СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои мундијалот во САД, Мексико и Канада 2026.

  • Бразил

  • Германија

  • Англија

  • Аргентина

  • Португалија

  • Колумбија

  • Шпанија

  • Франција

  • Белгија

  • Холандија

  • Уругвај


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Јаките имиња кај Шпанија, што да ти расправам.
 
Па 70% се истите што освоија Еуро2024.
Добар тим се бе ама не се некои вов имиња, нив ги краси системот и колективот. Секако со чест на исклучоци како Педри, Јамал и Родри, но ако мене ме прашуваш Шпанија од пред 15-20 години кога освои СП и ЕП едно по друго имаше каде каде позвучни имиња во тимот отколку сега. Ова Кубарсиња Мубарсиња се драпај си курот, али пак ќе кажам Шпанија е земја што во секој спорт има свој систем кој се почитува од било кој тренер или играч и не секогаш им требаат звучни имиња за да остварат резултати. Секако се меѓу првите 4 фаворити за освојување на златото.
 
"Кажи ми дека не си ги гледал играчите, без да ми кажеш дека не си ги гледал играчите..." :toe:
 
Ок, кои се тие големи имиња освен оние тројца што ги спомнав, повели објасни. Ајде кажи Гави и да завршиме дискусија.
 
Шпанија како колектив се прејаки, немаат звучни имиња ама пак и ниедна репрезентација нема звучни имиња како на времето. Тоа баш вчера гледавме, ги гледаш порано Бразил, Франција, Англија, Германија, Шпанија, Холандија, Италија, Аргентина и си викаш лудила, ова сега кој од кој.
Ве читам за некои играчи од Англија шо не се земени и се чудам кои се, ако не пратиш ПЛ нема да ги знаеш, а на времето не можи звездите да не ги знајш.
Сега немаме хајп ни албум да бериме, кој ќе ми се падни, нема шмек како порано и тоа е факт.
 
Ве читам за некои играчи од Англија шо не се земени и се чудам кои се, ако не пратиш ПЛ нема да ги знаеш, а на времето не можи звездите да не ги знајш.
Трент, и Фоден ако не го знаеш повеќе кажува дека слабо пратиш фудбал.
 
Освен што немаат светска класа шпиц, на сите други позиции се покриени со прејаки играчи.
Среден ред имаат веројатно најјак на првенството, што и ќе се види на дело.
 
Никој не рече за Трент и Фоден, се спомнаа други играчи тука.
Изгледа не си разбрала добро, повеќе се пљукаше изборот на повикани играчи.
Хедерсон, Брун, Конса,Куанса,Спенс се стварно глуп избор.
 
Освен што немаат светска класа шпиц, на сите други позиции се покриени со прејаки играчи.
Среден ред имаат веројатно најјак на првенството, што и ќе се види на дело.

Шпанскиот?

Веројатно да, иако и португалскиот по квалитетот на играчите може да се носи со тој на Шпанија.


Инаку, на ова првенство Англија и Германија се трудат да одат по паметот на Шпанија и репрезентацијата ја градат според тоа што им треба за да делуваат повеќе како клуб, отколку атрактивна смотра на фудбалери.

Тухел заслужува почит што си остана доследен, па сега пуковник или покојник.


Нешто е предизвикано и од изборот што го имаат... ова кај Германците.


Затоа Франција ќе има најголем проблем за тоа како да ги стави сите што мора или мислат дека мораат да добијат шанса во напад и што потоа со тие позади.


Португалија е некаде помеѓу. Доколку не прават премногу компромиси, тие можат да го "истрпат" и Роналдо.
 
Криво ми е заради Португалија, имаат состав за светски прваци ама ако го земат Роналдо нема да освојат.
 
Тухел заслужува почит за успехот што го имаше, за изборниот на играчи заслужува пљукање какво и доби.
 
Кубарси и Ерик Гарсија прават глупости на секое второ поминување на противникот на нивна половина на утакмици на Барса. Колку и да им носи резултати системот на игра, а не индивидуалниот квалитет на играчите, незамисливо ми е репрезентација да се бори за светска титула со некој од нив на стоперска позиција. Ле Норман зошто не е викнат? Стабилен тандем си беа со Лапорт на европското. Од друга страна не ја разбирам одлуката да не е повикан Фермин Лопез, играч што во секој момент е спремен да достави резултат. Да имаше пандан на НБА-овата "Најдобар шести играч" награда во фудбалот, он ќе беше убедливо најдобар во свет во моментов.
 
Многу е битно кој каков распоред ќе има односно ќе му се погоди и кој во каква форма ќе биди...видовме како срамното форсирање на Аргентина од судиите во 2022 ја донесе до врвот и плус малце полесен распоред и ете ти финале..а во финале се можи да се случи.
 
Back
На врв Bottom