Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга

Денес ми е роденден, ќе го прославувам уште два дена.

Фала им на сите што ми честита, што се потрудија за поклони.

Еден поклон, еден ми го разубавува роденденот, тоа да биде најмала ситница од мојот омилен клуб Интер, макар бил и приверзок за клуч.

Дали подарокот бил со старо лого или новото едноставно ми го разубавува роденденот.

Фала и на личноста што се потрудила да ме изненади со Интер подарок, иако знам дека не се разбира во фудбал.

П.с проклета нека е љубовта што ја имам спрема клубов.1000017625.jpg
 

Добро де нормални ли се денешниве деца. Па јас на тие години уште не знаев каде да терам во животот а овие денешна генерација деца се закануваат со оружје.
 
Кај и да седнам по дома со пијачкава моја, дали сок, дали филџан со кафе или чај, еве ти го малиот растревожен со развиорена косичка и цевчето у рака, трча од кујна по мене, тура цевчето у мојава пијачка и ми ја пие, се надевам е период:cautious:
 
Прееска една скинхедс оштра жена носеше паковање тоалет од онија метар ипол најдугачки, у проѕирно кесиче едну ролну брисачи, две пакетчиња салфетке од онија најскупи што моеш да ти переш и па да ги користиш хаха, едни ефтини влажни марамице некое флуоро дреч паковање.
Ваљда само обична палома ву валеше за туто комплето.

Што ке праиш мори жити сфе?
Слона да не чуваш у двор???
 
Фацата што ми ја прави соговорникот ко ќе му кажам дека сум Водолија у подзнак…као не е ни битно што ќе кажам, све е катастрофа. А не сум ни сигурен дека сум тоа али го верглам више 20 години.
 
Не сум некоја закоравена феминистка, ама колку пати го имам дробено ова дека фемицидот не е изолиран случај кој се случил неочекувано и одеднаш, туку е последица на долг период на насилство, закани, страв и за жал игнорирање од страна на системот и институциите.

Ако би се третирал како посебно дело, ќе се покаже и докаже дека овој проблем ќе се препознава како сериозен и специфичен. Треба да има построги казни, но уште поважно и најважно — да има навремена заштита за жени кои пријавуваат насилство за да не дојде до ова најлошото. И да се искорени она ајде ќе се смирите, ќе му помине, ништо страшно од страна на најблиските.

Фемицидот не е само обично убиство, туку крај на една приказна која можела да се спречи. А во таа приказна има деца, изгубена младост, неостварени соништа и згаснат живот затоа што некој не прифаќа дека НЕ е НЕ. За жал најчесто овој проблем не се смета за сериозен и опасен и најчесто поминува само со предупредување или често со ништо. Фемицидот не треба да се става во ист кош со сите други убиства, туку да има свое место во законот, со јасна порака дека ваквото насилство никако нема да се толерира и ќе се казнува со строги а не мали и симболични казни.
НЕ ЗНАЧИ НЕ!
 
Драга,

Да ме ебе денот кога другарка ми ме натера да направам ЛинкедИн за да барам таму ново работно место. Подобро ми е кога ги читам срцепарателните постови на Драган Таневски, отколку филозофските мисли кои веднаш ме тераат да одам на вц шоља кога ке ги погледнам таму.
 
Топ 5 најбанални традиции
Матурско парадирање сред работен ден во 6 сабајле со циганска музика.
Ваква нападна и инвазивна, жедна за внимание традиција не сум запознаена да има во други култури.
Што е целта не разбирам? Треба да излезам на тераса да ги поздравам адолесцентиве за животниот успех - завршување задолжително средно?
Дали немаме капацитет како нација да смислиме нешто покултурно и социјално не знам. Ама фактот дека само цигани се влечат по матурантите на пречекот од дискотека треба веќе да упали црвено светло некаде во мозочните хемисфери.
Како се прославува враќање од дискотека, како rite of passage, како да отишле на некакво спиритуално патување, некаков аџилак во светата земја на каде што сите стануваат возрасни.
А можеби и се пали, а се игнорира, оти ако зборуваш не сакаш да бидеш мрчатор, хејтер, расипувач на забави на алкохолизирани адолесценти.
 
Back
На врв Bottom