Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Тие што сте ме цитирале, ако конечно фатиле да си ја работат работата треба да се поздрави а не да се критикува.
Ако забушаваат пак, критикувајте.

Наместо критика треба позитивна афирмација нешто кога ќе се сработи.
Не се секирајте не ве прави тоа членови на партија.
 
Нема пари, сите буџети се празни од општински до централен. Претходно масивните дефицити во државниот буџет се надополнуваа со Европски грантови и кредити за проекти ( огромен дел и бесцелни). Проблемот е дека Европа нема во моментов нема пари да префрла на неважни држави како нас кои немаат избор. Премногу жаришта имаат и растегнати се до бескрај финансиски.

Кредити нема од кој да се земе, поради истата причина + фактот дека веќе сме задолжени до лимитот кој е дозволен за држава од наш калибар и со тоа кредитите се високо ризични, и каматите се до плафон. Зошто имаме обврска долгот да го држиме под одредено ниво, а нема финансии да се сервисираат сите потреби моментално се трупаат долгови на најниско ниво. Јавни претпријатија, школи, градинки, агенции итн ... не си ги плаќаат сметките. Основни училишта имаат по 10 000 000 денари долгови на свое име.

Имаше неколку лица кои мораше да бидат поставени за директори а ги немаа потребните квалификации и сега затоа се прават егзибиции.

Изгледа како политички писмен зошто ги нема медиумите цело време да ја прикажуваат неговата "способност", поради за мене необјасниви причини. Да добиеше 10% од третманот на Коце, Шилегов или Данела сега ќе плачеше на пругите. Впрочем истото и важи за кога беше градоначалник на Кисела Вода. Човекот цело време се користи со мафијашки методи али поради некоја причина се се игнорира.

Денеска не се оштетува урбана опрема ниту 10% од тоа што беше пред 20-25 години. Главниот проблем е неодржувањето , ниту пак имање капацитет нешто да се одржува. Не може општини со по 80 000+ народ да немаат две лица вработени кои можат да поправат клупа, канта или да наредат неколку метри бекатонки. Они немаат луѓе клупа да поправат, секогаш кога нешто ќе се расипе треба да се објави тендер за да се купи ново. Тоа е неодржливо.
Коце уживаше солиден медиумски рејтинг, тоа беше пикот на дпмне, каде и да немаше опозиционен медиум. Шилегов беше доминантно напаѓан, а Данела исклучиво напаѓана. Дури и кога отворено тргна против дивоградбите, патриотите застанаа зад урбаната мафија. Тоа го направи сдсм, партијата која дојде на власт каде борец против оваа мафија, а во Центар и да нема место каде нема зграда. Дури и оние неколку поголеми парцели кои беа користени како јавен паркинг, беа претворени во висококатници. А тука е и одговорноста, истите го напаѓа Никола како гради на Водно, а парцијално Водно спаѓа и под општина Центар каде се гради без усул. Кога ќе се појави слечиште, одма пред камерите и си префрлаат одговорност.

Затоа имаш предлог буџет, и во тој буџет треба да бидат предвидени сите основни проекти со помош на кои си дошол на власт, а два кандидати дпмне победува благодарение и на автобусите, претпријатието кое самите го уништија, преку блокади и непотребни задолжувања. Тоне во кредити и доспеани долгови, а едно време имаше и долг за неплатена нафта што се закануваше крах на јавниот сообраќај.

Во однос на директорите, исполнување на законските квалификации односно услови се бараат кога ќе има оглас, без оглас секој кој има деловна способност и е полнолетен може да биде директор. Буквално секој, и да немаш 5 години работно искуство, и да немаш високо образование, и да не знаеш два збора англиски. Ти си именувано лице, вршител на должност, доволно е да има Решение/Одлука потпишана од градоначалник.

Исто гомно се сдсм и дпмне.
 
Во тоа е „кваката„ и тоа се чини намерно.
На пример, детските игралишта немааат никакво обезбедување од вандализам, самите нивни корисници се обично тешка сељачана која нема осет за чување на јавната сопственост, а на општините тоа им одговара, оти секогаш ќе направат нарачка за оштетена урбана опрема или игралишта, за да можат парите од нарачката да отидат во џебојте од „наш чо‘ек„.

Немаат доволно пари за нарачки, не се оштетува намерно за да има нови нарачки. И заради тоа се се распаѓа пополека. Главното е дека немаат организациони способности за да воспостават функционален локален апарат. Не постои функционална држава во светот која 95% од своите надлежности ги обавува преку тендери. Не е возможно тоа.

Не може општина со 80 000 жители, да има локален апарат од 100 вработени во администрација и 0 ВРАБОТЕНИ за извршување на надлежности. Не може тоа така да функционира. Не може општините да немаат по еден камион и багер. Да пуштаат јавни набавки за да дојде багер да ископа канал. Да не можат да сменат сијалица на бандера, да поправат фонтана или да пререрадат 20 метри квадратни бекатонки.

Али за тоа има ЧЕТИРИ вработени во оделение за родова еднаквост, а истото оделение има годишен буџет од 100 000 денари за проекти. Имаш 10 инспектори кои немаат излезено од канцеларија, али имаш јавна набавка на истите да им се купат ОБУВКИ за скоро 30 000 евра.

1779880357458.png
 
Коце уживаше солиден медиумски рејтинг, тоа беше пикот на дпмне, каде и да немаше опозиционен медиум. Шилегов беше доминантно напаѓан, а Данела исклучиво напаѓана. Дури и кога отворено тргна против дивоградбите, патриотите застанаа зад урбаната мафија. Тоа го направи сдсм, партијата која дојде на власт каде борец против оваа мафија, а во Центар и да нема место каде нема зграда. Дури и оние неколку поголеми парцели кои беа користени како јавен паркинг, беа претворени во висококатници. А тука е и одговорноста, истите го напаѓа Никола како гради на Водно, а парцијално Водно спаѓа и под општина Центар каде се гради без усул. Кога ќе се појави слечиште, одма пред камерите и си префрлаат одговорност.

Коце беше напаѓан активно од цел сегмент на медиумите, да беше и фален и промовиран од сите про-владини медиуми но имаше и огромен медиумски притисок "како е сељак", "како го уништил Скопје", итн ... . За плажата на вардар, за врбите и еден куп други работи беше напаѓан безмилосно.

1. Под раководство на Орце се "направи" патот кон Теферич, истиот буквално се преполовува после 6 месеци и нема ниту еден медиум кој ќе излезе јавно и ќе му побара одговорност.
2. Во Кисела Вода кога беше градоначалник ги сокапа фирмите од рекет земање. Буквално ги сокапа. Ниту еден медиум нема пишано збор на темата.
3. Братот една работа не направи во Кисела Вода во четири години, нема збор.
4. Користеше ПОЖАРНИКАРИ да мијат плочници, никој не кажа збор.
5. Види како на Коце цело време му се префрлаше дека е "сељак", на Шилегов дека е "пијаница". Али одеднаш за Орце медиумите немаат никакви епитети.

Има неверојатен грб од медиумите, не знам зошто, не знам како али го има.

Колку сакам да беше во право.

Не знам која генерација си али ако си родена пред 95та, и погледнеш реално како беше во периодот до 2005-10 ќе видиш дека ситуацијата е неспоредлива од секој аспект. Како урбана опрема така и јавна чистота.

1. Постојките на ЈСП уште не ги сменија со тие црвените, стакло немаше читаво после еден месец. Денеска ставаат и екрани на истите нема еден скршен, не само тоа туку веќе ниту плакати немам видено да лепат.
2. Железни клупи ќе ставеа, или игралишта по 2 недели не издржуваа.
3. Истото е и за канти, и за фонтати и за се.

Друга работа е што и денеска се побрзо се изгледа како да се распаѓа зошто тоа што се прави и купува не се гледа да е функционално и лесно за одржување, Туку се гледа естетски да изгледа ок кога ќе се постави за сликање.

Се купуваат детски игралишта за по десетици илјади евра кои се премногу комплицирани, невозможни за одржување, и се направени целосно од пластика која реално не може да издржи ниту едно лето од 40 степени во Скопје. Да тоа изгледа супер, бродови/замоци/итн ... кога ќе се постави али тоа не може да преживее секојдневно активно користење. Не е реално да очекуваш дека ќе може да издржи.

Истото е и со канти, лимени канти кои треба да се расклопат за тој што собира ѓубре да може да го извади ѓубрето.
Алуминиумски фонтани кои се распаѓаат после една година активно користење.
Паркови направени од даски за станбено уредување кои ако сакаш да траат треба да ги лакираш секоја година, за што они немаат абер.

Порано луѓе одеа по улици и кога ќе завршеа со јадење чипс или нешто благо директно фрлаа на земја. Денеска тоа е намалено за 90%+, проблемот е и дека и чистењето е намалено за 90%. А неможе само со пазење да се одржи хигиена, мора да се чисти.
 
Последно уредено:
Може на краток рок али на долг рок тоа не функционира. И СДС со Заев пробуваа слична тактика, каде што Заев излегуваше на телевизија и збореше глупости за вниманието да се сврти лично на него, наместо да се збори дека ништо не функционира. Ама незадоволството се наталожува, посебно кога за да дојдеш на власт си продавал мантра дека "си способен", "дека знаеш да работиш" и слично.

Овие се комплетно неорганизирани и ниту имаат кохезија, ниту имаат план а за крај ниту пак имаат каква било координација на делување. Сите си буткаат вода на своја воденица и си тераат своја агенда. Скоро идентични се со комуњарите кога дојдоа на власт во 2016. И на ист начин ќе завршат.

Тоа што е најважно сега е СДС вечно да биде пратена на гробишта и да не им се даде надеж дека некогаш ќе се вратат на власт. Апсолутниот максимум на таа партија треба да биде да се новото ЛДП.
Состојбата во медиумската сфера е таква што просперираат само пресститутки.
Проблемот е што кога ќе ги соочиш дека пласираат лажни вести и манипулираат одговараат, па ние работиме пазарно ако не ти се допаѓа нашата приказна оди на друга пресститутка и таму биди си, но не ќе да е така.
постои закон за медиуми имаат национални концесии и се дотираат со буџетски средства треба да почитуваат закони ама како и секоја проститутка си имаат оправдување.

Во што се неорганизирани, или не треба да се тоа објави,... велиш буткаат вода на своја воденица а на чија воденица треба да “буткаат“ вода/ Многу повеќе ефекти ќе да има ако со пример/теза посочиш на нивната недоносеност вака не нудиш ништо ново.

Сите очекуваме сдсСС се дерегистрира ти зборуваш за враќање на власт нешто не е во ред со државава/медиумиве.
 
Не знам која генерација си али ако си родена пред 95та, и погледнеш реално како беше во периодот до 2005-10 ќе видиш дека ситуацијата е неспоредлива од секој аспект. Како урбана опрема така и јавна чистота.
Не е до генерацијата, туку до локацијата.
Колку повеќе се оддалечуваш од централното градско подрачје ќе среќаваш искршени клупи, чешми, корпи, по некоја украдена бекатонка и жардињера.
Ако може да потсетам дека оваа година, 1 ден по местење на елка и украси на плоштад, дел од нив беа украдени и искршени.

Не е намалено фрлањето ѓубре по улица, тотално не е точно ова. Дај види го Вардар што влече пред да кажеш нешто вакво.
 
Тие што сте ме цитирале, ако конечно фатиле да си ја работат работата треба да се поздрави а не да се критикува.
Ако забушаваат пак, критикувајте.

Наместо критика треба позитивна афирмација нешто кога ќе се сработи.
Не се секирајте не ве прави тоа членови на партија.
Не се слагам, најлегитимна критика е: 30 години не мрднале со прст, и прават сензација од нешто што не се прави пред камери пошто е срамота да се фали човек со работа за која е платен (во овој случај збориме за хигиена). Ај да речеш на своја иницијатива нешто да направиле, али требаше Александар Видиновски (пред два-три месеци) да искочи со видео од железничка и да покаже колку е запуштена и во лоша состојба, да се крене фама, пошто јавна личност стави рефлектор на неа и реално отвори прашања во смисла каде одат јавните пари и зошто никој не мрда со прст со децении.

За ова што е доста банално, требаше јавен притисок да се создаде за овие да фатат метла и четка што е доста мизерно. Неможе од градинарот да зависи градот или инфлуенсери да снимаат видеа и градот да реагира по популарност на објави на социјални мрежи. На поставување такви ниски очекувања и некомпетентност за најосновни работи како хигиена, заслужуваат истрага и веројатно некој да изгуби работно место во најмала рака (кој бил одговорен за тој простор а не реагирал со години).
 
За кењатор народ, не е ни чудо што умираме во сопствениот измет.
Претседателката кога излезе на еколошка акција со Видиновски и тогаш не чинеше, Орце кога излезе со Видиновски, не чинеше, ако средат нешто епско гадно и постираат кратко видео за истото пак не чини. Има толку малку позитивни потези од политичкиот врв, кои ете не смее да се поздрават зошто некој 10 години ја запуштил работата (не се 30, за време на Коце и Грујо имаше некоја хигиена).
Не знам стварно. И не знам за кого се чисти, и онака нема патници со воз, и онака џанките после 11 пак ќе серат и мочаат на железничка.

Јас ја поздравувам оваа нивна акција и се надевам нема да е една и единствена, имаат многу работа.
 
За кењатор народ, не е ни чудо што умираме во сопствениот измет.
Добро е народот да не се гледа многу од горе, а и не е народот е крив што општините се полни некомпетентни партиски кадри што не си ја вршат својата работа. Народот својот дел го плаќа (данокот), оние што се на функција и тие под нив не си ја вршат работата. Не гледам зошто треба да им се аплаудира дека го работат за тоа што се платени (не збориме за стимулирање економија или привлекување инвестиции, него збориме за чистење ѓубре и фарбање ѕид, што е мизерен како муабет). Неможе очекувањата да се толку ниски да треба луѓе да се радуваат на офарбан ѕид или фрлена кеса во контењер. Колку и да сакаме да го негираме ова, ради вакви работи државата тоне.

Дали има позитивни работи во политичкиот врв? Има, али ова не е една од нив.
 
Многу често од членови на форумов и по медиумиве слушам-читам “привлекување инвестиции“, и никако да разберам што сакат да речат.
Е па би замолил ако сакаш да појасниш вака со јазик за секој со 2 грама мозок би можел да го разбере, ќе сакаш ли?

(еве што всушност не можам да разберам дали тоа инвестирањето значи продажба на веќе постоечките капацитети, распродажба на општествен-државен имот ресурси ---што и да значи тоа--- или инвестиција во јавна куќа ете тоа никако да ги разберам )
 
Добро е народот да не се гледа многу од горе, а и не е народот е крив што општините се полни некомпетентни партиски кадри што не си ја вршат својата работа. Народот својот дел го плаќа (данокот), оние што се на функција и тие под нив не си ја вршат работата. Не гледам зошто треба да им се аплаудира дека го работат за тоа што се платени (не збориме за стимулирање економија или привлекување инвестиции, него збориме за чистење ѓубре и фарбање ѕид, што е мизерен како муабет). Неможе очекувањата да се толку ниски да треба луѓе да се радуваат на офарбан ѕид или фрлена кеса во контењер. Колку и да сакаме да го негираме ова, ради вакви работи државата тоне.

Дали има позитивни работи во политичкиот врв? Има, али ова не е една од нив.
The northmacedonian cries out as he throws trash on the ground.

Не постои ни една комунална што ќе престаса со чистење по нас.
 
Значи 10 000 му ги зимаат парите на будалава ахахахахахахахаха
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Back
На врв Bottom