Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
не исполнуваа ништо од тоа, не им бараа да си бришат историја, знаме, име, устав, веројатно све е точно. Али ваљда геостратешки, екс источен блок, черното море, не знам, тоа геостратезите овде може да појаснат. Ние немавме тенкови, само земјоделски авиони, немаа специјалците 95-та кога се побунија храна да им даваат ко што е пропис.
На грчка зашто и даваат миљарди за долговите, веројатно има нешто. Има некој темен план за нас кој е зацртан и тука ни Мицкоски ни Тимчо што ги прозива некој постојано, не се виновни. Под таква ѕвезда сме биле напраени ко држава, од Миљоски и харизматичниот хроничен дегустатор, навака. А од 94та 95та почнавме со проектите за во еу. Посебно Мицкоски ништо лошо нема направено во тој контекст за да се критикува.
Едноставно треба да прифатиме реалност дека не им требаме како македонци.
Новите граници се одамна зацртани, а МК не постои во тие нови граници. Тоа шо се создаде во 1944-45, им смета на Брисел пошто тие никогаш немале цел за некоја си Македонија обединета, освен ко шо имам читано порано некои струи германски во политиката ама тие биле помалку спрема бројот кои биле за Мегали Грција. Значи Велика Британија, Германија и Франција инсталираа свои кралеви во Грција и Болгарија и нив нема да ги остават, особено Грција.

Треба да се прифати реалноста дека македонците че ги снема како народ, extinct, како многу други народи шо пошле extinct, арамејците, асиријците се исто така пред extinction, односно во загрозена група на народи во денешно време.

Но не можиш да му докажиш на некои тука и општо, како велат сѐ е во главата на Северџаните.

Плус земи го за пример ова со орлите шо се случи, протестиве. Соживот, браќа ти реков ми рече. Или како шо рекол Ѓорѓи Козлов, "Кој тикви сади, ѓаолот очи му вади".
 
А ти стварно си толку глуп да мислиш дека инфраструктурата е пресудна за влез во ЕУ?
Еве сега Црна Гора е близу ЕУ. Што имаат па они повеќе од нас?
Или па да ја споредуваме Турција како кандидат со Романија и Бугарија кајо членки?
Црна Гора има повеќе од нас:
- море,
- пристаништа,
- летен туризам,
- нафта,
- мафија,
- латиница,
- лесно подмитлива власт (ај, не е некоја предност...),
- Владо Георгиев,
- Св. Василиј Острошки.

...и то...
 
Не е баш точно дека инфраструктурата, па и патната не влијаат на исполнување на условите од Community acquisition.
Го има во повеќе поглавија и директно влијае врз исполнувањето на регулативи, закони и договори од ЕУ.
Некои од нив се однесуваат на безбедноста согласно еу регулативите (кои, видовме со камионот баш и не ги исполнуваме), дури и соодветна сообраќајна сигнализација. Посебно Скопје како главен град. Од МК се бара коридорите и обиколницата да бидат со највисоки еу стандарди, а највише обиколницата. Па надминување на тесни грла, елиминирање на црни точки итн итн. Во еден извештај имаше за ова заклучок дека за Скопје, лошата и недовршена инфраструктура околу градот не ги исполнува условите за поврзување со трансевропските мрежи.

Такеши сигурно се шегуваше за метро, но не е далеку од вистината. И намалениот број на автобуси према времето кога Скопје имаше далеку помалку жители, влијае врз преговорите од Aquis-ot. Негативно.

Само не споредувајте со некои држави близу нас оти не секогаш треба да исполниш сите услови за да те примат. Има веројатно и други причини и начини.
 
Црна Гора има повеќе од нас:
- море,
- пристаништа,
- летен туризам,
- нафта,
- мафија,
- латиница,
- лесно подмитлива власт (ај, не е некоја предност...),
- Владо Георгиев,
- Св. Василиј Острошки.

...и то...

За инфраструктура прашав што имаат повеќе а не манастири и туризам.
 
Ете, делумно сум ти одговорил-море и пристаништа.
Главното го заборави!
Од после земјотресот осумдесет и некоја тотално го засраа едно од најдобрите пива во YU, Никшичкото пиво, бљувотина стана :D

Имаат само едно асолно пристаниште во Бар

И страотна железничка пруга во кањонот на реката Морача, таа е на енормна надморска висина, целата е на мостови, пред изгреј сонце погледот е величанствен мислиш леташ со авион
 
Последно уредено:
Главното го заборави!
Од после земјотресот осумдесет и некоја тотално го засраа едно од најдобрите пива во YU, Никшичкото пиво, бљувотина стана :D
Скопско е најусрано од сите. Само името остана.
 
Главното го заборави!
Од после земјотресот осумдесет и некоја тотално го засраа едно од најдобрите пива во YU, Никшичкото пиво, бљувотина стана :D

Имаат само едно асолно пристаниште во Бар

И страотна железничка пруга во Морача кањонот, таа е на енормна надморска висина, пред изгреј сонце погледот е величанствен мислиш леташ со авион

Земјотресот беше 1979-тата, по мое сеќавање (може лесно да се провери точната година...).
Барското пристаниште е повеќе трговско, не туристичко.
„Никшиќо„ не сум пробал, а пругата Белград-Бар би сакал да ја провозам (пред да пцојсам...), оти велат дека е една од најсодржајните пруги (според пределите низ кои минува...) по Балканов, а „и шире„.
Автоматски споено мислење:

Скопско е најусрано од сите. Само името остана.
Какви газди-такво и пиво (скопското).
 
...нема врска критериуми за влез во ЕУ, кого сакаат ќе примаат, една Украина која е во војна, една од условите,,војна" да не може да влезе во ЕУ ќе си влезе глатко на посебен начин, демек.
 
Земјотресот беше 1979-тата, по мое сеќавање (може лесно да се провери точната година...).
Барското пристаниште е повеќе трговско, не туристичко.
„Никшиќо„ не сум пробал, а пругата Белград-Бар би сакал да ја провозам (пред да пцојсам...), оти велат дека е една од најсодржајните пруги (според пределите низ кои минува...) по Балканов, а „и шире„.
Автоматски споено мислење:


Какви газди-такво и пиво (скопското).
Па затоа и само него го спомнав

Не ја пропуштај таа можност, имаше линија од Ниш со која си околу четириипол часот наутро точно над Морача.
За пивото ..осумдесет и некоја, земјотресот ги скрена тековите на убавите подземни води.
Автоматски споено мислење:

Скопско е најусрано од сите. Само името остана.
Па ние сме врхунски мајстори да нешто добро усереме.
 

Дали амбасадорите од ЕУ и САД ни го честитаа празников и зашто не?
 
Последно уредено:

Дали амбасадорите од ЕУ и САД ни го честитаа празников и зашто не?
Остај ти дали ни честитале, туку нека одговорат од мкд.мк зошто ја кратат сликата од споменикот да видиме кој таму ги слави светите браќа и каква боја цвеќиња се оставаат.
Каде е нашата држава?
Патем имаше само едно младо дете од Велес кое остави мал букет од црвена и жолта боја, браво за него што не пере од срамот на државава која остава празен простор на бугарите.
2190.jpg
 
Реално не. После промена на името имаше избори и сдс победи и доби уште 4 години власт.
Владата на сдс беше епско лошо владеење последните 4 години и каде што Али Ахмети и Артан Груби беа дефакто деспоти и поради тоа ДПМНЕ победи, не поради името. А да и го потпишаа францускиот договор кој што гарантира внесување бугари во устав.


Поголема вистина од ова здравје.
Дури и некои од нив не беа сигурни дека на пандемиските избори во 2020 кога се гласаше со маски, дека ќе направат влада. И тогаш анкетите не беа поволни.
Ама направија влада заедно со оние од Беса, и знам дека некои ликови и функционери откако направија влада веднаш кажале: ,, другари и другарки, сега е нашето време дојдено да уживаме и користиме во наредните 4 години до максимум колку што можеме бидејќи во претходниот мандат работевме во полза и интерес на партнерите од меѓународна заедница за промена на името. Сега да уживаме максимално, сега што искористиме во овие 4 години власт тоа ќе ни е, да знаете дека после овој мандат долго време нема да видиме власт.''

И така и испадна гледано од денешна гледна точка.
И навистина нема да видат власт долго, долго време.
Знаеле во 2020 година и така се однесуваа до крајот на мандатот, расипништво и користеа се колку можеа од тендери да наполнат сметките во банките, беа и измеќари и слуги на коалициските рамковни партнери за да изгураат мандатот до крај со тенки 61 пратеник.
Во меѓувреме го занемаруваа и своето партиско членство, вработуваа по институции швалерки, дури и луѓе кои не беа партиски активисти ама давале пари на алчните ненаситни функционери.

И стигна сметката на наплата на изборите во 2024, и ќе продолжат уште помизерни изборни резултати.
 
Back
На врв Bottom