Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Џабе му објаснуваш. Ете јас назад 10 страни 5 дена се обидов да му објаснам едноставно џабе е .
Тито му е посвето нешто од мајка, татко и бог заедно.

Него ОЗНА ми ѕвони. Се гледаме на Голи Оток.
Вистинскиот Јосип Броз беше бравар, имаше оштетени прсти и има умрено во 1943 на фронт. Овој Тито кој што ја водеше СФРЈ беше русин и имал студирано философија како тинејџер.
 
Џабе му објаснуваш. Ете јас назад 10 страни 5 дена се обидов да му објаснам едноставно џабе е .
Тито му е посвето нешто од мајка, татко и бог заедно.

Него ОЗНА ми ѕвони . Се гледаме на Голи Оток.
Mе боли стапот за браварот и пуропушачот, за воља на вистината него бугаристанците поеќе го обожаваа, под секоја перница тајно слика негова чуваа
јас овде пишувам за твојата блесава теорија за замена на личност и ништо друго....
...овде ми е смешно што некој со приказни од типот .... циганчето видело како некое дете јадело бурек па му кажало на друго а тоа другото на третото му кажува колку убав и вкусен бил бурекот.... сака нешто да докаже. :pos:

И дај еднаш договорете се кога точно бил заменет со која причина и мотив и по чиј налог е сменет, вака не ја бива, во приказните ти, се чувствува дека појма намаш за причината и мотивот ..... зошто не постојат такви
....е сега ако кажеш дека баба Ванга на Сталин му рекла..... ако не го смениш тој и тој човек ....тешка ти е работата си наебал... во ред е

И можеш уште илјада страни да напишеш и година да потрошиш ништо нема да се смени .... глупостите ќе ти останат глупости, едно исто ќе дробиш но само со сменет редослед на речениците.

патем го најдов видеото со твојата теорија... коментарите се .... леле, леле, шајки и мајки по авторот.
Заедничко за сите теории на заговор за било што и било која тема е едно, тоа што не им одговара се премолчува, не постои, се игнорира, кога ќе им спомнеш се праат глуви и неми а од само едно „нешто“ што може да им послужи како основа за нивната намера за афераштво способни се да исплетат милион приказни, неведуваат дека во нивна полза некои релевантни личности рекле што никогаш не рекле, никогаш не посочуваат релеантен извор на белезгариите што ги шират итн да не должам

.... прашај ги рамно земјашите како во тој нивни систем се менуваат ден и ноќ, како и зошто се менуваат годишни времиња и куп основни прашања .... или ќутат ко залиени или тропаат тешки глупости.
Исто и за сите други теории на заговор .... кога ќе поставиш незгодно прашање што им го руши концептот.

ОЗНА одамна не постои, ни УДБА не постои така да мирно нанкај си а Голи оток е скоро 40 години затворен и по 1956 година не примал политички затвореници
 
Последно уредено:
Како и капитализмот кој го коментирав горе, така и "слободната и пазарна економија" не повлекува ништо политички. Тоа е изветреан шаблон кој одамна го има изгубено своето вистинско значење.
Кина е пример како декларативно "комунистички систем" делува како слободна економија.
Ај пак со кравите :pos:, ако е мирна, дава млеко и не го клоца ведрото, дали ќе се вика Ружа или Зорка најмалку е важно.
Влезени сте во западен фазон, дека партиите се застапници на нешто, мало сутра. Во јуесеј и двете партии си ги штитат своите богати. Едиствено искрено "синдикатот" ги штити своите клиенти.
Повлекува политички и тоа како...

Ако воведеш приватна сопственост во економијата, автоматски се навраќаш на моделот „роб-робовладетел„, што значи имаш поларизирани страни, со различни интереси и тие интереси треба да бидат/да се бранети од соодветни организации, познати како „политички партии„.

Кина е пример за многи работи, но не и пример за земја во која постои еднопартизам, преку нејизната комунистичка партија, која практикува постоење и на приватна и на државна сопственост, што само по себе е „малку„ апсурдно, но се управува преку „цврстата рака„ од партијата.

САД себе си се гледаат за модел за пазарна/слободна економија и повеќепартиски политички систем, а на секој со пар грамови памет одамна му е јасно дека се работи за пропагандна лага наметната како вистина, преку медиумите и преку бомбите.

Тој привид на повеќепартизам основано го има критикувано проф. Ричард Волф, кој укажува на апсурдот на постоење на само 2 партии во така голема земја (САД), а притоа тие партии верглаат едни и исти теми и суштински не се разликуваат една од друга.

Слободна пазарна економија во САД постои колку што постои комунизмот во Кина...
 
Под слободна пазарна економија САД го подразбираат следново
Ти мора тоа да го купиш од овде, а не од онде
Ти ќе продаваш таму а не онаму

Меѓу другото, како и честата пракса на „удирање„ царини на се‘ што е увезено и (погубно) конкурентско на домашните (американските) производители.
 
Граѓанската војна во Грција беше режирана ради „чистење„ на Белорските Македонци, е твој став „од по дома„ или е „научно докажан„ став?....
Ма никако режирана особено не за геноцид врз Македонците, од каде ти е таква идеја.
Се тоа е спонтано како сонтани.
Се е мој став никако твој не му се грижи толку никој нема да ти замери.


Автоматски споено мислење:

Кај браварот има факти што кажуваат дека не е истиот со маршалот. Има факти што кажуваат дека и апла физички различни биле. Па со модернава технодлогија се дозна дури и нагласокот на изговорот на српско - хрватскиот јазик не му е од територитте на Југа туку од територии во Белорусија и Полска.
И се ова се факти.
Ти продужи да си навиваш за него и безрезервно да го почитуваш, ја се повеќе и повеќе се сомневам дека бил добар за нас.
Затоа што според се ова што ги има направено или има прифатено од други да го направи мене не ми е за верување дека искрено сакал да ја среди Југа освен можеби краткорочно за лична цел. Факт за ова е тоа што 77ма или плус минус некоја година кога у Сплит 300 пати пофтара чувајте братства јединства, мене ми личи дека знаел што следува, не е замарал да преземе нешто или рацете му биле врзани за да не презема нешто.
Затоа не можам да му верувам на тој човек и дека искрено нас не сакал и ни помогнал: Можеби се било игром случаја да се намали срското влијание во социјалистичката Југа за разлика од кралската Југа затоа што не ми е логично да ни дава слобода на изразување национални чуства, сојузна република, грб, знаме а од друга страна да ги ликвидара таквите како Ченто.
Токму за тоа се работи, нема никакви факти туку има измислени приказни на кои си се фатил.
Во Цроатистан има повеќе дијалекти, оние горе во помурје ако ги разбереш што зборат дојди кажи ни.
За никого не навивам туку не ти се допаѓаат одговорите па си правиш филмови.
Е па не се сочува тоа братство и единство и видовме што се случи, значи тој бил во право, знаел или го информирале што е важно тој веќе не бил во состојба да управува со државата некои други дечки тоа го праеле.
Повторно ти верувај не верувај, алоооо не е до верувам туку до вистина која некои со свои очи ја гледале.
Според кои факти или кажувања го темелиш своето дека Тито е одговорен за Ченто, како дојде до тој заклучок (значи да повторам за да не дојде до недоразбирање, не знам кој е одговорен за тоа што се случувало со Ченто ниту пак сум имал увид во обвинението или пресудата, само судејќи според вашите конструкции за други работи не сум склон да вервам во вашите приказни без некаков аргумент....)!

Ако веќе сакаш издржана расправа за Ченто повели потроши некоја минута пронајди веродостојни податоци изложи ги овде па сите ќе ти реча: Благодарам, а вака рекла казала тоа служу само за замајување и трошење на време.


Еве го сега истиот муабет. Епа ајде еве споделте како тогаш властите во БГ гледале на Ченто а како тука ?
Кој и зошто го издал. Ете нас не ни било тоа свовремено.
Од каде би знаел како во БГ гледале на Ченто, од каде ти е таква идеја.
(само знам дека во Белград, Загреб Емона не ги интересираше што се случува во Македонија тие се грижеа за себе за Македонија, требаше Скопје да покаже грижа тиа ако имаа полза ќе застанаа зад ако немаа ќе беа против)
Јас не го спомнувам Ченто никаде вие го спомнувате значи треба барем елементарни информации да имате.
 
Последно уредено:
Повлекува политички и тоа како...

Ако воведеш приватна сопственост во економијата, автоматски се навраќаш на моделот „роб-робовладетел„, што значи имаш поларизирани страни, со различни интереси и тие интереси треба да бидат/да се бранети од соодветни организации, познати како „политички партии„.

Кина е пример за многи работи, но не и пример за земја во која постои еднопартизам, преку нејизната комунистичка партија, која практикува постоење и на приватна и на државна сопственост, што само по себе е „малку„ апсурдно, но се управува преку „цврстата рака„ од партијата.

САД себе си се гледаат за модел за пазарна/слободна економија и повеќепартиски политички систем, а на секој со пар грамови памет одамна му е јасно дека се работи за пропагандна лага наметната како вистина, преку медиумите и преку бомбите.

Тој привид на повеќепартизам основано го има критикувано проф. Ричард Волф, кој укажува на апсурдот на постоење на само 2 партии во така голема земја (САД), а притоа тие партии верглаат едни и исти теми и суштински не се разликуваат една од друга.

Слободна пазарна економија во САД постои колку што постои комунизмот во Кина...
Не ти се чини дека тргна со докажување на повеќепартиски системи, за на крај да дојдеш до заклучок дека секаде е уствари една партија КуроМурто, со два табора? Тука Кинезите бар се искрени.
 
Не ти се чини дека тргна со докажување на повеќепартиски системи, за на крај да дојдеш до заклучок дека секаде е уствари една партија КуроМурто, со два табора? Тука Кинезите бар се искрени.
Не мора да значи.

Тоа што денес навистина постои привид на повеќепартизам, на пример во САД, не значи дека секаде и секогаш било така привидно.

На пример, Б. Расел, францускиот философ (имаш видео достапно на „ЈТ„), вели дека неговниот дедо, современик на Наполеон, бил сведок на почетокот на повеќепартизмот во Франција.

Идејата за повеќепартизмот е операционалзирана под влијание токму на француските философи ов XVIII век (просветители и метријалисти), а идејата за еднопартизмот е операзионализирање на Маркс и марксизмот, како идеја од XIX век.

Постоењето на леви и десни идеологии, како и на социјалните разлики, се основите на повеќепартиските политички системи, кои како напишав, не се отсегокаш исти како и денешните, каде „левите„ станаа „десни„, „десните„ станаа „леви„ а во меѓувреме се појавија и „либерали„ и „граѓански партии„ и томе слично, сето тоа финансирано од исти центри на финансиска моќ.

Кинезите се далеку од искрени, оти велат дека КП на Кина е монопол на власта во Кина, а истата таа партија допушта големи социјални разлики меѓу Кинезите, што не ќе е баш во духот на идејата за праведно општество...
 
Идејата за повеќепартизмот е операционалзирана под влијание токму на француските философи ов XVIII век (просветители и метријалисти), а идејата за еднопартизмот е операзионализирање на Маркс и марксизмот, како идеја од XIX век.
Е кај го учеше ова?
Каде и кога Маркс пишувал за операционализирање на еднопартизам, би било добро да не запознаеш

Постоењето на леви и десни идеологии, како и на социјалните разлики, се основите на повеќепартиските политички системи,
Ова ти се сони веројатно..., Христос што бил лева или десна идеологија?

Кинезите се далеку од искрени, оти велат дека КП на Кина е монопол на власта во Кина, а истата таа партија допушта големи социјални разлики меѓу Кинезите, што не ќе е баш во духот на идејата за праведно општество...
КП на Кина допушта големи социјални разлики, партија која за само неколку децении успеа над 800 милиони Кинези да извлече од сиромаштија
Велиш монопол на власта што всушност мислиш под оваа, што би им предложил ти?
Во кој сегмент е праведно општество.. што повеќе преферираш на планот на политички или економски слободи, што за тебе е праведно општество...?!
 
КП на Кина допушта големи социјални разлики, партија која за само неколку децении успеа над 800 милиони Кинези да извлече од сиромаштија
Не само од сиромаштија
Туку буквално и од масовен глад
 
Но штом нешто се споменува и како теорија..... знаеш како велат каде има чад има и оган.
Третата ми е омилена.

Види, постои шанса нели, да браварот бил заменет од странски агент, жена или рептил. Последново е најверојатно со оглед дека му се обновиле прстите на раката :pos:

Значи не викам не, во морето на можности, постои и таа.

Но постои и друга теорија на заговор која вели дека во детството зборувал словенечки дома, дека никогаш формално не го учел српско-хрватскиот. Дека нема никакви докази дека изгубил прсти. Дека заминал во Виена како млад човек и се образовал таму, како и стотици други обични сиромашни луѓе од тоа време кои потоа станале научници, сликари, поети, писатели итн...

И ова е една од теориите на заговор, неморадазначи...
 
Е кај го учеше ова?
Каде и кога Маркс пишувал за операционализирање на еднопартизам, би било добро да не запознаеш


Ова ти се сони веројатно..., Христос што бил лева или десна идеологија?


КП на Кина допушта големи социјални разлики, партија која за само неколку децении успеа над 800 милиони Кинези да извлече од сиромаштија
Велиш монопол на власта што всушност мислиш под оваа, што би им предложил ти?
Во кој сегмент е праведно општество.. што повеќе преферираш на планот на политички или економски слободи, што за тебе е праведно општество...?!
Сам прашал-сам одговорил.
Одговорот ти е, секако...точен!...:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Не само од сиромаштија
Туку буквално и од масовен глад
Откако КП на Кина фати власт 1949-тата, истата таа КП потроши децении во „експериментите„ засновани на нивното видување на социјализмот, па така, познати се сите оние „револуции„ со Кинезите се дозаглавуваа во сиромаштија и глад.
Татко ми ми има кажувано дека своевремено, како ученци, имаат собирано пари за купување храна за Кинезите.
Е сега, некој од нивното раководство се сетил и решил да се впушти во решавање на реалните проблеми и потреби на Кинезите, а не арчење време и енергија на практикување на идеолошките заблуди.
 
Последно уредено:
Третата ми е омилена.

Види, постои шанса нели, да браварот бил заменет од странски агент, жена или рептил. Последново е најверојатно со оглед дека му се обновиле прстите на раката :pos:

Значи не викам не, во морето на можности, постои и таа.

Но постои и друга теорија на заговор која вели дека во детството зборувал словенечки дома, дека никогаш формално не го учел српско-хрватскиот. Дека нема никакви докази дека изгубил прсти. Дека заминал во Виена како млад човек и се образовал таму, како и стотици други обични сиромашни луѓе од тоа време кои потоа станале научници, сликари, поети, писатели итн...

И ова е една од теориите на заговор, неморадазначи...
Типувам на рептил.
Тие се познати откинеш им опашот повторно им расте :pos::pos::pos:
Автоматски споено мислење:

Откако КП на Кина фати власт 1949-тата, истата таа КП потроши децении во „експериментите„ засновани на нивното видување на социјализмот, па така, познати се сите оние „револуции„ со Кинезите се дозаглавуваа во сиромаштија и глад.
Татко ми ми има кажувано дека своевремено, како ученци, имаат собирано пари за купување храна за Кинезите.
Е сега, некој од нивното раководство се сетил и решил да се впушти во решавање на реалните проблеми и потреби на Кинезите, а не арчење време и енергија на практикување на идеолошките заблуди.
Изгледа многу харна им купиле.
1949 Кина популација 540 милиони
2026 Кина популација 1,4 милијарди

Што храна им купиле се знае ли?
;)
 
Типувам на рептил.
Тие се познати откинеш им опашот повторно им расте :pos::pos::pos:
Нема што да типуваш .... таа е највистинита ..... ниедна мана нема да и најдеш :D

ене и трамп го водат на замена :pos:

1779310229740.png
 
Back
На врв Bottom