно, а парцијално Водно спаѓа и под општина Центар каде се гради без усул. Кога ќе се појави слечиште, одма пред камерите и си префрлаат одговорност.
Коце беше напаѓан активно од цел сегмент на медиумите, да беше и фален и промовиран од сите про-владини медиуми но имаше и огромен медиумски притисок "како е сељак", "како го уништил Скопје", итн ... . За плажата на вардар, за врбите и еден куп други работи беше напаѓан безмилосно.
1. Под раководство на Орце се "направи" патот кон Теферич, истиот буквално се преполовува после 6 месеци и нема ниту еден медиум кој ќе излезе јавно и ќе му побара одговорност.
2. Во Кисела Вода кога беше градоначалник ги сокапа фирмите од рекет земање. Буквално ги сокапа. Ниту еден медиум нема пишано збор на темата.
3. Братот една работа не направи во Кисела Вода во четири години, нема збор.
4. Користеше ПОЖАРНИКАРИ да мијат плочници, никој не кажа збор.
5. Види како на Коце цело време му се префрлаше дека е "сељак", на Шилегов дека е "пијаница". Али одеднаш за Орце медиумите немаат никакви епитети.
Има неверојатен грб од медиумите, не знам зошто, не знам како али го има.
Колку сакам да беше во право.
Не знам која генерација си али ако си родена пред 95та, и погледнеш реално како беше во периодот до 2005-10 ќе видиш дека ситуацијата е неспоредлива од секој аспект. Како урбана опрема така и јавна чистота.
1. Постојките на ЈСП уште не ги сменија со тие црвените, стакло немаше читаво после еден месец. Денеска ставаат и екрани на истите нема еден скршен, не само тоа туку веќе ниту плакати немам видено да лепат.
2. Железни клупи ќе ставеа, или игралишта по 2 недели не издржуваа.
3. Истото е и за канти, и за фонтати и за се.
Друга работа е што и денеска се побрзо се изгледа како да се распаѓа зошто тоа што се прави и купува не се гледа да е функционално и лесно за одржување, Туку се гледа естетски да изгледа ок кога ќе се постави за сликање.
Се купуваат детски игралишта за по десетици илјади евра кои се премногу комплицирани, невозможни за одржување, и се направени целосно од пластика која реално не може да издржи ниту едно лето од 40 степени во Скопје. Да тоа изгледа супер, бродови/замоци/итн ... кога ќе се постави али тоа не може да преживее секојдневно активно користење. Не е реално да очекуваш дека ќе може да издржи.
Истото е и со канти, лимени канти кои треба да се расклопат за тој што собира ѓубре да може да го извади ѓубрето.
Алуминиумски фонтани кои се распаѓаат после една година активно користење.
Паркови направени од даски за станбено уредување кои ако сакаш да траат треба да ги лакираш секоја година, за што они немаат абер.
Порано луѓе одеа по улици и кога ќе завршеа со јадење чипс или нешто благо директно фрлаа на земја. Денеска тоа е намалено за 90%+, проблемот е и дека и чистењето е намалено за 90%. А неможе само со пазење да се одржи хигиена, мора да се чисти.