Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Наследив куќа од починат чичко, ги платив сите даноци меѓутоа во катастар сеуште не е префрлен имотот на мое име, велат дека кога сме го праеле договорот за доживотна издршка не било наведено земјиштето под куќата?!? Како да го решам овој проблем на едноставен начин? И какви се тие глупости земјиште под куќа, на мене ми личи за измислица за дрпање повеќе ќеш од народот, па чичко ми на времето го платил тоа земјиште на кое е градена куќата, платил комуналии итн.
Кај нотар ми рекоа дека требало судски да се реши сега, со оставинска постапка?? Па каква оставинска постапка кога јас преку договорот за доживотна издршка сум наведен како единствен наследник на целокупниот движен и недвижен имот!!
Мислам дека знам за што зборуваш и кај нас во семејството имаше сличен проблем, каде што во тестаментот беше наведено дека „станбениот објект“ ќе се наследи од одредено лице, а требало да се напише дека катастерската парцела со броj тоj и тоj И „станбениот објект“ изграден врз неа, ќе се наследи од одредено лице. Не била прецизно наведена и катастарската парцела/земјиштето под објектот. Во катастар често објектот и земјиштето се водат одделно, па ако во договорот или тестаментот не е наведено и земјиштето (КП број, двор, земјиште под објект итн.), знаат да направат проблем при префрлање на имотот. Колку што знам, ова се решава и не е нешто невообичаено, само ќе треба адвокат да ја среди постапката. Мислам дека кај нас се поднесуваше барање за дополнителна оставинска постапка или постапка за утврдување право на сопственост.

Ако нема спор од други наследници, обично се решава релативно брзо, само ќе има одредени адвокатски и судски трошоци.
 
Точно е. Разликата е во сумата на трошоците, ако се среди првично тогаш е доста поевтино, ако се средува отпосле тогаш излегува доста поскапо, затоа граѓаните за овие имотни прашања кои се решаваат еднаш во живот уште на самиот почеток треба да си ангажираат адвокат, после Катастарот им бил крив, државата не функционирала итн., не, сè си функционира како што е предвидено со законите, само работата е што луѓето не се навикнати да бараат стручна правна помош туку од рекала казала ќе ја зезнат до тој степен работата што после и најјакиот адвокат со врски не може да им помогне.
 
Со овие новите измени за возење мотор до 125cc со Б категорија, дали веќе некој има практично искуство?

Ме интересира дали навистина важи само за мотори со автоматски менувач (скутери) или може да се вози и класичен мотор со рачен менувач?
Исто така, ако некој веќе ја посетувал обуката, нека сподели колку чини и дали после неа се добива некаква потврда или запишување во возачката.

Фала однапред.
 
Точно е. Разликата е во сумата на трошоците, ако се среди првично тогаш е доста поевтино, ако се средува отпосле тогаш излегува доста поскапо, затоа граѓаните за овие имотни прашања кои се решаваат еднаш во живот уште на самиот почеток треба да си ангажираат адвокат, после Катастарот им бил крив, државата не функционирала итн., не, сè си функционира како што е предвидено со законите, само работата е што луѓето не се навикнати да бараат стручна правна помош туку од рекала казала ќе ја зезнат до тој степен работата што после и најјакиот адвокат со врски не може да им помогне.
Тука куќата ја средиле со договор за доживотна издршка па пртепоставувам дека имале ангажирано адвокат, но немора да значи. Работава повеке ми влечи на тоа дека кога е правен договорот за доживотна земјиштето не било приватизирано и се водело на РМ, па затоа не влегло во договорот. Отпосле земјиштето е приватизирано на име на чичко му, но немаат направено анекс на договорот за доживотна како би и земјиштето влегло во договорот. Има повеке варијанти за тоа како би можело да дојде до ваква ситуација. Но малку ме чуди што спомнува само земјиште под зграда а не спомнува двориште, што пак влече на тоа дека можно е да е испуштено при правењето на договорот.... Како и да е, сега битен момент е што ке треба да води оставинска постапка, а таму исходот е неизвесен, не знаеме како се расположени роднините.
Имав сличен случај, банка дава хипотекарен кредит а хипотеката се запишува само на објектот од причина што во време на правење на хипотеката дворот и земјиштето под зграда се воделе на рм. Заложниот должник (кој е само заложен должник, додека должник е пропадната фирма) во меѓувреме го приватизира земјиштето и истото не е под хипотека. Го дадоа на извршител но и после повеке години не можеа да најдат купувач, оти нема таков будала кој ке купи стара куќа без земјиште, ке треба да бара службеност за да влези во куќата.... ако фати земјотрес или ако самиот ја сруши (а се работи за стара куќа за која опцијата реновирање не е опција), таму повеке нема да има ништо негово. Таму ради локацијата е вреден дворот, земјиштето. Најпрво го заплашуваа човекот со незнам какви тужби и глупости, потоа го молеа да го плати само главниот долг без камати и трошоци... на крајот куќата ја купи внук на должникот за некоја багателна цена која едвај им ги покри трошоците за извршителот а од кредитот намирија компири.
 
Back
На врв Bottom