Sikimco
Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
- Член од
- 25 јули 2011
- Мислења
- 573
- Поени од реакции
- 333
Мислам дека знам за што зборуваш и кај нас во семејството имаше сличен проблем, каде што во тестаментот беше наведено дека „станбениот објект“ ќе се наследи од одредено лице, а требало да се напише дека катастерската парцела со броj тоj и тоj И „станбениот објект“ изграден врз неа, ќе се наследи од одредено лице. Не била прецизно наведена и катастарската парцела/земјиштето под објектот. Во катастар често објектот и земјиштето се водат одделно, па ако во договорот или тестаментот не е наведено и земјиштето (КП број, двор, земјиште под објект итн.), знаат да направат проблем при префрлање на имотот. Колку што знам, ова се решава и не е нешто невообичаено, само ќе треба адвокат да ја среди постапката. Мислам дека кај нас се поднесуваше барање за дополнителна оставинска постапка или постапка за утврдување право на сопственост.Наследив куќа од починат чичко, ги платив сите даноци меѓутоа во катастар сеуште не е префрлен имотот на мое име, велат дека кога сме го праеле договорот за доживотна издршка не било наведено земјиштето под куќата?!? Како да го решам овој проблем на едноставен начин? И какви се тие глупости земјиште под куќа, на мене ми личи за измислица за дрпање повеќе ќеш од народот, па чичко ми на времето го платил тоа земјиште на кое е градена куќата, платил комуналии итн.
Кај нотар ми рекоа дека требало судски да се реши сега, со оставинска постапка?? Па каква оставинска постапка кога јас преку договорот за доживотна издршка сум наведен како единствен наследник на целокупниот движен и недвижен имот!!
Ако нема спор од други наследници, обично се решава релативно брзо, само ќе има одредени адвокатски и судски трошоци.