Мехмедович е лев бек.
Ако го донесат и него, значи дека Фитиљо бега. Поќе сум за тој шо праевме муабет да дојди, пошо ни треба класичен среден бек и да си остани Фитиљо тука.
Котар го неам гледано, незнам ксков тип на играч е а и не очекувам ништо поќе освен да ја греј клупата, пошо е донесен по желба на ВД прецеднико.
За десен бек е тешко сега да се најди нешто квслотетно, ептен е касно... Се надевам старио ќе ископа некое дете како овај словенецо, па да комбинира некако со Мартин и Видомски(ако остани овој, пошо се збора дека нејќеле да го задржат).
За голман, се надевам дека ќе се решиме од овај иранецот и ќе донесиме стабилен чоек меѓу стативите.
Познавајќи го Лино од времето на Металург, тој главниот аспект на играта го клава на многу бекој на лагер во секој момент,за ова и јас потпишвам со две раце, за мене бекојте и голманот се 80% од екипата.
Треба да се земи ризикот од евентуални повреди, суспензии и слично, така да нема зијан да имаме по 4,5 леви бека на лагер.
Видовме колку не изремети отсуството на Тајник, во тој месец шо го немаше се изгуби цел компас во играта.
Јас мислам дека Фитило ќе остани, ваков третман ко тука никаде нема да добие, ама ќе има редуцирана минутажа за разлика од досега, шо ќе биди убо за нас како клуб, не знам за него дали ќе биди добро, познавајќи ја неговата желба да биди нон-стоп на терен, ама сигурно и тој ќе има ќар од конкуренцијата, оти нема да се троши толку, ќе одмара појќе и ќе можи да дај појќе.
Ама, и да си оди, нема да е за плачење. секако дека ќе изгубиме многу, ама со тек на време ко ќе се уиграт новите деца на системот на Лино мислам дека нема да се осети многу неговото отсуство, посебно ако се земи во предвид неговиот учинок оваа сезона во таа игра во напад, скок шутој, удари од далечина, брзи голој надвор од 9, оваа сезона статистиката на тие удари му беше појќе од лоша, со ретки исклучоци на некои текми во ЛШ.
Околу Котар, јас не се сложвам дека е слаб играч.
Го гледав вчера на првата утакмица од финалната серија со Војводина.
Страшен преглед на игра има, одлична техника, класичен разигрувач, плус многу солидна дуел игра има при влез на 6 метри, далеку подобра од Тајник, а тој имаше многу солидни влезој.
Не е шутер,не беше ни Тајник, ама мислам дека ќе ни брка и то како работа, по мое, во најмала рака ќе биди на нивото на Тајник од ланска и ова сезона.
Ако го погодат новиот среден, таман ќе биди, плус тука можи и некој од Павле или Алем да улетат (иако овие двајца појќе се за на лев бек да играт), така да ќе имаме солидна средна линија.