Неправедна казна за паркирање

  • Креатор на темата Креатор на темата stefanM699
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 мај 2026
Мислења
2
Поени од реакции
0
Вчера на дата 19.05.2026 во 20:35 часот ми имаат оставено казна за паркинг 1400денари во паркинг зона 2 во Капиштец иако јас во 20:33 часот имам уредно пратена порака некој да ми каже искуства и што да правам. Фала однапред.1000115652.jpg1000115650.jpg
 
Се јавуваш, им објаснуваш и после по мејл им ги праќаш доказите за тоа што го збориш.
Им се јавив ми земаа податоци и ми рекоа на истиот број да вртам за рекламација да виделе што ќе кажат.
 
Ништо нема да направиш, ќе си платиш на крај.
Мене така ми пишаа на платено, па на триста места ме испратија и ништо не одговорија. На крај си платив, маката што ќе ја видиш за да ти ја поништат не вреди.
 
На познаничка се случи ваква ситуација, ама она имала грешка во бројот на регистрацијата во пораката. Ама дошле луѓето се објасниле и ѝ ја понитиле казната. Ова беше пред можда 7/8 години.


Друга ситуација, судски да се реши. Сум видел ПОЦ да губи предмети на суд (по други основи) за ваков предмет немам видено до сега како се решава, ама во секој случај имаш основ да тужиш.

Ако ме прашате мене, секогаш се исплати да се избориш за своето, така да би советувал да си истерате постапка.
 
Барај го оној кој им го оперира системот, оној кој може со 2 клика да ја избрише оваа намерно поставена казна од полуписмените мајмуни кои шетаат по паркинзите после 20:30 барајќи да казнат некој како тебе кој уредно си платил....Ако оператоторот не сака да ти ја избрише казната обрати се до нивната правна служба и упати им директна закана дека ќе ги тужиш на суд (они кога ќе го видат твојот тикет одма ќе знаат дека ќе изгубат) и ќе реагираат за да ти биде избришана казната, ако и ова не успее тужи ги скотовите затоа што замижување на направена неправда е исто како да ја одобруваш та дури и подржуваш истата, ти посакувам среќа во мисијата!
Иначе вакви работи прават ликови кои немаат трунка емоционална интелигенција и на кои им рекле дека мора да казнуваат луѓе ако сакаат да земат плата (што не е точно ама вака ги лажат) и овие истригирани одат по паркинзите како гладни кучиња, срамота е ова што се случува ама ние сеуште засега сме банана-држава
 
Back
На врв Bottom