Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен паднале цениве,стан у кисела вода се продал по 2888 евра квадрат :brlav:
А можам да замислам у центар колку е квадрат, сигурно испод 3500 не е, кога у кисела вода е 2888. Не паѓаат цените нема да паднат се додека има кој да купува а ќе има уште долго, бидејќи нема контрола од каде иде капиталот,а зашто да има кога за што имало контрола у Северната Република па за ова да има. Едино што кириите не одат во чекор со поскапувањето на квадратот.
 
Никој не прашува дали е празен станот, или имал целосно внатрешно уредување со скапи материјали.
 
Да да, оти Стево од Лозово продава стан и одма му требаат парите.

Како што паднала цената на било што така и ова, никогаш нема да падне.
Стево у Лозово си има куќа, штала, трактори, комбајн, лозје...станот у Скопје му е за да се најде. Од тутуно парите!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Се споредува последен квартал лани со прв квартал сега. Последен квартал има повеќе продажби.
Не е точно се споредува прв квартал сега со прв квартал предходна година, Затоа што на пример Јануари е цел празници и не се работи има помала активност зато за разлика од втор квартал.
Купуваат фондови и фирми, исто како кај нас што мафијаши перат пари и у кеш ги купуваат. И 2-3 пара младенци што зимаат кредит до 70 години да купат стан у урбана кисела вода.

150к евра ти е стан од 72 квадрати празен. Со опремување 170к. Кредит на 30 години враќаш 350к евра.

Колку луѓе знаеш што ќе вложат 350к евра онака?? Мал процент.
Те разбирам што сакаш да ми кажеш ама низ цела европа па и цел свет ретки се местата каде што обичен работеник може да купат дом тоа полека иди и кај нас и апсолутно е небитно дали можат или не можат се додека има некој кој ги купува без разлика дали тоа се 1% од луѓето, фондови старнски капитал или било што едноставно е се заснова на понуда и побарувачка ја продал 90% од зградата тој веќе е во профит ќе ги исчека уште 10%, ај малце гледај вака стави се на другата страна да си ти инвеститор и продаваш станови? гајле ти е дали 99% од луѓето не можат да си дозволат кога овие 1% ти бикраат работа ( релеванти се процентиве ).

Е сега да има голема понуда да не можи да се продаваат ќе дојде до стагнација нама да има обрт на капитал, тогаш ќе почнат да пуштаат на цена.
 
јас станбено прашање решавав пред >15 год. а како сега ги паметам млабетите дека не е сега време за купување оти само што не паднале цените а еве во пракса до ден денес само растат цените, среќа не ги послушав тогаш!
 
1778685434426.png


+ Паркингот кај Рамстор сега ќе никне нова зграда. Тие од Дајмонд што гледаат на север накај паркингот и беа по 3к квадрат, сега може серва од тераса да си играат, како пријателите од Дебар Маало.
Автоматски споено мислење:

П.С. Ова се што се случува тука, веќе се има случено во Барселона, баш ми го кажуваше нашинец што тој период живеел меѓу Тарагона и Барселона некое место. Почеток на нов милениум почнало масовно градење на секој слободен простор, особено покрај обалата, секоја наредна година се велело дека цените ќе паднат, но и секоја наредна година цените растеле, успат станбен кредит земал секој втор човек и ептен лесно и брзо се издавале. Луѓето на големо ширеле наратив дека е лага дека цените ќе паднат и дека секогаш ќе има интерес за купување станови, градежништво најпрофитабилен бизнис станува, а луѓето исклучиво во некретнини инвестираат. 2008 година од нигде никаде крах, презаситеност на пазарот, непродадени станови, глобална криза избива и банките престануваат да даваат кредити (случајот Lehman Brothers како значителен тригер), со тоа и луѓето кои на тој начин зимале станови, веќе не се во можност да земат, а становите кои биле продавани на тој начин, веќе не се во можност да бидат продадени. Градежништвото доживува колапс, огромен број вработени по фирмите остануваат без работа и без егзистенција. Се ова резултира со катастрофални услови за живот, самоубиства. Сега ситуацијата е сменета, научена е лекцијата, но проблем сега имаат друг таму, немаат каде да живеат луѓето, страв е да се гради повторно како тогаш, страв е да се издаваат толку брзи и лесни станбени кредити, се преживува преку издавање на своите смештаи во центарот, а локалците живеат на ниви на периферијата или во други градови во Каталонија, така да навидум се опоравиле, но во пракса еднаш чим се случи вакво нешто нема опоравување, да не ја повториме истата грешка, а гледам тотално истиот мајндсет владее тука кај луѓето “не лажат секоја година дека ќе паднат хаха“, со полна пареа се гради и банките постојано си издаваат станбени кредити, светото тројство на колапс.
 
Последно уредено:
Овие што зборат дека не е точно дека не се продаваат становите или дека цената на квадратот нема да падне, само ќе расте…гарант продаваат некое станче во Скопје :D
 
Овие што зборат дека не е точно дека не се продаваат становите или дека цената на квадратот нема да падне, само ќе расте…гарант продаваат некое станче во Скопје :D
Нема да падне сигурно, ако нема некоја јака криза. И дури и да има, падот нема да биде значаен.
Проблемот во Мк, покрај светскиот тренд на растење на цената на квадратот, е што сме затуцана земја.
Освен трговија и енергетика ништо друго немаме. Нема индустрија, која би повлекла поситни добавувачи, па таму да оди вишокот капитал.
Овде се' во станови оди.
 
Овие што зборат дека не е точно дека не се продаваат становите или дека цената на квадратот нема да падне, само ќе расте…гарант продаваат некое станче во Скопје :D
Си давате преголемо значење. Единствена причина зашто некој се убедува на форумот за нешто е лична валидација дека е во право.
 
еве ти графикон од 2008 Америка, 2008 имаше да поголем пад во наредни 5 години се врати назад. и сега е х3, х5 од тоа. ако играш на инвестиција на долг рок нема промашај, ако купуваш еднократно и падни ти се посреќило тоа е тоа...
Прегледај го приврзокот 477613
Историски перформанс не е доказ за иден перформанс. На добра локација нема утка тоа е точно. Ама не секогаш сите фактори се очигледни. Последниве 100 години имаше експлозивен раст на популација ама еве веќе има стагнација па и унзадување.

Во скоро време не очекувам пад на цените. Ама на долг рок и не сум баш сигурен. Топ локациите се исклучок од ова правило. Стан во центар на град, покрај Охридско езеро или било која друга примамлива локација е добра инвестиција се останато е знак прашалник.
 
Нема да падне сигурно, ако нема некоја јака криза. И дури и да има, падот нема да биде значаен.
Проблемот во Мк, покрај светскиот тренд на растење на цената на квадратот, е што сме затуцана земја.
Освен трговија и енергетика ништо друго немаме. Нема индустрија, која би повлекла поситни добавувачи, па таму да оди вишокот капитал.
Овде се' во станови оди.

Е ова е причина за покачувањето на цената и еден куп што стојат празни, а не Стојан од Лозово со парите од тутунот. Реално има 5-10% од населениево што има солидни приходи плати и по неколку стана дури и празни, нема кај да ги вложат парите па вака ги „затвораат“ да не им стојат по банки. Само јас знам 3 случаи последнава година што не ни живеат Скопје а си купија станеви, дури не ги ни издаваат

Пад може да има на цената единствено ако се воведе екстра даночење на 2-3-4 стан, зголемена државна градба на станови итн
 
Историски перформанс не е доказ за иден перформанс. На добра локација нема утка тоа е точно. Ама не секогаш сите фактори се очигледни. Последниве 100 години имаше експлозивен раст на популација ама еве веќе има стагнација па и унзадување.

Во скоро време не очекувам пад на цените. Ама на долг рок и не сум баш сигурен. Топ локациите се исклучок од ова правило. Стан во центар на град, покрај Охридско езеро или било која друга примамлива локација е добра инвестиција се останато е знак прашалник.
За 50 години може и ќе има пад. Прво депопулацијата треба да биде изразено приметна, па куп оштествени движења, и тек тогаш пад на цени.
Пошто депопулацојата ќе ги погоди сите слоеви, ама услужните ќе почнат со акумулирање на повеќе средства што ќе ја држи цената на недвижности подолго стабилна. Заради нивните вложувања.
Топ локациите тек тогаш ќе дојдат до израз. Може и раст да се очекува таму.
 
За 50 години може и ќе има пад. Прво депопулацијата треба да биде изразено приметна, па куп оштествени движења, и тек тогаш пад на цени.
Пошто депопулацојата ќе ги погоди сите слоеви, ама услужните ќе почнат со акумулирање на повеќе средства што ќе ја држи цената на недвижности подолго стабилна. Заради нивните вложувања.
Топ локациите тек тогаш ќе дојдат до израз. Може и раст да се очекува таму.
Не знам зошто за 50 години кога веќе е реалност. Скоро ниедна западна земја нема раст над 2.1 дете што значи нема ни доволно за обнова на генерацијата.

Кај нас иселувањето е поголем фактор. Според официјална статистика во Скопје во последниве 30 години има 3 пати повеќе професори, а три пати помалку деца во основни и средни школи.

Порано се тепаа сега во најценетите скопски гимназии не може да се формираат паралелки.

Во Скопје цените растат и можеби ќе продолжи тој тренд поради миграција од село, мал град, голем град. До кога би траело ова не знам со оглед на тоа дека Македонија се испразни.

Дополнително миграцијата кон запад најверојатно и ќе продолжи можеби и со засилено темпо.

За тоа како ќе се движат цените не знам пошто има доста фактори, а и не знаеме што ќе се случи во иднина. Би рекол главен фактор се општа криза и каматни стапки. Ако значително поскапат парите и останат луѓе неликвидни ќе мора да продаваат по ниска цена.
 
Од искуство кога пасивно барав поголем фамилијарен стан пред повеќе од 1 година и локациски Козле ми се најдопаѓа(2020та кога купував стан 1 100 евра за м2 ми беше скапо за Козле и си платив 1 250 центар на топ локација кој моментално не седи никој) памтам некои огласи на кој ѕвонев и пробав да ги најдам старите огласи.
Пример 1:
Оглас 2026та: https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...rpos/se-prodava-4-soben-stan-vo-kozle/8981626
Агенција го продава за 225 000 евра.
Оглас пред една недела: https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...-prodava-stan-od-90m2-vo-kozle-skopјe/8980432
Агенција го продава за 207 000 евра
Оглас 2025та: https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...kopje/karpos/se-prodava-stan-vo-kozle/7102428
Цената е 212 000 евра.

Овде може да се види дека ако проџе проџе. 20 000 евра разлика а објавен од две различни агенции во иста недела.

Пример 2:
Ова се продава за 257 000 евра, 2024та Март месец цената беше 170 000 евра ме мрзи толку да скролам да го најдам и тогашните сопственици се селеа. Причината што се двоумев е како ќе се загрее ова, а и зградата да ја видите е нз, како се да е надоградувано. Како што е огласено ова во 2025та исти е станот од тогаш кога го гледав.

Пример 3:
Оглас пред некој ден: https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...s/cetvorosoben-namesten-stan-vo-kozle/8945326
Цена 207 000 евра.
Оглас пред 1 месец: https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...en-stan-vo-kozle-so-odlichen-raspored/7291265
Цена 220 000 евра.
Јас кога гледав пред можеби повеќе од година и пол цената беше 180 000 евра, проблем беше нема лифт ниту паркинг.


Кисела Вода тој што платил 2 800 евра за м2 треба да оди на лечење.

Патем чисто информативно за кириите што се спомнува, само да напоменам дека студентските домови Стив и Кузман веќе 2-3 години како не работат и се реновираат. Овие заедно имат капацитет од повеќе од 2000 студенти, огромен број од овие сигурно се под кирија.
Со оглед на тоа што Николоски изјави дека 50 000 странски работници годишно требале(нз од дек ги извади бројкте) ако ова се случи ќе има побарувачка. Ама тука и друг ефект би имало, кој би сакал да живее во зграда со црнци, индијци, пакистанци, бенгали и ресто што не го бивало да рмба на запад па го фрлиле тука.
 
Зошто 50 години?
Имав во предвид светски трендови, не овде локално.
На светско ниво населението расте. Со миграции за некои 20 до 25 треба да биде на позитивна нула, после да паѓа. Паника може да се појави во следните 10 до 15 години после тој пад. Реално по тој терк, треба да дојде до очај па да се случи крах на пазарот на недвижности.
Например, секој човек носи по еден часовник, ама пазарот на часовници цвета.
Не знаеме реално што ќе се случи со недвижностите, ама дека скоро ќе изгубат на вредност, тешко. И покрај депопулација. Ќе станат вид на валута, посебно тие на топ локации.
 
Back
На врв Bottom