Или ќе се модернизираат или ќе продолжат да паѓаат под притисокот на италијанската јавност и навивачите на Милан, на кои им продадоа дека културата на клубот е нешто што сигурно не била во најславниот период на клубот.
Па малку една струја, малку друга струја во клубот и на крај секоја сезона каша попара. За што се криви тие на врвот, што не истуркаа ни една идеја до крај и само поголеми проблеми создадоа.
Милан бил авангарда, синоним за стил, за техника, за убава игра, дури и поставување на трендови. Дури и во перидот на Капело, успехот бил на нешто што претходно било изградено. Најшмекерски клуб во Италија, граден на Холанѓани, Бразилци. Може да се каже дека Милан бил и негација на италијанскиот фудбал, кога овој навистина можел да понуди нешто. А сега треба да прифатиме дека клубот мора да гради идентитет и култура, на нешто што е ретроградно, што умира.
Инаку, за Милан кој само мора да освојува Серија А или смрт, па некакви плитки муабети за резултат вс убав фудбал, во 21 век, од 2000та година, има само три титули, по една секоја деценија.
Има само два периода, две децении кога доминирал, во педесетите години и првите сезони откако дојде Берлускони (не е ни цела деценија).
Од средина на девеесетите веќе Милан не е доминантен во Серија А (значи, веќе триесет години). Освојува една титула, онака, малку и од никаде во 98/99, а дури и во вториот најтрофеен период под Берлускони, Милан освои само една титула.
Милан ниту во најзлатното време на Берлускони не бил дел од италијанскиот систем, никогаш нема да бидеме пред Јувентус или Интер во тамошните институции и миленици на системот.
Ни тогаш не сме биле, а камоли сега кога клубот е многу послаб. Саки е масакриран од цела италијанска фудбалска јавност (новинари, тренери, бивши фудбалери), никој не доживеал талви навреди како тој, одвај ги чекаа подоцнежните неуспесии за да го докрајчат. Инаку фудбалски револуционер и еден од поголемите господа во италијанскиот фудбал.
Затоа мора да следиме трендови, надевајќи се дека ќе извадиме добра генерација, се друго е митоманско забегување (често и со туѓи митови).
Во тој случај останува да се надеваме дека некако со баење ќе се направи нешто една сезона, а штета нема да биде преголема и други клубови нема да избегаат во секој смисол, модернизирајќи се.
Нормално, ќе бајам за било каков Милан да направи некој успех, како што сакав некако да истуркаат и сезонава, иако се гледаше дека резултатите не се на цврсти темели, па затоа и дојде овој катастрофален пад во финишот.